Занимливости Случувања

Стравична сцена: Лав во циркус гризна за лице четиригодишно девојче (ВИДЕО)

Во еден циркус во Русија се случи стравичен инцидент во кој еден од циркуските лавови го одгриза лицето на четири годишно девојче, кое беше сместено во првиот ред во публиката.

Посетителите на циркуската претстава во рускиот град Испенское во областа Краснодар , се шокираа кога лавот среде претстава завлече едно девојче во рингот.

Девојчето е снимено како станува од своето место во првиот ред за да отиде зад сигурносната мрежа. наеднаш лавот скокнува по девојчето иако тренерот го држи на каиш. наеднаш лавот скокнал , го зграпчил девојчето и го изгризал девојчето од увото до брадата.

Девојчето е веднаш однесено на интензивна нега во болница и докторите велат дека е вон животна опасност.