Следете не

Lifestyle

(ВИДЕО) Ако се сака, сѐ се може – DJ Babura – Џуниор со музички сет од врвот на Маврово

Avatar

Објавено пред

на

ДиЏеј Бабура Џуниор на врвот на Маврово, со нов диџеј сет. Момчето кое безрезервно може да се каже дека е најактуелниот артист/диџеј во пандемијата од Ковид-19.

Секогаш наоѓа начин како да не забавува во овие мигови во негов стил но и секогаш од атрактивни локации.

Конкретно видеото е снимено од највисоката точка на Маврово – планината Бистра. Станува збор за преубава музика и видео и сигурни сме дека никој не би можел да остане рамнодушен.

Ова е уште еден доказ дека диџеј Бабура Џуниор не прекинува да ги забавува луѓето во овие тешки мигови.

За пријатно неделно попладне целосното видео и настанот следи во продолжение.

Уживајте!

 

Lifestyle

Првото издание на стрипот Супермен е продадено за рекордни 3,25 милиони долари

Avatar

Објавено пред

на

Реткиот акционен стрип во кој првпат се појави Супермен е продаден за рекордни 3,25 милиони долари, што го прави највредниот стрип во светот, пишува порталот screenrant.com.

На насловната страница е омилен суперхерој облечен во црвена наметка што го крева автомобилот над неговата глава. Тој е прв во серијалот стрипови Action Comics и се смета за „свет грал на собирачи на стрипови“.

Не е ни чудо што стрипот достигна толку висока цена затоа што ликот Супермен првпат се појави во ова прво издание на Акциониот стрип во мај 1938 година, кој се продаде за само 10 центи.

Стрипот ја носи приказната за потеклото на Супермен и се смета за почеток на жанрот суперхерој. Оваа приказна зборува за тоа како Супермен дојде на Земјата од друга планета и стана Clark Kent

Се проценува дека сè уште има помеѓу 50 и сто изданија од истата серија во светот, но тие се во многу полоша состојба.

Копија од овој стрип се најде меѓу старите филмски списанија од 30-тите години на минатиот век. Аукциската куќа Њујорк ComicConnect истакнува дека стрипот е во одлична состојба.

Новиот сопственик е „анонимен купувач“ кој е „релативен почетник во инвестирање во стрипови“.

Втората копија на истиот стрип е продадена во 2014 година за 3,2 милиони долари.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Колку не „чинат“ зависностите во животот

Avatar

Објавено пред

на

Интернет страницата „Treatment4addiction“ спроведе истражување и пресмета колку пушењето и конзумирањето алкохол и дрога просечно им одземаат на луѓето часови и години од животот.

Редовното конзумирање на два или повеќе алкохолни пијалоци дневно, според најновите резултати, на човекот му одзема дури 23 години од животот, а само два пијалока можат да го чинат 6,6 часови од животот.

Оваа статистика се однесува на лицата кои почнале редовно да пијат алкохол од 16 години и дневно просечно пијат по 2,14 пијалоци. Овие луѓе просечно живеат 55,6 години, додека лицата кои не конзумираат алкохол 23,1 години подолго.

Редовното пушење на кутија од 20 цигари дневно, одзема 10 години од животот, додека само една цигара го чини хроничниот пушач 14 минути.

Луѓето кои почнале да пушат на возраст од 17,8 години и во текот на денот испушат една кутија би можеле да живеат 68,7 години.

Зависниците од кокаин со секоја нова доза од дрогата гупат пет часа од животот, а со секојдневно конзумирање 34 години од животот и умираат во просек на 45 години.

Зависниците од метадон го скратуваат својот живот за 38 години и обично умираат на 41-годишна возраст.

Метамфетаминот ги чини зависниците дури 42 години од животот, а просечен зависник умира на 37 години, доколку почнал да ја користи оваа дрога на возраст од 19,7 години.

Тоа е пократок животен век за 41,9 години од просекот на здравите луѓе.

Хероинот одзема дури 41 година од животот, а просечен зависник умира на 38-годишна возраст.

Извор: Еcigarettereviewed.com
ФОТО: Lindsay Fox

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Одберете порака и покажете го вашето внимание. Честит празник дами!

Avatar

Објавено пред

на

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените. Сакајте ги, почитувајте ги и честитајте им го денешниот ден на вашите најмили со некои од овие пораки со кои ќе им го покажете вашето внимание:

 

● Многумина ќе ти посакаат брдо убави нешта, но ретко кој ќе се потруди тоа да ти го исполни! Јас ќе ти посакам само онолку колку што ти е потребно за да бидеш среќна… Среќен 8ми март!

● Во твојот мобилен телефон залутала порака каква овие денови сигурно не си видела….. а таа гласи: Среќен 8ми март!

● Да се биде жена е ужасно тешка задача, ако се има во предвид дека истата опфаќа константно соочување со мажите… Но, ти благодарам што си моја жена! Среќен ти 8ми март!

● Нека овој ден биде само твој, нека сонцето само за тебе сјае, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена, поинаква од сите… Среќен 8ми март!

● Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, ти испраќам среќа без крај, ти испраќам сон исполнет со љубов и најубавите желби за денешниот ден! Среќен 8ми март!

● Твојата љубов е како искра која што го осветлува мојот свет! Најсакана, сакам да ме водиш низ целиот мој живот! Среќен 8ми март!

● Оваа порака ја пренесува сета мојата среќа и доброто расположение! Барем на момент уживај во чувството дека некој постојано мисли на тебе! Среќен 8ми март!

