Следете не

Кичево

Кривични пријави за кичевчани кои не почитувале решение за изолација

Објавено пред

на

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против М.М.(46) с.Зајас, кичевско, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 17.10.2020 во 12.20 часот, во с.Зајас, М.М., при контрола не бил затекнат во неговиот дом, со што не ја почитувал владината Уредба и не постапил согласно Решението со одредена мерка изолација во домашни услови.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Р.Р.(23), со престојувалиште во Кичево, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

На 10.08.2020 во 13.00 часот, во Кичево, полициски службеници, при вршење проверки на лица кои се во домашна изолација не ја затекнале Р.Р. на пријавената адреса. – известува Стефан Димоски од СВР Охрид

Кичево

(ФОТО) Во кичевско Србјани во дворецот на Храмот „Св.Петар и Павле“ за прв пат блесна светиот Крст

Објавено пред

на

Вчера вечер беше вистински празник за жителите на с. Србјани – кичевско кои не го криеа нивното задоволството од убавината на Крстот кој го осветли селото. Имено по неколку месечна работа на младите луѓе во с. Србјани кои се дел од Црковното настојателство и со огромна поддршка на жителите и неколку компании, вчера вечер заврши целосната изградба на Крстот кој за прв пат блесна во оваа област.

Крстот е висок 12 метри, поставен на бетонски постамент во дворот на Храмот „Св. Ап. Петар и Св. Павле“ со висина од 0,5 метри, со 6 метри распон на краците (3 метри секој крак) и широк 1 метар. Во Крстот е вградена железна конструкција од 1.4 тони. Во основата има 4 винкли со длабичина од 1 метар, вградени 10 кубни метри бетон и 500килигорами железна арматура.  Што се однесува до осветлувањето, светиот Крст е осветлен со 75 метри лед светло кој на вечер му дава посебен изглед од далечина.

Иницијативата за изградба на Крст ја започнаа шест млади лица која веднаш се прифати и се подаде огромна поддршка од страна на жителите на Србјани и Кичево и истите активно се вклучија во изградбата.

За нашиот портал тие изјавија дека за скоро време ќе биде осветен Крстот, по што најавија голема манифестација по тој повод. Исто така истакнаа дека тука не застануваат, ова е само почеток , па затоа ги повикуваат сите граѓани од Кичево без разлика на верска и национална припадност, доколку имаат желба активно да се вклучат во работата за да го разубават Храмот кој го краси Србјани, да ги контактират членовите на Црковното настојателство или било кој Православен жител на Србјани за понатамошни информации.

Секоја чест добри луѓе!

Прочитај повеќе...

Кичево

Од денес започнува со работа „Check Burger“, место каде ги има највкусните бургери во Кичево и пошироко

Објавено пред

на

Ново во градот! Официјално ви го претставуваме „Check Burger“, место каде од денес ќе можете да ги вкусите неодоливите и до сега најуникатните бургери. Тајната на успехот е во квалитетните и секогаш свежи состојки кои ќе ви овозможат максимално да уживате во секое парче храна.

Објектот е лоциран во близина на кичевската „Македонска Пошта“ на ул. „Александар Македонски“ и истиот ќе нуди бесплатна достава на храна преку јавување на нивниот тел 079/222-446 – до вашата дестинација во рамките на градот Кичево.

Check Burger

Check Burger

Од денес завршува потрагата по највкусна брза храна, бидејќи овој тим навистина знае да го долови вкусот на оргинален, но и поинаков бургер!

* Локалот во недела ќе започнува со работа од 15:00 часот, истото време и доставата ќе биде активна, односно до 23:00 часот

* Во прилог и главното мени:

–  „Check Burger“ ве очекува!

Прочитај повеќе...

Кичево

ОВР Кичево: Поради „боево гаѓање“ во с.Осој времена забрана за движење према стрелиштето поради безбедност

Објавено пред

на

Се известуваат граѓаните од општина Кичево дека на ден 11.06.2021 година (петок) во временскиот период од 08:00 часот до 17:00 часот – МВР ќе изведува боево гаѓање со пешадиско вооружување на Гарнизонското стрелиште лоцирано над кичевското село Осој.

– За таа цел се известува населението од општина Кичево на горе наведениот датум и време да не се упатуваат кон стрелиштето или во неговата околина поради било какви причини, било тоа да е напасување на стока или други активности поради безбедност.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 6 часа

На денешен ден – 15 јуни

1215 година – Под притисок на благородништвото, кралот Јован од Англија ја прифаќа Магна Карта Либертатум, темелот на државата, симбол...

ХороскопПред 8 часа

Дневен Хороскоп (15 јуни) вторник

ОВЕНПатувајте или физички или преку информации затоа што толку инстинктивно ќе разберете што точно треба да направите за да го...

СпортПред 11 часа

И ФФМ прати допис до УЕФА за најстрога казна кон Арнаутовиќ кој расистички го нападна Алиоски

Марко Арнаутовиќ расистички го нападна Езгјан Алиоски, а Фудбалската федерација на Македонија застана во заштита на македонскиот репрезентативец. Поднесен е...

КичевоПред 13 часа

(ФОТО) Во кичевско Србјани во дворецот на Храмот „Св.Петар и Павле“ за прв пат блесна светиот Крст

Вчера вечер беше вистински празник за жителите на с. Србјани – кичевско кои не го криеа нивното задоволството од убавината...

СпортПред 16 часа

Трајковски: Фокусот е да победиме против Украина, со тоа ќе имаме големи шанси да ја поминеме групата

Александар Трајковски, македонскиот репрезентативец го коментираше вчерашниот дуел со Австрија и поразот од 3:1. Тој смета дека Австријците не се...

ТехнологијаПред 16 часа

Фејсбук го купи „BigBox VR“ game студио

Фејсбук купи неколку студија за производство на VR игри во изминатите неколку години, а BigBox VR сега се приклучува на...

МакедонијаПред 17 часа

Од ноќеска поскапуваат горивата, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одлучи да се зголемат малопродажните цени на нафтените деривати, просечно за...

МакедонијаПред 21 час

Комисијата предлага укинување на полицискиот час, да нема ограничување за гости на свадби?

Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кои се донесени одлуки за нови мерки. Министерот за здравство Венко Филипче...

Временска прогнозаПред 24 часа

Денес и утре по свежо време, од среда доаѓа затоплување на времето

Денес и утре времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен...

На денешен денПред 1 ден

На денешен ден – 14 јуни

1645 година – Во граѓанска војна во Англија, парламентарните сили предводени од Оливер Кромвел и Томас Ферфакс ги поразија ројалистите...

НАЈЧИТАНИ