Култура Македонија Музика Случувања

Концерт „Пицикато“ со Пламенка Трајковска – гудачко трио во Кичево

Македонската виолинистка Пламенка Трајковска со своето гудачко трио ќе реализира концерт во НУ Центар за култура Кочо Рацин во Кичево. Концертот ќе се оддржи на 23 мај (вторник) со почеток во 20.30.часот. Влезот е слободен.


Концертот е со наслов Пицикато и претставува атрактивна мултимедијална музичка креација на Пламенка Трајковска – гудачко трио . Тие ќе изведат класични композиции во кросовер стил пропратени со видео проекција, сценски движења и кореографија. На програмата се класични дела од Ј.С. Бах, Л.В. Бетовен, П.И Чајковски и други композитори од класичниот период. На концертот исто така ќе бидат изведени и македонски фолклорни теми во обработка за гудачко трио и електронска музика.
Дел од концертот ќе се состои од изведба на композиции од албумот Апасионато на Пламенка Трајковска кој е светски пласиран на Амазон и Ајтунс.

Пламенка Трајковска продолжува со својата мисија на доближување на класичната музика до најшироката публика. Од почетокот на годината таа реализираше повеке концерти за деца и пред десетина дена со свој концерт го означи отварањето на реновираниот Дом на култура во Македонска каменица. До крајот на летото таа ќе се претстави во повеќе градови низ Македонија.

Концертот е дел од Националната програма за култура за 2017 година и е поддржан од Министерството за култура и од НУ Центар за култура Кочо Рацин од Кичево.

Leave a Comment