Следете не

Кичево

Констатирани 20 прекршоци за кичевчани кои не носеле заштитна маска, додека 1 не почитувал домашна изолација при допатување од странство

Avatar

Објавено пред

на

Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 79 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-42, Струга-14, Кичево-20, Дебар-03). Издадени се прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 21 контроли врз угостителски и други објекти.

Исто така поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Н.З.(23) од кичевското село Стрелци.  При контрола извршена на 08.06.2020 во 14:20 часот, полициските службеници констатирале дека пријавениот, кој допатувал од Република Словенија, не се наоѓа во неговиот дом во селото каде,  согласно донесеното Решение од Државниот здравствен инспекторат, требало да биде на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена.

Со тоа, пријавениот не ги почитувал препораките по издаденото решение согласно одлуката на владата, наменета за лица кои доаѓаат од странство.

Извор: СВР Охрид / ОВР Кичево
Портпарол: Стефан Димоски

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Кичево

Две години роденден на првата „Самопослужна“ перална во Кичево, гратис перења + новости кои ќе ви се допаднат!

Avatar

Објавено пред

на

Поминаа и две успешни години активна работа на првата „самопослужна“ перална во Кичево која се наоѓа на магистралниот пат во Кичево. За таа цел преку нашиот сервис перална „Матеј“ Ве известува дека во недела на 12.07.2020 за својот роденден ќе има гратис перење + фреш мирисливи украси од својот бренд за вашите автомобили.

И не е тоа се!

Токму од оваа недела едниот бокс на ваше барање ќе може да функционира – 3 минути за 30 денари, додека другиот 10 минути за 80 денари.

Да им посакаме успех во понатамошната работа!

 

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Петровденската мото-парада во Кичево за прв пат се одложува поради почитување на мерките за заштита од Корона вирусот

Avatar

Објавено пред

на

Поради пандемијата од Корона вирусот воедно и почитување на пропишаните мерки за заштита од истиот, преку нашиот сервис Ве известуваме дека после седум успешни години реализација на атрактивната мото-парада низ кичевските улици по повод големиот празник „Петровден“ и именденот на нашиот храм заштитник на градот Кичево св.апостоли Петар и Павле, настанот се одложува.

Минатата година вака кичевчани го одбележаа празникот:

Нека е за многу години празникот кој се слави на 12.07 во недела!

Останете во добро здравје и чувајте се, почитувајќи ги сите мерки пропишани за заштита од Ковид-19!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Кичево

Денес 6 нови случаи од Кичево на Ковид-19, вкупно 168 во нашата држава

Avatar

Објавено пред

на

Во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 83
– Куманово 8
– Дебар 2
– Штип 6
– Прилеп 3
– Тетово 26
– Струга 5
– Битола 2
– Охрид 8
– Гостивар 8
– Крива Паланка 1
– Крушево 1
– Кочани 1
– Пробиштип 2
– Македонски Брод 1
– Свети Николе 4
– Кичево 6
– Ресен 1

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица.

– Скопје 48
– Тетово 18
– Велес 1
– Гостивар 1
– Кочани 1
– Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 72.690 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7572, бројката на оздравени пациенти е 3624, на починати е 362, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3586.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 4 часа

Ковид-19: 8 нови случаи од Кичево, додека останатите 80 од други градови

Во последните 24 часа се направени 973 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 30 -Куманово...

ХороскопПред 20 часа

Хороскоп за денес (13.07) понеделник

ОВЕН Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате...

МакедонијаПред 1 ден

Денес 136 нови случаи на Ковид-19, кичевчани 4 меѓу нив..

Во последните 24 часа се направени 991 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 46 -Куманово...

СкопјеПред 1 ден

Акциска на СВР Скопје за диви тркачи со мотори, има и приведени

Секторот за сообраќајни работи при Бирото за јавна бебзедност во координација со Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за...

МакедонијаПред 1 ден

Времена забрана во двата правци према Охрид утре, поради пробивање на автопатот Кичево-Охрид

Од 12 до 15 часот утре ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила на автопатот Кичево-Охрид кај делницата...

МакедонијаПред 2 дена

Денес е големиот празник „Петровден“, додека утре е „Павловден“ – ова се народните верувања за празниците, за многу години!

Утре е Петровден, а во понеделник Павловден, со кој се поврзани многу обичаи. Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи...

ХороскопПред 2 дена

Хороскоп за денес (12.07) недела

ОВЕН Можно е да ве преплавуваат негативни мисли, ќе бидете особено нетрпеливи овие два дена. Вашата ароганција може да ве...

МакедонијаПред 2 дена

Нови 199 случаи и денес, 3 од Кичево, да ги почитуваме мерките!

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 90 -Куманово...

БалканПред 2 дена

„Старт-ап“ натпревар за млади од 13-23-ти јули. Можност за сите креативни кичевчани да се пријават и да земат свое учество заедно со своите врсници од три земји.

National Tourism Cluster “Bulgarian Guide”- (Lead Partner) организира Старт-ап натпревар за млади лица од Балканскиот регион преку виртуелна платформа, истиот...

ХороскопПред 3 дена

Денешен Хороскоп (11.07) сабота

ОВЕН Ќе се почувствувате благодарни што ќе успеете да му помогнете некому во некој голем проблем. Оваа личност можа да...

НАЈЧИТАНИ