Следете не

Спорт

Комплетирано 18-то коло на Првата македонска фудбалска лига, првите три тима на табелата загубија на домашен терен

Објавено пред

на

Попладнево се комплетираше 18-то коло во Првата македонска фудбалска лига. Препознатливо во ова коло е што на домашен терен загубија екипите на Шкендија, Шкупи и Македонија ЃП.

Од ова коло за нај сензационална ја издвојуваме победата на битолчаните кои славеа победа со голот на Меневски постигнат од регуларен пенал во 90.минута

Денешните резултати изгледаат вака:

Беласица-Вардар 0:3
Шкендија-Пелистер 0:1
Силекс-Академија Пандев 1:2
Работнички-Борец 2:1
Шкупи-Струга 1:2
Македонија ЃП-Ренова 2:3

Табела:

Следното коло ќе се одигра на 14-ти февруари со почеток од 14:00 часот каде најзанимлив натпревар очекуваме помеѓу екипите на ФК Вардар и ФК Пелистер

Спорт

Арнаутовиќ се спаси, доби само 1 натпревар суспензија, неговата навреда не е карактеризирана на расна и етничка основа

Објавено пред

на

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска е суспендиран на еден натпревар откако го навреди нашиот македонски репрезентативец Езѓан Алиоски на меѓусебниот натпревар на Европското првенство.

Како што соопшти (УЕФА), Аранаутовиќ е обвинет за „навреда на друг играч“, според дисциплинскиот правилник.

Инаку што се однесува до правилникот лесно можеше да заработи суспензија на 10 натпревари, ако (УЕФА) потврдеше дека навредите биле врз база на расна и етничка основа.

Арнаутовиќ пред јавноста на социјалните мрежи упати извинување, така што додаде дека не е расист, туку дека некој зборови биле изговорени поради емотивен набој.

Прочитај повеќе...

Спорт

ФФМ известува дека мора негативен Ковид-19 тест за сите кои имаат билети за утрешниот натпревар со Украина

Објавено пред

на

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт го игра вториот натпревар на ЕП 2020 против Украина во второто коло, така што ФФМ известува следново, до сите кои имаат билети за утрешниот натпревар.

„Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден.“

Прочитај повеќе...

Спорт

Алиоски: Точно знаеме што да подобриме, најважно е да веруваме во себе и во тимот, одиме на победа!

Објавено пред

на

Македонската А репрезентација на 17. јуни ја очекува вториот натпревар од Европското првенство. Украина е селекцијата на која ќе им се спротивставиме на Националната арена во Букурешт.

Нашиот репрезентативец, Езѓан Алиоски зборуваше за очекувањата од натпреварот.

– Горди сме на натпреварот што го одигравме против Австрија. Резултатот не беше добар за нас, но мораме да размислуваме позитивно. Се фокусираме на мечот со Украина, имаме време за закрепнување и ќе бидеме подготвени. Го анализираме противникот и треба да ги корегираме грешките од првиот натпревар. Треба да го играме нашиот фудбал, да веруваме во себе. Овој натпревар е како финале за нас, но и за Украина.

Тактички треба да бидеме на ниво, но и да бидеме многу внимателни. Украина игра добар, офанзивен фудбал. Постигнаа два гола против Холандија, влегуваат како фаворити на мечот и тоа е добро за нас. Имаме квалитет, ќе излеземе без страв и со верба во позитивен резултат. Точно знаеме што треба да подобриме и важно е бидеме на ниво во текот на сите 90. минути. Имаме квалитет да постигнеме два гола дури и да сме во негатива.

Најважно е да веруваме во себе и во тимот.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогнозаПред 2 часа

Денес сончево и топло, од пладне можни локални врнежи од дожд и грмежи

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност. Околу пладне локално ќе биде нестабилно со...

ХранаПред 3 часа

Шест работи кои треба да се знаат за јадењето „Карфиол“ и зошто е тоа здраво

Карфиолот е складиште на здрави јаглехидрати, влакна, антиоксиданти, витамини, калиум, калциум и железо. Откриваме зошто треба да се јаде што...

На денешен денПред 3 часа

На денешен ден – 17 јуни

1239 година – Роден е кралот Едвард I од Англија, најважниот англиски владетел на династијата Плантагенет. За време на неговото...

ХороскопПред 10 часа

Дневен Хороскоп (17 јуни) четврток

ОВЕНКолку и да изгледа логично, ќе треба да соберете многу повеќе информации пред да донесете одлука или да направите потег....

СпортПред 15 часа

Арнаутовиќ се спаси, доби само 1 натпревар суспензија, неговата навреда не е карактеризирана на расна и етничка основа

Австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ денеска е суспендиран на еден натпревар откако го навреди нашиот македонски репрезентативец Езѓан Алиоски на меѓусебниот...

МакедонијаПред 15 часа

Навивај за Македонија со најдобрите и квалитетни телевизиски понуди на ТоталТВ !

Навиваме за Македонија сите заедно! Со Тотал ТВ утре во 15:00 часот не го пропуштајте натпреварот за ова лето Македонија...

КичевоПред 16 часа

Кичевската улица „Скопска“ утре блокирана за сообраќај поради градежни работи

ЈП Комуналец – Кичево ги известува граѓаните со живеалишта на ул. „Скопска“ утре на ден 17.06.2021 (четврток) од 08:00 до...

КичевоПред 17 часа

Кичево денес прв град по новозаболени од Ковид-19, ова е билансот по градови

Министерството за здравство денеска информираше дека во изминатото деноноќие се потврдени 15 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 5...

МагазинПред 19 часа

„Протече“ новиот Windows 11: Како изгледа, како звучи и што ни носи?

Информациите за изгледот и новите карактеристики на Windows 11, познат и како „Sun Valley“, стигнаа до медиумите откако неколку слики...

СпортПред 20 часа

ФФМ известува дека мора негативен Ковид-19 тест за сите кои имаат билети за утрешниот натпревар со Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија, утре од 15 часот на „Националната Арена“ во Букурешт го игра вториот натпревар на ЕП 2020...

НАЈЧИТАНИ