Македонија
Крушево ќе го одбележи 38 роденден на Тоше!

Со почит и свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште на Гумење и со повеќе манифестации Крушево в петок, на 25 јануари, ќе го одбележи 38-от роденден на нашата и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески кој трагично го загуби животот во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка Хрватска на 16 октомври 2007 година.
Во одбележувањето на роденденот на Тоше се вклучени Меѓународната фондација „Тодор Проески“, музејот Спомен-куќа на Гумење и крушевската локална самоуправа, а како што информираат од Музејот, фановите на Тоше од Словенија, Бугарија и Србија веќе пристигнуваат во Крушево да му оддадат почит на Тоше, да потсетат на него, пеејќи ги неговите песни.
Организираното одбележување в петок почнува од 11.30 часот кога приврзаниците на Тоше, фановите, претставниците на инситуциите ќе го посетат неговото вечно почивалиште на Гумење.
Напладне, во спомен-куќата на Тоше, почнуваат манифестациите. Учениците од крушевското училиште „Наум Наумоски – Борче“ ќе читаат извадоци од песните на Тоше, ракотворци од Битола ќе изработуваат дела од срма и монистра, тематски поврзани ликот и делото на Тоше Проески, а ќе настапат и поединци, и тоа Сотираки Чакалар, Марија Котеска и Елена Ристеска.
Имено, од 9 до 16 часот в петок, во Спомен-куќата, ќе се одржува традиционалната крводарителска акција во чест на Тоше.
Спомен-куќата на Тоше Проески на Гумење содржи над 350 експонати поврзани со Тоше, а од 2011 година, кога е отворена, ја посетиле преку 650.000 гости од кои 30 отсто од странство.
Директорката на Музејот Елена Мирчевска, информира дека дел од фановите од соседните земји веќе пристигнале во Крушево.
Сител
Македонија
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата

Околу 12.45 часот на Граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) бугарски државјани кои најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои преземале службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот
Извор: МВР
Македонија
Мин. за земјоделство, шумарство и водостопанство одобри лов на дива свиња до крајот на месец март, ова се деталите..

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел продолжување на мерките од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство врз основа на епидемиолошката состојба со болеста Африканска чума кај дивите свињи одобри лов на дива свиња од 01.02.2023 до 31.03.2023 година во ловиштата на територија на Македонија кои се простираат во источниот дел од левата стана на патниот правец (А-1) Е-75, кој се протега од граничниот премин Табановце до граничниот премин Богородица.
Санитарниот лов на диви свињи се спроведува на ловишта каде болеста е веќе потврдена, а ловот се врши групно во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и ветеринарен доктор, а застреланиот дивеч треба да биде складиран согласно решението на АФВ за заштитните мерки на ловиштата во однос на африканската чума кај дивите свињи, истакнаа од Министерството.
Македонија
Поради агресивно однесување, СВР Охрид приведе жител на Албанија

На 02.02.2023 во 21.10 часот, полициски службеници од СВР Охрид го привеле Л.П.(55) од Република Албанија затоа што на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на охридското село Трпејца, агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, за Порта истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за недела (5 февруари)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за понеделник (6 февруари)
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува во текот на седмицата, сончеви периоди со засилен северен ветер, додека наутро температурите….
-
Македонија2 дена
На ГП Деве Баир жители на Бугарија недолично се однесувале и се обиделе физички да ја нападнат полицијата
-
Занимливости17 часа
Неколку трикови успешно покажани за откажување на пушењето цигари
-
Свет2 дена
Илон Маск на суд ги победи акционерите на „Tesla“
-
Кичево15 минути
Во Кичево вчера најмногу казни за пречекорување на брзина..
-
Скопје23 часа
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје