Култура
Коњаницата денес беше пречекана во Демир Хисар (ФОТО)

На платото пред зградата на локалната самоуправа, денес, Величенствено беа пречекани припадниците на Кичевско-Горнореканската-Мавровска-Демирхисарско-Ресенска коњаница, која се упати према Крушево, по повод големиот македонски национален и православен празник Илинден.
На средбата во кабинетот на градоначалникот, Стојановски топло ги поздрави и им упати честитки за патриотските подвизи за „Илинденскиот марш“, кој го организирааат во чест на Илинденците и Крушевската Република.
Членови на Мавровско – Горнореканската – Кичевско – Демирхисарска коњаница денеска ја изодуваат претпоследната етапа од илинденската маршрута.
Коњаницата вечерва ке престојува во опеаното и славно село Прибилци, каде што е организирана свеченост збогатена со жива музика.
Рано утрото ќе се упати кон славно Крушево каде што ќе учествуваат на првото илинденско дефиле во Крушево и традиционалната Манифестација „Илинденски марш“ која ќе трае се до 2. Август „Илинден“.
Традицијата која со години трае, ќе ја продолжат вечерва и комитите кои ќе пристигнат во Прибилци, а потоа ќе се упатат кон Крушево – извадок од официјалниот фејсбук статус на Општина Демир Хисар.
Култура
Lupin 2 – Продолжението на серијата пристигнува на Netflix побрзо отколку што очекувавте

Lupin 2 пристигнува. Netflix веќе најави продолжување на серијата, така што втората сезона ќе биде претставена ова лето на сервисот за стриминг.
Серијата дебитираше во јануари и се базира на романот за Арсен Лупен. Главната улога ја игра Omar Sy, кој го игра Assane Diopa, господин и крадец.
Првата сезона имаше пет епизоди и ја направија George Kay и François Uzan. Наскоро ги престигна Queen’s Gambit и Bridgerton и стана најпопуларна на платформата Netflix.
Музика
(ВИДЕО) Влатко Миладиноски посвети песна за својата ќерка во негова изведба, станува збор за безвременската „Те кажувает, бре Илиној моме“

Ова неделно попладне нашиот кичевчанец Влатко Миладиноски на својот ЈутТјуб канал објави нов видео запис од безвременската стара македонска песна „Те кажувает, бре Илиној моме“.
Како што пишува Влатко на својата фејсбук страница песната е посветена на својата ќеркичка Илина која во еден миг се појавува во видеото и пријатно ги изненади музичарите
Маестралната изведба и обработка е дело на оркестарот на братот маестро Златко Миладиноски во емисијата „7/8“
Слушнете за што станува збор и уживајте:
Култура
Св.Атанасиј – Танасовден зимен, од овој празник сѐ е полесно, нека е за многу години!

Денес на 31 јануари е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.
Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…
Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики.
На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.
Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.
Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.
На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.
-
Кичево2 дена
Кучиња скитници нападнале две малолетни внучиња и баба од Кичево
-
Кичево2 дена
(ВИДЕО) ОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ – Кичево денес одбележа 60 години од своето постоење
-
Хороскоп3 дена
Дневен Хороскоп -[ 25.02 ]- четврток
-
Хороскоп18 часа
Денешен Хороскоп (27 февруари) сабота
-
Хороскоп2 дена
Дневен Хороскоп (26.02) петок
-
Македонија1 ден
Кобното утро на 26 февруари, на денешен ден почина Македонскиот претседател Борис Трајковски, шест члена на делегацијата и двајца пилоти, вечна слава!
-
Македонија2 дена
Коронавирус не запира, денес 582 нови случаи, починале 13 лица
-
Временска прогноза2 дена
Стабилно и суво време, во недела најава за засилен ветер и пад на температурите, ова се деталите..