Кичево
Кривична за Кичевчани кои поседувале оружје без дозвола и пуштање во промет наркотици
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Х.(38) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 23.12.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во Кичево при што пронашле и одзеле хероин.
Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против В.А.(27) од село Србица, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При преглед во неговото патничко возило „Сузуки витара“, под возачкотo седиште бил пронајден пиштол калибар 7,62 милиметри, кој го носел без дозвола.
Извор: Дневен Билтен на МВР /СВР Охрид
Кичево
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..

Во Кичево започнува со работа мобилна амбуланта во која се нудат бесплатни гинеколошки прегледи за жените кои живеат на територијата на општината, со цел превенција од рак на грлото на матката.
Сите жени на територија на Општина Кичево, кои сакаат да извршат бесплатен гинеколошки преглед, вклучувајќи и „ПАП“ тест, да се обратат или да се пријават на тел бр. 045/225-324 директно во Општинската организација на „Црвен Крст“ – Кичево за закажување на термин.
Мобилната амбуланта започнува со работа во месец Мај, а пријавените дополнително ќе бидат известени за датум и време на одржување на прегледите.
Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните оддалечени места кои ќе направат бесплатени гинеколошки прегледи, подигнувајќи ја свеста за важноста од родовите скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката!
Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во повеќе болница во државата.
Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на „Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари-МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот Крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации“, се вели во интегралното соопштение на „Црвен Крст“ – Кичево
Кичево
По повод 30 години „АТВА Маркети“ широк асортиман на производи со намалени цени

По повод 30 години постоење на АТВА МАРКЕТИ, најдобриот кичевски бренд ги изнедува своите верни потрошувачи со асортиман на производи по намалени цени.
Роденденската понуда трае од 25.05 до 27.05
Кичево
Опожарениот автобус на „Пресека“ бил без патници, шоферот сам го пријавил пожарот

Опожарениот автобус за кој предмалку објавивме за среќа бил без патници, додека настанатиот пожар го пријавил шоферот, за Порта.мк извести дежурната екипа на ЦУК – Кичево.
ТППЕ веќе го стави пожарот во мирување, Полициски екипи се исто така на терен, така што сообраќајот кај с.Извор сега се одвива нормално.
Несреќата се случила нешто по 21 часот , кога од непознати причини автобусот на компанијата Галеб се запалил.
Повеќе информации од СВР Охрид очекуваме во текот на утрешниот ден.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (26 мај)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за сабота (27 мај)
-
Кичево22 часа
Во Кичево стартува „Мобилна амбуланта“ со гинеколози кои ќе вршат бесплатни гинеколошки прегледи кај жените, ова се сите информации..
-
Временска прогноза1 ден
Какво време нè очекува денес и периодот пред нас?
-
Lifestyle1 ден
Која крвна група најмногу ја сакаат комарците?
-
Спорт2 дена
Утре стартува финалниот турнир на „Детска лига 22/23“ во фудбал, воедно денес беа извлечени паровите за бараж за втората фудбалска лига
-
Музика2 дена
Време е за концерт и музика, утре на кичевскиот подиум ќе уживаме со звуците на Зарина Првасевда & Ансамблот
-
Магазин1 ден
Телефонот што многумина го чекаат би можел да пристигне порано – еве зошто