Случувања
„Крап куп Кичево 2020“ за прв пат на Осломејско Езеро во организација на риболовното друштво „Хантер Фиш“

За првпат на Осломејско Езеро преставниците на спортско – риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, организираат пријателски „Крап куп Кичево 2020“. На овој куп, кој започна денес во 7 и 30 часот и ќе трае до недела 14 часот, зедоа учество седум екипи, а на истиот присутни се голем број љубители на спортскиот риболов како од земјава, така и од странство.
За да се обезбедат соодветни услови крај езерото извршена е рекултивација на крајбрежјето во должина од околу 500 метри, каде се сместени екипите-учесници на купот, според сите протоколи за ковид-19 и за спортски риболов.
– Откако нашето друштво обезбеди соодветни услови за натпревар, со уредување на крајбрежјето на езерскиот појас, во наредните три дена организираме пријателски „Крап куп Кичево 2020“. На овој куп учествуваат седум екипи од повеќе градови во земјава, а имаме и голем број на гости љубители на спортскиот риболов, како од соседните градови, така и од странство, Косово. Екипите ги сочинуваат по два члена и истите се наоѓаат на меѓусебно растојание од најмалку 30 метри. Откако беа извлечени бројките која екипа на кој дел од езерото ќе лови, започна натпреварот и уште првиот ден беше уловен крап со тежина од 5 килограми. Купот ќе заврши во недела во 14 часот, а нашиот клуб на најдобрите екипи и поединци ќе им додели пехари, истовремено следи пехар и за учесникот кој ќе улови најголем крап. Овој куп е најава за првиот републички натпревар што ќе го организираме крај езерото следната година – истакна Љупчо Крстески , член на претседателството на риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево.
Текст и Фото: Зоран Антоски
Македонија
Од вечерва бензините поскапуваат, додека цената на дизелот останува непроменета

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 66 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 68 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 56, а на Екстра лесно масло за домаќинств (ЕЛ-1) 45 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,446 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,843 денари.
Како причина за зголемувањето на малопродажните цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени во изминатите седум дена на светските берзи кај бензинот во просек за 1,397 отсто и намалените кај дизелот за 0,124 отсто, како и за 0,832 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
Временска прогноза
Најава за студен бран кој од утре, особено од среда ќе донесе врнежи од дожд на секаде – Ова се деталите за временската прогноза..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните и во вечерните часови облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, на планините ќе провејува слаб снег. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 7 до 16 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност, додека во попладневните часови облачноста ќе се зголемува. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 14 степени.
Потоа утре и во среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Во овие два дена локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог, додека на планините снежната покривка ќе се зголемува.
Ќе дува слаб до умерен ветер најпрвин од јужен и од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува, додека во среда особено Долж Повардарието ветерот ќе биде од северен правец и повремено ќе биде засилен по интензитет. Температурите на воздухот во овие два дена ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Од четврток повторно времето ќе биде стабилно, суво и потопло.
Пишува: Славчо Попоски
Македонија
По повод 8-ми март, ЛУКОИЛ бензинските станици денес доделуваат гратис кафе за понежниот пол

Реномираниот бренд во нафтената индустрија ЛУКОИЛ Македонија денес по повод меѓународниот ден на жената 8-ми март реши на своите модерни бензински станици ширум државата да ги почасти жените со гратис кафе и со тоа да оддаде посебно внимание.
Посетете ги!
-
Спорт2 дена
(ФОТО) Кичевчанецот Николоски е државен шампион за 2020 во мотоспорт – категорија „Ендуро Е2 класа“
-
Временска прогноза2 дена
Од ноќеска голем пад на температурите, од среда дожд и снег – Ова се најновите детали за времето кај нас
-
Кичево2 дена
Спречен пожар на поголема површина во атарот на с.Карбуница – кичевско
-
Кичево1 ден
ЕВН КЕЦ Кичево: За утре најавени прекини во електрична енергија, Мак.Брод, како и регионот – с.Манастирец, Пласница, Крапа…
-
Свет2 дена
Авион полн со патници принудно слетал во Софија поради агресивно однесување на човек, за делото му прети затвор од 10 години
-
Македонија2 дена
Предмалку земјотрес регистриран со епицентар на 14км западно од Гостивар
-
Свет3 дена
Откриено колку можат честиците од Коронавирусот да преживеат
-
Хороскоп3 дена
Хороскоп за денес [6 март] сабота