Следете не

Без категорија

Колку си одговарате со партнерот?

Објавено пред

на

Како астрологијата влијае врз вашата врска? Споредете ги вашиот и зодијачкиот знак на вашиот партнер за да ја проверите вашата компатибилност според хороскопот. Женските знаци се во горната табела со розова боја, а машките со сина.

1. Конфликти, скандали…

2. Неможност за долготрајни односи.

3. Идеален и стабилен пар.

4. Се надополнувате меѓусебно и ги имате сите шанси за успешна врска.

5. Љубовта и страста владеат во оваа врска, во која што сè е можно.

6. Има шанса за целосни односи, но сето тоа зависи од склоноста кон компромиси.

7. Преголема шанса да се разочарате.

8. Сè е можно во оваа врска, поради многуте контроверзии и различен темперамент.

9. Силно пријателство и взаемна радост.

10. Тешко е да се каже дали оваа врска ќе биде успешна поради доминантната тврдоглавост на двајцата.

11.Интересни односи, силни емоции и динамика.

12. Радоста и среќата ве очекуваат во оваа врска.

13. Родени сте еден за друг, ќе постигнете целосно разбирање.

14. Темпераментот ви е премногу различен, што ќе ви создаде доста главоболки.

15. Одлични односи, мир и разбирање.

16. И двата ѕвездени знаци се борат за вниманието на околните, но дали некој ќе попушти, зависи само од вас.

17. Големи шанси за прекрасна врска, имате многу заеднички интереси.

18. Силна страст, сексуална привлечност и хемија. Уживајте.

19. Недостаток на разбирање, конфликти и спорови.

20. Големи шанси за добри односи засновани на пријателство и љубовта.

21. Здодевноста и рутината брзо ќе ве поттинат да се разделите.

22. Долготрајни односи, разбирање и поддршка.

23. Имате топли односи, но ќе морате да пронајдете уште многу заеднички нешта.

24. Исцрпувачка врска, заситена со интриги, навреди и расправии.

25. Вие сте идеална двојка.

26. Може и да се успее, но тоа не е вистинска љубов.

27. Ве очекуваат хумор, закачки и радосни моменти.

28. Ретко привлекување во секој поглед.

29. Ќе треба да работите на многу нешта во односите, ако сакате да бидете заедно.

30. Без силна љубов нема да успеете да создадете комплетна и здрава врска.

31. И двајцата барате авантури и разновидност и ќе ги најдете во врската.

32. Големите разлики ќе ве спречат да останете долго време заедно.

33. Оваа врска нема да трае долго, а ако тоа се случи – ве очекуваат недоразбирања и проблеми.

34. Големи шанси за целосни односи, но се чини дека нешто ќе ви недостасува.

35. Нежност и разбирање во односите меѓу вас.

36. Силно пријателство кое ќе прерасне во врска.

37. Силна љубов и доверба.

38. Оваа врска ќе скрши нечие срце, недостасува реципроцитет во љубовта.

39. Има привлекување, но не е доволно силно и долгорочно.

40. Скандали, недоразбирања, обвинувања и лаги.

41. Среќа и радост.

42. Родени сте еден за друг, убав пар.

43. Експлозивна комбинација, која ќе зафати нешто во вашиот пат.

44. Успех, реципроцитет и поддршка.

45. Убав пар, одлични односи.

46. Меѓусебни гестови, симпатии и силно привлекување.

47. Проблемите ќе ја убијат романтиката.

48. Недостаток на доверба, напади, тешкотии.

49. Врската брзо ќе се распадне.

50. Одлично разбирање, но сте загрозени од досадата во односите.

51. Имате потреба од повеќе настани и емоции, инаку ќе ви биде здодевно.

52. Почетокот ќе биде тежок, додека навикнете на карактерите, но потоа сè ќе биде во ред.

53. Бегајте од таа врска.

54. Добивте џекпот со оваа комбинација! Честитки!

55. Недостаток на желба за промена, компромиси и разбирање.

56. Исцрпувачка врска, заситена со интриги, навреди и расправии.

57. Големи шанси за добри односи засновани на пријателство и љубовта.

58. Силната љубов ќе создаде љубомора, која може и да ве раздели.

59. Со повеќе желба од ваша страна ќе изградите прекрасна врска.

60. Силното пријателство ќе ја прекине врската, уште пред да започне.

61. Имате потреба од повеќе емоции и љубовни изјави.

62. Силна љубов и доверба.

63. Големи шанси за добри односи, ако ги решите малите недоразбирања.

64. Го имате сето она што ви е потребно- страст, пријателство, љубов.

65. Премногу сте различни, за да останете долго време заедно.

66. Врската ќе биде кратка и мачна.

67. Повеќе компромиси од страна на Рибите и сè ќе биде во ред.

68. Луди емоции, љубов, нови сензации.

69. Склоноста кон внимание може да ја спречи оваа онака убава врска.

70. Немате многу заедничко, па затоа ќе треба да работите на прашањето и да се пронајдете „на пола пат“.

71. Премногу сте исти, за да опстоите.

72. Среќата постојано ви се измолкнува.

73. Општите интереси ви помагаат да се справувате со проблемите полесно и побрзо.

74. Трикот во оваа врска е да си простите побрзо да премолчите некои работи, правејќи повеќе компромиси.

75. Недостаток на страст и хемија.

76. Емотивна врска, заситена со многу динамика и настани.

77. Униформност, рутина, досада.

78. Парот составен од двајца родени во знакот риби, може однадвор да изгледа совршено. Но, иако тие заедно сонуваат, никогаш не се трудат нивните мечти да станат јаве.

Без категорија

Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)

Објавено пред

на

Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.

Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.

Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.

Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?

Објавено пред

на

Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.

Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.

Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.

Извор: 9to5mac

Прочитај повеќе...

Без категорија

Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!

Објавено пред

на

Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.

Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.

Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево3 часа

Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Доцна ноќеска на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на бензинска пумпа, се случила тешка сообраќајна несреќа, која како што дознава...

Хороскоп13 часа

Хороскоп за петок (29 март)

ОВЕН Прилично сте дипломатични и на шармантен начин ги постигнувате деловните цели. Обожавате се кај партнерто и имате чувство дека...

Спорт14 часа

Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 на почетокот од месец април ќе земе учество на меѓународен турнир „Истра Куп 2024“ во Хрватска

Младата македонска футсал репрезентација на Македонија во периодот од 1. до 7. април ќе земе учество на силниот меѓународен турнир...

Спорт14 часа

Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории

Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, се одржа ждрепка на која беа извлечени паровите за полуфиналете во рамките...

Кичево17 часа

Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!

На ден 05.04.2024 петок со почеток од 19:00 фолклорниот оддел на Државното Музичко училиште од Струга ќе одржи хуманитарен концерт...

Кичево23 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин24 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин24 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево2 дена

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

НАЈЧИТАНИ