Балкан
Се е во божји раце: Наредните часови критични за Дарко Лазиќ откако на пејачот му откажа бубрегот
Здравствената состојба на пејачот Дарко Лазиќ е се понеизвесна, а денеска српските медиуми објавија и дека еден од бубрезите на пејачот откажал, со што наредните часови се критични за пејачот.
-Дарко не е подобар, напротив. Полошо му е од вчера, му откажа еден од бубрезите, вели извор за српските медиуми.
Тој додава дека се е во божји раце и дека докторите не можат да направат ништо.
-Колку неговиот организам е силен и колку може да издржи останува да видиме, вели изворот.
Балкан
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
Водителката Бојана Јанковиќ (поранешен Николиќ), која се прослави како водителка на култното шоу на Пинк „Град“, е пронајдена мртва во стан во Белград. Телото на Бојана е пронајдено вечерва околу 19 часот и испратено на обдукција.
Семејството на Бојана Јанковиќ ја потврди нејзината ненадејна смрт.
Инаку, Бојана беше во брак со пејачот на групата „Белградски синдикат“ и имаше сестра близначка Ивана, која исто така беше водителка.
Извор: blic.rs
Балкан
Царинската управа во Србија спречи криумчарење на поголема сума пари, пронајдена во детска чанта и пелени, кажале нема што да пријават..
Царинските службеници на граничниот премин „Градина“ спречија обид за криумчарење на 130.000 евра и 5.500 долари скриени во пакување бебешки пелени, соопшти Царинската управа.
Како што се наведува, девизниот прекршок бил откриен во возило „Киа“ со странски регистарски таблички што го користело тричлено семејство кое патувало од Австрија кон Бугарија.
Брачен пар кој патувал со двегодишно дете им потврдил на надлежните дека немаат што да пријават, но при детална проверка на багажот било откриено дека има торба со 130.000 евра, како и плик со 5.500 долари пронајден во чантата со детски работи меѓу пелените.
Со оглед на тоа што парите не се пријавени на влез во државата, на патниците веднаш им се вратени по 10.000 евра по лице, а остатокот од парите е задржан до завршување на прекршочната постапка.
Царинската управа уште еднаш потсети дека сите патници, вклучително и оние кои штотуку минуваат низ Србија, треба на влез да пријават која било сума поголема од 10.000 евра, известува Danas.rs
Извор: Danas.rs
Балкан
(ВИДЕО) Свештеникот кој долго ќе се памети за големиот празник „Водици“, ја освети водата и потоа направи гест кој го нема никој до сега направено..
Откако ги изговори молитвите и даде знак на учесниците да тргнат, свештеникот за здравје скокна во осветените води. За сега се уште не се знае од кој дел на Балканот потекнува ова видео, но ги заслужува сите почести.
За многу години, Бог се јави!
Бог се јави!
Ако неко зна у ком месту се ово догодило, нека јави. pic.twitter.com/gVikyMD4bO
— Ледени Гале (@LedeniG) January 19, 2024
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп8 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево20 часа
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза14 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Магазин2 дена
iPhone 16 може да остане без физички копчиња
-
Магазин2 дена
Meta се затвора во Турција
-
Спорт2 дена
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт24 часа
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.