Следете не

Случувања

Квалитет на воздухот по светска ранк листа, секако котираме високо и сме во топ 10!

Објавено пред

на

Покрај нашата македонска популарна апликација од МојВоздух, постои и веб портал кој го следи квалитетот на воздухот и ги рангира сите земји вклучувајќи ги и општините „по загаденост“.

Секако нашата држава високо котира и е во првите топ 10 земји со најзагаден воздух, додека Кичево не е меѓу ризичните општини.

Кликнете ТУКА за повеќе информации..

Македонија

РКЕ донесе одлука, од ноќеска дизелот поскапува, додека цената на бензинот се намалува

Објавено пред

на

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на Одлуката од 20.9.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,780 ден/кг.

Од 28.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 72,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 74,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 39,780 (денари/килограм)

/kurir.mk

Прочитај повеќе...

Скопје

МВР по распишана потерница, приведе двајца измамници од Скопје

Објавено пред

на

Денеска (27.09.2021) од 09.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана потерница од Основен суд Скопје 1, ги лишиле од слобода Л.М.(69) и С.М.(70), двајцата од Скопје, за издржување казна затвор од две и една година за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.  

Тие ќе бидат предадени на казнено – поправна установа за издржување на казните. 

Извор: МВР / СВР Скопје

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Сончево и топло уште денес, од утре попладне и следните денови врнежи од дожд и пониски температури, ова се деталите..

Објавено пред

на

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во текот на ноќта ќе има услови за локален краткотраен дожд. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се искачи до околу 32 степени.

Потоа од утре попладне па во следните неколку денови кај нас ќе настапи ГОЛЕМА ПРОМЕНА на времето. Облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат нешто ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и во следните денови ќе бидат потпросечни за овој дел од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

И во Скопскиот регион од утре попладне па во следните неколку денови ќе има повремени врнежи од дожд, додека температурите ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и ќе се искачуваат до околу 22 степени.

Известува: Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 2 часа

РКЕ донесе одлука, од ноќеска дизелот поскапува, додека цената на бензинот се намалува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

СкопјеПред 2 часа

МВР по распишана потерница, приведе двајца измамници од Скопје

Денеска (27.09.2021) од 09.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана...

Временска прогнозаПред 8 часа

Сончево и топло уште денес, од утре попладне и следните денови врнежи од дожд и пониски температури, ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен...

На денешен денПред 9 часа

На денешен ден (27 септември)

1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, еден од најмоќните европски монарси. За време на неговото владеење (1610-43), тој воведе...

ХороскопПред 16 часа

Хороскоп за денес (27 септември) понеделник

ОВЕН Бидете внимателни ако планирате да ги правите работите поинаку или едноставно денес одлучите да промените нешто во вашиот секојдневен...

КичевоПред 17 часа

Редици пред Крнинската икона на Пресвета Богородица во Пречиста поради нејзините чудеса

И оваа година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е манастирска слава на Манастирот Пречиста Кичевска, редици верници...

КултураПред 17 часа

Денес е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

На денешен денПред 18 часа

На денешен ден (26 септември)

1186 – Дубровник склучи мир со големиот српски префект Стефан Немања, кој двапати се обиде да го преземе градот (1184...

АвтомобилиПред 20 часа

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани уживаа во денешниот „Track Days“ во организација на „Custom Car Racing Team“ од Скопје

Денешниот ден го заокружуваме со автомобилизмот, имено како што најавивме во организација на „Custom Car Racing Team“ од Скопје по...

СпортПред 21 час

(ГАЛЕРИЈА) ФК Напредок се враќа во ритам по убедливата победа од 3:0 против ФК Слатино во денешниот пријателски меч

Нашиот кичевски фудбалски клуб кој се натпреварува во третата македонска фудбалска лига, денес одигра пријателска утакмица со екипата на ФК...

НАЈЧИТАНИ