Без категорија
Куќната помошничка доби изненадување од нејзиниот газда, кое и го смени животот! (ВИДЕО)
Куќните помошнички често доаѓаат во домот на клиентите, не знаејќи каква работа ги очекува. За Кара Симонс, тоа беше едно од најчудните искуства во нејзиниот скромен живот.
Кога Кара му кажала на својот шеф дека треба да работи со многу важен клиент, таа целосно се подготвувала за работата што ја чекала. Тогаш сè стана многу чудно.
Жената која ја дочекала во куќата рече дека таа ноќ планирала голема забава и дела таа брзо ја исчистила куќата. Сепак, таа и рече на Кара дека треба уште нешто да направи.
Потоа побара од Кара да ја проба вечерата од 7 јадења кои ги направил професиоалниот готвач Мани Сломовиц.
Тогаш работите станаа уште понеобични. Таа ја отвори вратата и виде двајца масери, кои потоа ја измасираа. За работите да продолжат да се одвиваат необично, сопственичката на куќата почнала да ја чисто куќата уште повеќе.
По сето ова, жената ја испрати Кара во главната спална соба за да си одбере облека и накит. Потоа Кара отиде да ја отвори влезната врата, пред која имаше кутија. Кутијата беше полна со нејзинит работи.
Шокирана од изненадувањето, откако дозна што навистина се случува, почна да плаче.
Задната врата од комбето се отвори а во него беше цело нејзинот семејство, – “ИЗНЕНАДУВАЊЕ!”
Еден од работниците беше Грег Бенсон, лидерот на онлајн шоуто “Prank it forward”. Тој и кажа дека со помош на неколку спонзори успеал да ги купи работите и да ја реновира куќата за неа, без никакви трошоци за нејзе или нејзиното семејство.
Погледнете во видеото како се одвиваше денот за Кара:
Без категорија
Нова луда закана од YouTube: „Ако блокирате реклами, плеерот ќе биде оневозможен“ (ФОТО)
Новата закана на YouTube е дел од продолжувањето на неговата агресивна кампања против блокаторите на реклами и предупредува некои корисници дека плеерот престанува да работи по три блокирани видеа.
Популарната платформа повторно експериментира со кампања против блокирање реклами за да ги принуди корисниците да се префрлат на платената услуга „YouTube Premium“. Некои корисници пријавиле дека додека го користеле, добиле закана од YouTube во скокачки прозорец со предупредување дека плеерот ќе биде блокиран по три видеа ако продолжат да користат блокатори на реклами.
YouTube will now block users from watching videos after they watch 3 videos with their ad blocker enabled. pic.twitter.com/beXsoecju2
— Information Worldwide (@InfoEarthwide) July 1, 2023
Исто како и во претходното тестирање за забрана за блокирање реклами, скокачкиот прозорец понуди „објаснување“ што требаше да го оправда потегот. Имено, платформата посочува дека рекламите ја прават услугата достапна за милијарди корисници ширум светот, а со платената верзија, рекламите исчезнуваат додека креаторите на содржини продолжуваат да заработуваат.
Претходните скокачки прозорци само ги предупредуваа корисниците дека екстензии на веб-прелистувачи за блокирање реклами не се дозволени на платформата и дека се против условите за користење. Меѓутоа, бидејќи не многу луѓе го пријавиле проблемот, се чинеше дека експериментот можеби нема да започне.
Без категорија
Колку чини производството на iPhone 14 Pro Max?
Сите знаеме колку iPhone 14 се продава за различни варијанти на телефони на Apple, но сигурно често сте се прашувале колкава е нивната цена на производство. Кога станува збор за моделот iPhone 14 Pro Max, Counterpoint Research ни го дава одговорот на тоа прашање. Според податоците собрани од нивна страна, вкупната цена на компонентите што го сочинуваат телефонот, во верзијата со 128 GB простор за податоци чини 464 долари.
Според Counterpoint Research, споменатата цена на чинење на делови за iPhone 14 Pro Max е за 3,4 проценти повисока од деловите инсталирани во iPhone 13 Pro Max. Разликата во цената е затоа што новата верзија користи понапредна (поскапа) главна камера со резолуција од 48 MP, како и нов дисплеј. Од друга страна, некои други компоненти поевтинија, со најголем пад, поради масовното производство, на компонентите поврзани со 5G технологијата (13 проценти). Инаку, чипот A16 Bionic е за 11 долари поскап од чипот A15 Bionic, а неговата цена сочинува околу 20 отсто од вкупната цена на сите компоненти во телефонот iPhone 14 Pro Max.
Секако, за да се добие конечната цена на производството, потребно е да се додадат трошоците за работа на склопување на телефонот, трошоците за пакување и дистрибуција до продавниците. Дополнително, во цената на чинење треба да бидат вклучени и активностите за истражување, развој, продажба и маркетинг на Apple. И покрај малку повисоката цена на компонентите, iPhone 14 Pro Max чини исто како и iPhone 13 Max (кога беше пуштен во продажба). А еден од најголемите „скокови“ на трошоците за производство се случи помеѓу производството на сериите телефони iPhone 11 и iPhone 12. Тогаш цените на компонентите пораснаа за цели 26 отсто, пред се поради инсталирањето на тогаш новите (и прескапи) 5G модеми.
Извор: 9to5mac
Без категорија
Кичевскиот оператор „Cable Call“ распишува оглас за работа, аплицирај и стани дел од успешен тим!
Кабелскиот TV оператор, телефонија и интернет „Cable Call“ кој поседува иновативно портфолио на услуги за приватни и деловни корисници поради проширување на својата работна дејност за претстојниот период има потреба од теренски работници (монтер) за кичевскиот регион.
„Cable Call“ нуди одлучни услови за тимска работа, навремена плата, осигурување на работникот од моментот на започнување со работната дејност.
Сите заинтересирани може да испратат „CV“ преку електронска форма на [email protected], да контактираат на тел. бр 078/410-393 или да ја посетат канцеларијата на „Cable Call“ на адреса ул. Бул. Ослободување бр. 60 – Лок./4 Кичево.
-
Кичево6 часа
Утрово се случила тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (28 март)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за петок (29 март)
-
Кичево19 часа
Во петок сите патишта водат на хуманитарниот концерт за Владо Симјановски, бидете дел и уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост на дело!
-
Кичево1 ден
МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед
-
Кичево2 дена
„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата
-
Спорт17 часа
Денес беа извлечени паровите на полуфиналето во Купот на Македонија за младиснки категории
-
Магазин1 ден
Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес