Следете не

Кичево

Градат куќа за социјално загрозено семејство, секоја чест за луѓето од с.Длапкин Дол – кичевско

Avatar

Објавено пред

на

На иницијатива на месната заедница на селото Длапкин Дол се гради нова куќа на социјално загрозено семејство од ова село.

Хуманост на дело – Куќа во изградба за социјално загрозено семејство с.Длапкин Дол – Кичево

– Како месна заедница одлучивме да им помогнеме бидејќи живеат во лоши услови. Не сакаме јавно да објавиме за кое семејство се работи, но собравме пари од жителите на селото. Секој даде колку мислеше, но најголем дел од средствата се собрани од печалбарите на нашето село. Помогнаа и многу други хумани луѓе и компании од Кичево и Кичевско. Куќата ќе има три соби, кујна и санитарен јазол. Донации доаѓат скоро секојдневно, вели Ќамил Рушити од раководството на месната заедница.

Тој се надева дека пред зимата ќе успее да се всели ова семејство во новиот дом.

Превземено од Сител Телевизија

Кичево

Вработените во „Синохидро“ од Кичево стравуваат од коронавирус, кинезите доаѓаат од одмор

Avatar

Објавено пред

на

Стравот меѓу македонските работници на кинеската компанија „Синохидро“ не го намалува ниту тоа што нивните кинески колеги, по враќањето од татковината, меѓу другото, 14 дена треба да поминат во карантин.

Како што се ближи денот за враќање на работниците на кинеската компанија „Синохидро“ од одмор во татковината така расте загриженоста кај нашите работници што заедно со нив се ангажирани во изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Некои од нив дури имаат намера да ја напуштат работата од страв од можна зараза со коронавирусот, кој зимава се појави токму во Кина, а во покраината од каде што доаѓаат кинеските работници досега се регистрирани над сто случаи на заболени.

Стравот не го намалува ниту тоа што работниците од „Синохидро“, пред враќањето во Македонија, 14 дена треба да поминат во карантин, како една од дополнителните мерки за претпазливост за справување со ширење на заразата од коронавирусот, кои неодамна ги утврдиле министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република, Кина Џанг Ѕуо.

– Најавите дека деновиве од родната Кина, каде што беа на зимски одмор, ќе се вратат некои од вработените на „Синохидро“ кај нас предизвикаа оправдан страв, вознемиреност и неспокој, бидејќи се работи за вирус што е лесно пренослив и опасен по нашето здравје. Ако се има предвид и фактот дека во провинцијата од каде што доаѓаат работниците на „Синохидро“ има над сто регистрирани случаи на заразени со овој вирус, тогаш стравот е повеќе од оправдан. И покрај сознанието дека работниците што треба да се вратат во земјава се наоѓаат во двонеделен карантин, сепак и овој факт не нѐ прави да бидеме апсолутно сигурни и целосно заштитени од овој опасен вирус. Соочени со овој животозагрозувачки проблем, дури помислуваме и да ја напуштиме компанијата, бидејќи животот е поскап од секакви пари, а имаме и семејства за кои треба да водиме грижа – велат повеќемина овдешни работници во оваа компанија.

Тие посочуваат дека во оваа фаза од изградбата на автопатот не се неопходни работниците од Кина, бидејќи нивната главна работа се однесуваше на тунелите, кои се речиси целосно завршени.
Од Центарот за јавно здравје – Битола добивме информација дека се прават сите подготовки за да нема опасност од пренос на вирусот од страна на кинеските работници.

– Од првите луѓе на Министерството за здравство имаме информација дека кинеските работници што треба да се вратат во земјава ќе бидат во двонеделен карантин и дека со самото влегување во Македонија најпрво ќе бидат проверени на термалната камера на скопскиот аеродром, а потоа ќе биде следен нивниот натамошен пат. При средбата со нашите вработени во „Синохидро“ им беше посочено, ако во кој било случај имаат сомнеж дека некој од Кинезите е заболен, итно да информираат за болниот веднаш да биде пренесен на инфективното одделение во Скопје.
Исто така, на нашите вработени им укажавме при внес на храна задолжително да ги мијат рацете и да одржуваат редовна хигиена, а при физички контакт со кинеските работници задолжително да носат маски – вели д-р Тони Коњаноски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје – Битола.

