Следете не

Балкан

(ВИДЕО) Лепа Брена збесна на концерт му се развика на фан од публиката, погледнете зошто

Avatar

Објавено пред

на

Атрактивната српска дива Лепа Брена иако не е познато каде е снимено видеото, се знае дека набрзо по неговото поставување на ЈуТјуб мрежата експресно беше тргнато, но набргу беше реобјавено од непознат.

Погледнете за што се работи:

Балкан

Малолетничка си го убила бебето – и помогнала мајка и

Avatar

Објавено пред

на

Уапсена е малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а во тоа и помогнала и нејзината мајка.

Според неофицијални информации пренесени од медиуми од БиХ, малолетничката наводно се породила во стан во сараевската населба Алипашино Поле, каде го убила своето бебе. Наводно за сето време со неа била и нејзината мајка. Случајот излегол на виделина кога малолетничката завршила во Клиничкиот центар во Сараево. Лекарите утврдиле дека таа крвари по порадување, за што ја известиле полицијата.

Членовите на сараевската полиција ја уапсиле малолетничката и нејзината мајка. Мајката била сместена во затвор, а малолетничката во установа, пренесува Аваз.

Прочитај повеќе...

Балкан

Бугарија подготвена да му плати 250 милиони евра на Фолксваген за да изгради фабрика во земјата

Avatar

Објавено пред

на

Со цел да се обезбеди договор за новата фабрика на Фолксваген, Бугарија е подготвена двојно да ги зголеми субвенциитете што ги нуди, пишува германскиот весник Франкфуртер Алгемајне Цајтунг.

– Најдовме начин да му понудиме на Фолксваген 250 до 260 милиони евра, наместо 135 милиони евра, изјави поранешниот шеф на државата Росен Плевнелиев за ФАЦ.

Во моментов, Плевнелиев е претседател на автомобилскиот кластер во Бугарија и активно лобира за својата земја.

Бугарија на Фолксваген му нуди голема индустриска област надвор од главниот град Софија, во близина на аеродромот.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, пак, наведе добри услови за германските инвеститори и многу ниски даноци.

Германскиот производител на автомобили веќе формираше турска единица во западниот град Маниса на почетокот на октомври, поставувајќи ги темелите за нејзиното производство во Турција.

Меѓутоа, автомобилскиот концерн Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција, во момент кога Анкара спроведува операција во Сирија, јави весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на свои извори.

– На целата ситуација гледаме со голема претпазливост, изјави претставник на Фолксваген за „Ханделсблат“.

На 9 октомври турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го објави почетокот на операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија против Курдската работничка партија и терористичката група Исламска држава.

Во новата фабрика во Маниса, во близина на пристаништето во Измир, планирано е да се произведуваат новите модели „Пасат“ и „Шкода Суперб“. Фолксваген ќе инвестира една милијарда евра во погонот. Планирани се 4.000 работници, а по 2022 година фабриката треба да произведува 300.000 возила годишно. За таа цел, Фолксваген регистрираше подружница во Маниса со капитал од 150 милиони евра.

Прочитај повеќе...

Балкан

Камери ќе ги ,,ловат“ несовесните возачи на автопатот Белград-Ниш

Avatar

Објавено пред

на

Сите оние кои мислат да патуваат кон Србија, од 15 октомври треба да знаат дека 56 камери кои се поставени на 14 локации во двете насоки на автопатот Белград-Ниш, ќе го регистрираат нивното однесување и брзината со која возат.

Секое пречекорување на дозволената брзина од 130 километри начас ќе биде казнето.

Првите три месеци ќе бидат пробни, но потоа секое прекршување на правилата ќе биде казнето и тоа камерите ќе ја регистрираат средната брзина на возење, што значи дека нема да биде толерирано никакво пречекорување на брзината над 130 километри на час.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МагазинПред 9 часа

Редовен Хороскоп (19.10) Сабота

ОВЕН Иако сакате да ја промените работата, имате впечаток дека сѐ уште не сте сосема подготвени на тој чекор. Не...

КичевоПред 10 часа

(ГАЛЕРИЈА) Вечерва во Кичево беше успешно реализиран хуманитарен концерт наменет за доизградба на црквата „Св.Атанасиј“ од с.Миокази

Денес, петок 18.10.2019 успешно се реализираше хуманитарен концерт чии финансиски средства од продадените карти директно се наменети за доизградба на...

КичевоПред 15 часа

Кичевчани спремно е се за одржување на Хуманитарен концерт, повелете

Спремно е се за реализација на Хуманитарниот концерт за доизградба на светиот храм во с.Миокази – Св.Атанасиј. Настанот ќе го...

ВидеоПред 1 ден

(ВИДЕО) На ракија проба да јава коњ, но некако не му одеше…

Кутриот „малку“ се напил и не може сега ниту да се качи на коњот. Очигледно сега се му е недостижно:

ХороскопПред 1 ден

Денешен Хороскоп (18.10) Петок

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Живот и стилПред 2 дена

Обратна психологија на жените: Вака се врти маж на мал прст

Не за џабе се вели: „Мажот е главата на семејството, но жената е вратот”. Таа е таа која има способност...

КичевоПред 2 дена

(ФОТО) Конечно се започна со „асфалтирање“ магистралниот пат на излез од Кичево

После речиси месец и половина возење како „по шини“ врз огромен број концентрирани честички „прашина“ денес механизацијата започна да го...

СпортПред 2 дена

Ла Лига повторно со иницијатива да се играат првенствени натпревари надвор од Шпанија

Раководството на шпанската Ла Лига не се откажува од идејата да се игра првенствен натпревар во друга земја. Според објавеното...

БалканПред 2 дена

Малолетничка си го убила бебето – и помогнала мајка и

Уапсена е малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а во тоа и помогнала и нејзината мајка. Според неофицијални...

БалканПред 2 дена

Бугарија подготвена да му плати 250 милиони евра на Фолксваген за да изгради фабрика во земјата

Со цел да се обезбеди договор за новата фабрика на Фолксваген, Бугарија е подготвена двојно да ги зголеми субвенциитете што...

НАЈЧИТАНИ