Следете не

Култура

Книжевен блог што треба да го знаат сите љубители на литературата!

Објавено пред

на

Во денешното модерно време и достапноста на технологијата покрај постоењето на веб портали со најразлични содржини, форуми и слично, во македонскиот сајбер-простор постојат литературни или книжевни блогови чијашто главна тематика се книгите и сè што е поврзано со книжевност. Нивниот број во нашава држава не е многу голем, но сепак ги има и вреди да се спомне нивното постоење.

Еден од таквите книжевни блогови кој вреди да биде посетуван од секој љубител на пишаниот збор е „Крајбрежје на два спротивни света“. Блогот постои од 2013 година, а овој месец ќе го слави неговиот 7-ми роденден. Зад него стои Наталија Наумовска како главен основач, а заедно со неа како дел од тимот се јавуваат и Маја Дојчинова Малиновска, Мишо Ристовски, Викторија Саздовска и Анамарија Наумовска (која е малку на пауза со ангажманите околу блогот). Останатите четворица неуморно се посветуваат и ги збогатуваат содржините секојдневно со интересни објави, а вниманието ќе ви го задржат со нивната уникатност и различните објави што не можете да ги најдете на друго место. Покрај тоа, уште еден новитет кај нив е дека на почетокот од оваа година ја почнаа радио-емисијата наречена „Кулитерација“ која се емитува на радио МОФ. Емисијата е еден вид „продолжение“ на она што го прават на блогот, креаторите на истата односно четворицата ентузијасти велат дека таа е од едукативен и информативен карактер, и ги повикуваат читателите и слушателите активно да слушаат, но и да се вклучуваат во наградните игри што ги спроведуваат на нивниот инстаграм профил каде даруваат книги, а дарувањата ги најавуваат во секоја епизода што се емитува на радиото.

Прозни дела, многу стихови, колумни, литературни осврти и рецитали, известувања за литературни настани и промоции се само дел од содржините на блогот кој веруваме дека го заслужува вашето внимание. Интересна категорија што е многу воочлива, наречена „Вашиот глас“ е место каде и блогерите ги читаат останатите чиишто дела сакаат да бидат споделени на блогот па во категоријата се објавуваат сите дела што им ги испраќаат. „Шаренолик и богат опус на творештво може да се најде и во таа категорија, но има подеднакво квалитетни објави и во останатите категории“.

Блогерите се залагаат за негување и ширење на пишаниот збор, за промоција на неафирмирани и афирмирани автори, за доближување на литературата од еден поинаков агол. Блогот што ќе го промени вашиот свет – е нивното мото, а тие го прават токму тоа, склопуваат делчиња од нивните светови и заедно го градат светот кој го сочинува Крајбрежје.
Љубителите на книги и на пишаниот збор во одредена бројка го следат уште од самиот почеток, а нивната бројка расте секојдневно. Авторката вели дека има редовна читателска публика што ѝ останала верна уште од времето кога блогот имаше друго име: „Светла точка во мракот“, но сега е препознатлив по „Крајбрежје на два спротивни света“.
Ако сметате дека повеќе луѓе треба да дознаат за постоењето на овој блог покрај многуте други тогаш поддржете ги со лајк на нивната Facebook страна, и следете ги на Инстаграм.

Култура

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Објавено пред

на

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The Beginning”, “Between Passion And Suffering”, “Empire Of Slaves”, “Butchered Hope”, “Wrath Of The Innocent” и “Hand Of Salvation And justice”кој може да ги преслушате на неговиот Youtube канал.

Кичевчанецот, освен што е комплетен автор, тој е и комплетен изведувач на темата, аудиото, миксот и мастерингот се на Христијан Ѓоргиевски, а сето тоа визуелно ни го претставија Александар Вренцовски и Ненад Милошески

Послушајте, споделувајте и се надеваме ќе ви се допаднe.

Прочитај повеќе...

Култура

Честитки по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед

Објавено пред

на

Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.

/Порта.мк

Прочитај повеќе...

Култура

Денес се слави „Благовец“ празник на мајките, честит именден на Благој, Благица, Блаже..

Објавено пред

на

Името на празникот Благовештението е истоименито со Евангелието.

Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се нарекува на грчки јазик: Евангелизмос (ЈО Еујаггелисмовч), а на старомакедонски (црковно-словенски) јазик: Благовештение(БлаговѕГен·е). Составено е од два збора: блага + вест, радосна вест.

Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвете Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка. Таков е и овој празник. Со право некои го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка.

Полното име на празникот е: Благовештение на Пресвета Богородица. Се сретнува, обично во руски и црковно-словенски богослужбени книги и како Благовештение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија.
Бил именуван и како: Благовештение на Марија од ангелот, Зачнување Христово, Почеток на искупувањето, Почеток на спасението, Благовештение за Христа, а во ВИИ век е усвоено името: Благовештение на Пресвета Богородица.
Благовештение го празнуваат и Источната и Западната црква.
Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден.

Благовец празник на мајките

Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки Денот на мајките. Новото нецрковно време го заменуваше со празнувањето на 8 Март, па се подзаборава дека Благовештение е празникот на мајките.
На Благовец е денот на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание.

Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
Денес, бакнете ја мајка ви. На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.

Именден
Именден празнуваат: Благој, Блаже, Блажо, Благин, Благомил, Благомир, Благовестин, Благун, Евангел, Вангел, Блага, Благица, Благана, Блажена, Благојка, Благуња, Благодатка, Благовеста, Бонка, Вангелија, Евангелица и др.

Датум на празникот
Празникот Благовец е секогаш на 7 април (односно 25 март, по стар стил). Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници.
Постојат две причини за поврзувањето на Благовец со овој датум: Првата е поврзаноста со Божик, а втората, со создавањето на човекот.

Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум. Благовец е строго поврзан со Божик. Се празнува точно девет месеци пред Божик. Неговата поврзаност со Христовото раѓање не му дава да биде изместен, бидејќи тој е датумот на зачнувањето (7 април / 25 март с.к.), а девет месеци потоа е Раѓањето на Господа Исуса Христа (7 јануари / 25 декември с.к.).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт4 часа

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов трајно суспендиран да суди и да присуствува на тениски настани организирани од ИТИА

Бугарскиот тениски судија Павел Атанасов е доживотно суспендиран поради 21 прекршувања на тениската антикорупциска програма (TACP), извести вчера Меѓународната агенција...

Временска прогноза4 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд...

Хороскоп7 часа

Хороскоп за сабота (20 април)

ОВЕН Се чувствувате одлично и ќе треба да го споделите вашиот оптимизам со другите, но исто така и финансиите. Само...

Балкан8 часа

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа

Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во...

Кичево8 часа

(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..

После солистичкиот концерт на 22.12.2023 со мотото „Stars without a Sky“, тимот на Лука Лазарески продолжува со макотрпна работа, сега...

Спорт17 часа

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг18 часа

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура18 часа

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle18 часа

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин18 часа

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

НАЈЧИТАНИ