Кичево
Кривична за кичевчанец сопрен низ град при одредена самоизолација дома, луѓе почитувајте ги мерките!
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.З.(53) од кичевското село Пласница.
Како што соопшти МВР, тој утрово во 08.45 часот е забележан како управува патничко возило „фиат пунто”, со кичевски регистарски ознаки, на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево, по што полициски службеници го сопреле возилото.
Притоа е утврдено дека М.З. на 16.03.2020, на граничниот премин „Табановце”, при влез во државата, своерачно под полна морална, материјална и кривична одговорност потпишал изјава дека доаѓа од Република Словенија, која според Листата од СЗО е зафатена од епидемијата со коронавирус COVID – 19 и дека во времетраење од 14 денови во неговиот дом, во с.Пласница, ќе спроведе задолжителна самоизолација.
Пријавениот не се придржувал до одредбите во изјавата, ги прекршил мерките за самоизолација и постапил спротивно на прописите за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширење и сузбивање на коронавирус COVID – 19, предвидени во одлуката на Владата и писмената наредба донесена од страна на Министерството за здравство.
Извор: СВР Охрид / ОВР Кичево
Кичево
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
Возљубени наши пријатели, на наша чест, преку нашиот медиум ве информираме дека на ден 27.04.2024г. (сабота), по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во нашиот град Кичево ќе се одржи свечена поворка за објава на Лазаревото Воскресение, а воедно и подготовка за претстојните празници на Влегувањето Христово во Ерусалим (Цветници) и најголемиот христијански празник на Воскресението Христово (Пасха).
Свечената Литија ќе започне од градскиот плоштад, во 11:00ч. и ќе се движи преку Булеварот „Ослободување“, до храмот на светите апостоли „Петар и Павле“, проследена од псалти, музичари на традиционални музички инструменти и верниот народ.
Ве покануваме сите кои сакаат да земат учество да се вклучат да ја возобновиме оваа древна традиција на радост заради Воскресението Лазарево и нетрпеливо очекување на Христовото Воскресение свечено носејќи врбови гранчиња испратени со традиционални пенија, т.н. каланди.
Датум: 27.04.2024г.
Почеток: 11:00ч на градскиот плоштад во Кичево.
Ве очекуваме низ дружба и песна да го прославиме овој серадосен настан!
Еве како си поминавме пред 1 година, кликнете ТУКА
Кичево
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
На 23.04.2024 во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од И.А.(60) од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево, за медиумите информираат од МВР.
Кичево
Кичевчани дел од најпознатата „ATM Chiptuning Performance“ тјунинг куќа, најдоброто решение за вашиот автомобил, сега достапно и кај нас!..
Веќе нешто повеќе од една година ултра популарниот „ATM Chiptuning Performance“, инаку светски позната тјунинг куќа која е синоним за квалитет и експертиза, во својот тим има млади и талентирани луѓе, сертифицирани професионалци кои 2023-та година ја одбележаа со над 500 тјунирани возила. За среќа на сите љубители на модифицираните возила, тие се од нашиот град Кичево, односно Илија Божиноски и неговиот партнер Костадин Крстески со нивната „Car Coding Pro“ под закрила на „ATM Chiptuning Performance“ од Црна Гора се веќе дел од големото „ATM“ семејство.
Оваа реномирана куќа обезбедувајќи врвни услуги во софтверска модификација на автомобили носи нова перспектива и иновативен пристап во тјунинг индустријата. Нивната работа одразува високо ниво на стручност и посветеност.
„Car Coding Pro“ ви ги нуди сите специјализирани софтверски модификации како што е „Chiptuning“ (Stage 1/Stage 2/Stage 3), обезбедувајќи на возилата зголемена моќност на моторот и намалена потрошувачка на гориво. Со овие искусни експерти, ветуваат целосна трансформација на вашиот автомобил.
Покрај тоа, „Car Coding Pro“ преку „ATM“ ви нуди решенија за вообичаените проблеми на поновите возила, како што се „EGR OFF, DPF OFF, AdBlue OFF“ и други.
Рејтингот на ваков модел на модифицирање на вашето возило, кажуваат и бројните задоволни клиенти кои непристрасно возат возила кои достигнуваат извонредни резултати со услугите на оваа тјунинг компанија. Нивната прецизност и внимание на деталите ги прават едни од најдобрите во автомобилската/софтверската индустрија.
Закажете термин на 071/331-894 или 071/506-400 и контактирајте ги за повеќе информации, додека со сите новости може да бидете во тек доколку ги заследите на нивните социјални мрежи на фејсбук ТУКА и инстаграм ТУКА
Мал дел од задоволните клиенти:
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево7 часа
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Кичево1 ден
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза1 ден
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Спорт1 ден
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет1 ден
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“
-
Автомобили8 часа
Кои автомобили се најевтини за одржување во САД?