Македонија
Кобното утро на 26 февруари, на денешен ден почина Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена на делегацијата и двајца пилоти, вечна слава!
На денешен ден во кобното утро на 26.02.2004 – владиниот авион – Кингер, се урна помеѓу селата Хусковичи и Ротимље, каде Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена делегација и двајца пилоти загинаа на 15-километри јужно од Мостар.
Трајковски дипломирал на Правниот факултет во Скопје, во 1980 година, специјализира деловно право и право на работни односи.
Роден бил на 25 јуни 1956 година во Струмица. Повеќепати бил на студиски престој во САД. До 1997 година бил раководител на правната служба во градежното претпријатие „Слобода“ во Скопје. Од 1997 до 1998 година бил шеф на Кабинетот на градоначалникот на Општина Кисела Вода.
Тој бил претседател на Комисијата за надворешно-политички односи на ВМРО-ДПМНЕ и главен политички советник за надворешна политика на тогашниот македонски премиер Љубчо Георгиевски. Од 21 декември 1998 година ја извршувал функцијата заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија.
На 15 декември 1999 година бил инаугуриран за претседател на Република Македонија.
Вечна слава!
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
Македонија
Од ноќеска дизелот ќе биде со намалена цена, додека бензинот минимално се покачува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа
малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,683 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 25.03.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот
М-1 НС изнесува 45,459 ден/кг, известува РКЕ.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево23 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево20 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Култура2 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин1 ден
Telegram наскоро ќе има повеќе од една милијарда корисници