● Те сакам што си најубава бајка и што си родена да бидеш токму моја мајка… Среќен 8ми март!

● Нека среќата ти стане стварност, а здравјето нека биде трајност, нека љубовта твоето срце го грее и секоја исполнета желба нека ти се насмее! Среќен 8ми март!

● Те сакам затоа што си мојот живот и токму тебе ти го должам целиот мој успех, не само на овој ден, туку и на секој друг, за нас посебен! Среќен 8ми март!

● Ова е убава порака, пишувана со убави букви во еден убав ден и истата е испратена во најубавата минута, а може да ја добие само најубавата личност на овој свет! Среќен ти 8ми март убавино!

● Чувствувај се посебно, единствено, најпрекрасно… Ова е твојот ден! Среќен ти 8ми март!

● Ти благодарам што нашиот дом го правиш најпрекрасното место за живеење во светот! Среќен 8ми март моја најсакана!

● Мојот свет е прекрасен поради тебе и посакувам секој ден од остатокот од животот да го поминам сакајќи те! Среќен 8ми март!

● Да бидеш полна како брод, да ги фрлаш сите мажи на под! Ти си риба, тие се шкарт – Среќен ти 8ми март!

● И на крајот онаа наједноставната, а за многумина и најдрага: Среќен 8ми март!

● Што и да се случува, една жена никогаш нема да биде заборавена и вечно ќе живее во моите срце и душа. Среќен празник, мамо!

● Нека овој ден ти биде посебен, сонцето постојано да те грее, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена и поразлична од другите! Среќен 8-ми март!

● Нека секој следен ден ти биде подобар, сите желби остварени, и не заборавај на сонцето дури и тогаш кога истура дожд. Среќен празник!

● Те сакам затоа што си најдобра, полна со разбирање и издржливост. Горда сум што си ми мајка. Среќен 8-ми март, мамо!

● Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, многу среќа и бакнежи исполнети со љубов. Најубави желби за овој ден, среќен празник!

● Секоја добрина која ја даруваш нека ти се врати во поголема мера, нека љубовта биде твоја водилка низ животот и уживај не само денес, туку и секој нареден ден. Среќен 8-ми март!

● Сѐ додека Земјата се врти, јас ќе те сакам. Сѐ додека сјаат ѕвездите, јас ќе внимавам на тебе, а секое наредно утро ќе ти покажувам колку повеќе ми значиш! Среќен празник!

● Среќен празник на најубавата, најуспешната и најинтелигентната жена. Секогаш стреми се кон иднината и нека те пратат само убави моменти!

● Уживај во сознанието дека ги имаш најблиските до себе и чувството дека некому си му целиот свет. Секогаш имај на ум дека некој те сака и внимава на тебе. Среќен 8-ми март!

● Исполни ги годините со живот, а не животот со години. Запамети дека ти си достојна за внимание секој ден, а не само еден ден во годината. Уживај во својот живот, среќен празник!

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 5 минути

На денешен ден – 17 април

1492 година – Кристофоро Коломбо доби согласност и пари од шпанскиот крал Фердинанд V и кралицата Изабел за истражување на...

ХороскопПред 60 минути

Дневен Хороскоп ( 17 април ) сабота

ОВЕН Генерално сте задоволни со деловната ситуација, денешниот ден ви е многу поволен. Ве очекува исклучително интересно познанство. Ќе се...

ТехнологијаПред 1 час

Популарниот Google „Earth“ ги изненади своите корисници со нова функција

Google „Earth“ денес додаде карактеристика „тајмлапс“ што овозможува увид во тоа како климатските промени, урбанизацијата и уништувањето на шумите влијаеја...

АвтомобилиПред 3 часа

„Maybach“ добива конкуренција од планираниот редизајн на Ауди А8

Ознаката „Horch“ треба да се врати како дел од планираниот редизајн на Ауди А8, и би се користел за најексклузивната...

КичевоПред 4 часа

Во недела во дворот на црквата св.Петар и Павле се организира хуманитарна акција за донирање храна и намирници за сиромашни граѓани

Се наближува големиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение и додека сите ние го празнуваме со богати трпези има семејства...

ЗанимливостиПред 6 часа

7 причини зошто луѓето од Јапонија јадат клекнати на под

Додека седите опуштено на маса и јадете, можеби ви е пријатно, но тоа не е нужно најдобро за вашето здравје....

МакедонијаПред 8 часа

Денес 908 нови и 31 починати од Ковид. Во Кичево 2321 регистрирани до сега, активни се 317

Во последните 24 часа се направени 3.616 тестирања, а регистрирани се 908 нови случаи на КОВИД-19 во: Скопје – 367,...

МакедонијаПред 8 часа

Поставени знаци за сообраќаен режим на наплатна Петровец и Миладиновци, како и изведба на градежни работи пат А1 – Романовце

Во периодот од 16.4.2021 г. (петок) до 17.4.2021 г. (сабота) ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А1 – наплатна...

КичевоПред 11 часа

Жител на Кичево бил нападнат од куче скитник, додека ТППЕ изгаси нов пожар во кичевско

Портпаролот на СВР Охрид г-дин Стефан Димоски ја извести јавноста дека вчера Нќна 15.04.2021 во 11:25 часот, Ш.Р. (43) од...

СпортПред 11 часа

ФФМ почна со агендата, денес набави 15.000 фудбалски топки за сите лиги

Фудбалската федерација на Македонија ќе им донира и веќе е започната распределбата на вкупно 15.000 фудбалски топки (со ознака: FIFA QUALITY PRO...

НАЈЧИТАНИ