Следете не

Без категорија

(ВИДЕО) Лет од Токио до Сан Франциско за 83 секунди, ова мора да го погледнете

Објавено пред

на

Погледнете како изгледа забрзана снимка од лет на Боинг 747 од Токио до Сан Франциско.

Летот трае неколку часа, а тука имате можност во само 83 секунди да го „прелетате“ цел пат.

Погледнете го ова прекрасно видео и споделете го со пријателите:

Без категорија

АТВА Маркети со нова акција на производи по екстра намалени цени

Објавено пред

на

Производи на акција по супер неодоливи цени, само во АТВА маркети – Кичево

Прочитај повеќе...

Без категорија

Денес е големиот празник „Александрија“, со векови чествуван во кичевска Белица

Објавено пред

на

Кичевска Белица, денес 26 мај го празнува празникот Александрија кој е посветен на светецот-маченик Свети Александар.

Празнувањето кога не би била ситуацијата со пандемијата од Ковид-19 би започнало најпрво со одењето на жените ден порано во малото црквиче кое го носи името на светецот, ќе одржат молитва за своите најблиски и ќе се дружат.

На денот на празнувањето 26 мај, во црквичето се одржува утринска литургија, па крштевка, па венчавка и во 14 часот ќе започнеше долго очекуваната народна веселба со музичка група.

За оваа веселба секогаш била обезбедена храна и пијалоци. Поканети се сите, особено оние кои го носат името Александар и Александра.

Свети Александар е светец-маченик од Македонија кој служел како војник во војската на римскиот император Максимијан. Пострадал како христијанин кратко пред да биде озаконето христијанството во римското царство. Неговата мајка го зела телото и го погребала.

Празникот Свети Александар (Александрија) се празнува во Белица со векови, а над селото постои мала црквичка, сега обновена, изградена во поново време врз темели на постара базилика која датира од доцноримско време.

Постои претпоставка дека токму таа да ги крие моштите на светецот, а самиот светец да потекнува од ова село кое е доста старо.

Нека ви е честит и вековит празникот наши пријатели беличани и кичевчани!

ФОТО: Архива / porta.mk

Прочитај повеќе...

Без категорија

25. коло во 2. МФЛ ќе се одигра в сабота. ФФМ ги покрива трошоците за тестирање

Објавено пред

на

Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари од 25. коло од Втора МФЛ – Исток и Запад да бидат одиграни на 01. мај 2021 (сабота) со почеток во 13:00 часот.

Фудбалската федерација на Македонија согласно одлуката од Владата на Република С. Македонија за изменување и дополнување на одлуката за превентивни препораки, член 1, објавена во СЛУЖБЕН ВЕСНИК ќе спроведе ТЕСТИРАЊЕ – Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19) во лабораторијата БИОТЕК во Скопје.

ФФМ го подмирува тестирањето за 25 лица по екипа (18 фудбалери и членови на стручен штаб) и официјални лица на натпревар се додека е на сила мерката за задолжително тестирање пред секој натпревар со Молекуларна RT – PCR Детекција на SARS-CoV-2 (Covid-19).

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 3 часа

РКЕ донесе одлука, од ноќеска дизелот поскапува, додека цената на бензинот се намалува

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

СкопјеПред 3 часа

МВР по распишана потерница, приведе двајца измамници од Скопје

Денеска (27.09.2021) од 09.15 до 10.20 часот на ул.„Виктор Иго” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим Потраги, по распишана...

Временска прогнозаПред 9 часа

Сончево и топло уште денес, од утре попладне и следните денови врнежи од дожд и пониски температури, ова се деталите..

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен...

На денешен денПред 10 часа

На денешен ден (27 септември)

1601.- Роден е францускиот крал Луј XIII, еден од најмоќните европски монарси. За време на неговото владеење (1610-43), тој воведе...

ХороскопПред 17 часа

Хороскоп за денес (27 септември) понеделник

ОВЕН Бидете внимателни ако планирате да ги правите работите поинаку или едноставно денес одлучите да промените нешто во вашиот секојдневен...

КичевоПред 18 часа

Редици пред Крнинската икона на Пресвета Богородица во Пречиста поради нејзините чудеса

И оваа година, на празникот Рождество на Пресвета Богородица, кој воедно е манастирска слава на Манастирот Пречиста Кичевска, редици верници...

КултураПред 18 часа

Денес е Крстовден, од народните верувања се вели дека денот и ноќта се крстосуваат, а температурата почнува да се намалува

Во народните верувања, на денот кој се нарекува Крстовден, се смета дека сите молитви ќе се остварат. На Крстовден се...

На денешен денПред 19 часа

На денешен ден (26 септември)

1186 – Дубровник склучи мир со големиот српски префект Стефан Немања, кој двапати се обиде да го преземе градот (1184...

АвтомобилиПред 21 час

(ГАЛЕРИЈА) Кичевчани уживаа во денешниот „Track Days“ во организација на „Custom Car Racing Team“ од Скопје

Денешниот ден го заокружуваме со автомобилизмот, имено како што најавивме во организација на „Custom Car Racing Team“ од Скопје по...

СпортПред 23 часа

(ГАЛЕРИЈА) ФК Напредок се враќа во ритам по убедливата победа од 3:0 против ФК Слатино во денешниот пријателски меч

Нашиот кичевски фудбалски клуб кој се натпреварува во третата македонска фудбалска лига, денес одигра пријателска утакмица со екипата на ФК...

НАЈЧИТАНИ