Временска прогноза
Викендот може да се планира, ќе имаме летни температури!

Полека но сигурно летото ни доаѓа а тоа може да се забележи по поизразениот топол бран кој кај нас ќе стигне од овој викенд па и во текот на следната недела и истиот значително ќе ги покачи максималните дневни температури на воздухот. Сепак атмосферата и покрај ова нема да биде во целост стабилна па така во текот на попладневните часови не се исклучува можноста за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град и тоа поради загреаната атмосфера исполнета со енергија поради топлиот бран кој го очекуваме.
Особено од недела па во текот на следната недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека во најтоплите региони истите се очекува да се искачат и над 32 степени.
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
Следува промена на времето и пад на утринските температури, за време на викендот дожд на секаде во државата, детали..

До четврток времето во нашата држава ќе се задржи претежно сончево и топло преку ден со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени. Наутро ќе биде релативно студено со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени.
Од петок облачноста полека ќе се зголемува, додека за време на викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд кога ќе дува и умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец и истиот ќе услови намалување на температурите на воздухот. На планините ќе има услови за провејување на снег.
Во Скопје и околината до четврток времето ќе биде претежно сончево, додека од петок облачноста полека ќе се зголемува.За време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд кога ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 17 степени, додека за време на викендот истите ќе бележат тенденција на пад.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади

Иако климатолошката пролет започна денеска, сепак сеуште сме календарски зима. Во продолжение следува месечната временска прогноза за овој месец:
Според сегашните и подолгорочни анализи на времето, месец март ќе изненадува и ќе биде доста променлив. Имено се очекуваат повремени влажни воздушни бранови и циклонски циркулации кој ќе условуваат врнеживо и постудено време.
Не се исклучува можноста и за нови зимски продори на студена воздушна маса која би се спуштала од Сибир и би условила нови врнежи од снег, како на повисоките па така и на пониските места и тоа особено после 10-ти март.
Сепак со оглед на тоа дека одиме кон топлиот месец од годината, се очекуваат и повремени продори од југ кој би ги покачиле температурите позначително со што би имале и пролетни температури во текот на овој месец.
Ситуацијата континуирано ќе се следи – за секоја ново – настаната временска состојба граѓаните навремено ќе бидат информирани, што значи дека граѓаните да ги следат нашите краткорочни анализи за прецизни информации.
Автор: Славчо Попоски
Временска прогноза
Од денес започнува климатолошката пролет, потоплиот дел од годината

Од денес и официјално започнува климатолошката пролет, што значи дека полека но сигурно одиме кон топлиот дел од годината.
До четврток нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува претежно сончево и релативно топло време преку ден со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека од среда повторно во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат до околу 20 степени.
Од петок облачноста ќе се зголемува и за време на викендот ќе има услови за повремен локален дожд.
Во Скопје и околината продолжува сончевото и релативно топло време преку ден. Од петок облачноста полека ќе се зголемува. Максималната дневна температура на воздухот како денес, така и во следните неколку денови се очекува да се искачи до околу 15 степени.
/Славчо Попоски
-
Македонија1 ден
Хороскоп за денес (02.03) вторник
-
Кичево2 дена
ДПИ Кичево: При проверка на угостителски објекти, еден не ги почитувал мерките за заштита од Ковид-19
-
Кичево2 дена
Кичево и статистички на прво место во регионот за непочитување закон за маски, за 7 дена напишани дури 183 казни
-
Временска прогноза1 ден
Месечна временска прогноза – Снегот сеуште неизвесен, март месец може вистински да не изненади
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за (1-ви март) понеделник
-
Македонија8 часа
Нови 726 случаи на Ковид-19, починале 7 лица од кои 2 се од Кичево
-
Спорт3 дена
(ВИДЕО) Ноќеска од мексиканската лига го имаме евроголот на годината од 45 метри
-
Временска прогноза2 дена
Стабилно и суво со ниски температури во текот на ноќта и утрото, следната седмица се очекуваат врнежи од дожд, ова се деталите..