Инаку, од новиот тип коронавирус, кој научниците пред некој ден го нарекоа ковид-19, досега починаа над 1.700, а заразени се повеќе од 70.000 луѓе во Кина, а заразата во изминативе неколку недели се прошири речиси низ целиот свет. Особено е драматична ситуација на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во близината на јапонскиот град Јокохама, каде што според јапонското министерство за здравство, на бродот, во кој има 3.711 патници и членови на екипажот, до вчера беа заразени 454 лица, меѓу кои и еден од тројцата присутни Македонци.

Текст: Зоран Антоски

Прочитај повеќе...

Кичево

Кичевчанец на ул. Рудничка вчера бил нападнат од куче скитник

Avatar

Објавено пред

на

На 16.02.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Кичево, А.Ј.(33) од Кичево пријавил дека на ул.„Рудничка“ во Кичево бил каснат од куче скитник, при што паднал и се здобил со повреди.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Кичево

Како да е во тренд во Кичево да си каснат од куче, вчера нов случај!

Avatar

Објавено пред

на

Вчера на 12.02.2020 во 20:30 часот во Полициската станица Кичево, М.К. (55) од
Кичево пријавил дека на ул.„Маршал Тито“ во Кичево бил каснат од куче
скитник на левата надлактица.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 20 минути

Вработените во „Синохидро“ од Кичево стравуваат од коронавирус, кинезите доаѓаат од одмор

Стравот меѓу македонските работници на кинеската компанија „Синохидро“ не го намалува ниту тоа што нивните кинески колеги, по враќањето од...

ХранаПред 3 часа

Пржено пилешко во масло од кикиритки

Состојки: 12 делови од кокошка (најубаво да се користат карабатаци и батаци) 1 литар јогурт 1/2 главица кромид, ситно исечен...

ХороскопПред 18 часа

Хороскоп за денес (18.02) вторник

ОВЕН Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите...

МакедонијаПред 21 час

Да го спасиме Андреј и да донираме за непречено да се храни и расте

Андреј Ѓорѓиоски од Прилеп роден на 25.02.2015 година мора најбрзо да замине на опеpaциja Colostoma Bipolaris односно да се решат...

МагазинПред 22 часа

Фчерашни Новости: Дознајте што погребаа во најновата епизода која е достапна тука

Животот покрај среќни, понекогаш е исполнет и со тажни моменти. Фчерашни новости успеаа еден таков трогателен момент да доловат во...

КичевоПред 1 ден

Кичевчанец на ул. Рудничка вчера бил нападнат од куче скитник

На 16.02.2020 во 21.00 часот во Полициската станица Кичево, А.Ј.(33) од Кичево пријавил дека на ул.„Рудничка“ во Кичево бил каснат...

МакедонијаПред 1 ден

Мало покачување на цената на горивата од ноќеска

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство...

Временска прогнозаПред 2 дена

Преку ден топло, ноќите ладни. Од четврток промена на времето, следуваат нови дождови и снег на планините

Во следните два дена ќе преовладува сончево и топло време со пораст на дневната температура. Во среда облачноста ќе се...

ХороскопПред 2 дена

Дневен Хороскоп (17.02) понеделник

ОВЕН Ќе оставите многу позитивен впечаток при нов деловен разговор. Може да очекувате поволна фаза на работа. Личност која живее...

ХранаПред 2 дена

Тортата со кафе и ореви веднаш ќе ве освои, направете ја!

Потребни состојки: 7 јајца 1 маргарин 100 гр. кокосово брашно 200 гр. шеќер 100 гр. шеќер во прав 1 ванилин...

НАЈЧИТАНИ