Фчерашни новости
Кој познат мислител, хуманист, но пред се пратеник со златен глас ќе биде гостин во новата епизода на Фчерашни новости!?

Во Фчерашни Новости поминале многу гости од различни профили; пратеници, хуманисти, глумци, пејачи, но никогаш сите тие квалитети во еден ист човек. Во оваа епизода го имаме токму тоа. Пратеникот со златен глас, Самка Ибраимовски, кој ќе настапи заедно со најпознатиот бенд во карантин, „Карантин Бенд“.
Од понесериозни вести, ќе видиме како Алфа и Буби ги спроведуваат новите мерки за движење на граѓаните додека се во карантин. Имаат ли ефект истите? Зошто комшијата го моча кучето порано и каде!? Знаат ли уличните кучиња кога смеат да шетаат надвор и друго?
Цената на нафтата многу ги возбуди граѓаните. Тоа беше и причина да направиме анкета со случајни минувачи во дозволено време за шетање со и без миленици. Во новата епизода ќе можете да видите што точно ни одговорија тие и колку?
Недела 19:30 часот, на Канал 5 телевизија. Бидете чекор зад сите, во карантин.
Магазин
(ВИДЕО) Фчерашни Новости: Колку е тешко да се избере вистинскиот кандидат!?

Во последната последна епизода на „Фчерашни Новости“, за ова последно лето од 2020 година, решивме да посветиме малку време и на љубовта, со шоуто наречено „Луди за љубов“. Во шоуто ќе можете да погледнете колку е тешко да се избере некој на подолго време, кои карактеристики треба да ги има кандидатот, зошто не се седнува со секого на маса и други прашања општокорисни за меѓучовечките односи.
Македонија е земја на генијалци заборавени од државата. Еден таков пронашол нов принцип на гласање со помош на нуркачко одело. Не веруваме дека овој принцип ќе се прошири кај народот, со оглед на тоа што секој треба да си купи своја боца за кислород, но генијалците секогаш наоѓаат свој простор во Фчерашни новости да го презентираат својот изум.
Од посериозни принципи на гласања го имаме Стојанче со неговата „Обука за гласање“. Тој ќе ви демонстрира како да гласате внимателно и без страв да не го закачите оноа на „К“, а што не е пиво. Ќе дознаете зошто пенкалото за гласање не се грицка без оглед на тоа што носите маска, а ако го гризнете ќе треба да си го земете дома, освен ако не е врзано за гласачката кутија, тогаш не веруваме дека ќе ви дозволат да однесете дома и гласачка кутија.
Направивме и интервју со најозборуваната личност во Македонија во последно време, ковид – 19. Дознавме како дошол кај нас, што мајка бара тука и кога ќе си оди, ако може што поскоро би било супер. Ако треба еве и ние ќе се собереме и ќе му платиме карта во еден правец, само нека се мани веќе од кај нас.
Се врати и Путец. Најбараниот бербер кој е секогаш информиран од прва рака. Ќе ви раскаже која фризура ќе биде хит ова лето; зошто не се остава на берберот сам да одлучи како ќе ти биде патецот, зошто не се става афтершејв на глава и други берберски совети кои веруваме дека ќе ви се најдат во периодот кој следи.
Целата епизода ја имате на јутјуб.
Имајте убаво лето, а ние, здравје Боже, се гледаме од септември.
Фчерашни новости
Фчерашни Новости со нов термин и квиз „Кој сака да биде Фчерашен“


Фчерашни новости
Фчерашни Новости на ваше барање во недела емитуваат компилации од сите сезони, не пропуштајте!

На барање на гледачите, Фчерашни Новости ги репризира најсмешните прилози од изминатите пет сезони. Во оваа епизода ќе се потсетиме до каде сме со екологијата во државата. Која е најомилена друштвена игра на политичарите? Си пишуваат ли полициските службеници казни еден на друг? И можеби најинтересниот прилог за секое домаќинство, во недела ќе дознаете како да ја намалите сметката за струја.
Недела 19:30 часот, Канал 5 телевизија.
-
Кичево2 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Кичево2 дена
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Хороскоп2 дена
Денешен Хороскоп [28.02] недела
-
Временска прогноза14 часа
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Спорт2 дена
(ВИДЕО) Ноќеска од мексиканската лига го имаме евроголот на годината од 45 метри
-
Временска прогноза1 ден
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..
-
Свет2 дена
(ВИДЕО) Се отцепи ледена област од Антарктикот, вкупната површина е поголема од Лондон