Следете не

Временска прогноза

Летно возење во малку поинакви услови

Објавено пред

на

Познато по високите температури, убавото време, годишните одмори и омилените патувања, летото е период од годината кој сите со нетрпение го очекуваме. Оваа година имаме малку поинакво, нетипично лето, со променливо време, многу врнежи и променливи температури.

Во вакви временски услови, возењето е отежнато, специфично и иако се работи за лето, условите се посебни и бараат посебен начин на возење.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува добро да се подготвите пред да тргнете на пат. Одморете се добро, проверете ја техничката исправност на возилото, проверете ги гумите, проверете го притисокот на воздухот во нив, проверете ги бришачите затоа што во услови на дожд и лошо време ќе ви бидат повеќе од потребни.

Проверете ги светлата, маслото во моторот и најважно од сѐ, проверете ја временската прогноза за денот кога планирате да патувате.

Доколку во текот на патувањето времето е облачно и тмурно со некој зрак сонце, препорачливо е да носите со вас очила за сонце за да не го напрегате видот, односно за да не се заморите прерано.

Доколку, пак, за време на патувањето ве фати невреме проследено со обилни врнежи од дожд, грмотевици и ветер, тогаш задолжително следете ги следниве совети:

1. Забавете. Намалете ја брзината на движење за 10 или 20 км/ч. При поголеми брзини, автомобилот го губи контатктот со подлогата, се подига од патот и се однесува како да скија на водатата. Ако се случи тоа, не паничете! Единствено што треба да направите е да забавите до онаа брзина кога автомобилот ќе го чувствувате нормално.

2. Избегнувајте возење низ поплавени делови (улици, области). Проблемот ќе настане кога нема да можете да ја процените добро длабочината на водата и таа ќе навлезе длабоко во вентилот за довод на воздух, а потоа и во моторот и автомобилот ќе изгасне.

3. Ослободете ги сопирачките откако ќе поминете низ вода (вир, бара). Тргнете го стапалото од педалата за гас. Ова создава топлина и триење што помага да се исушат сопирачките.

4. Запрете. Кога дождот е многу силен и видливоста преку ветробранското стакло е намалена до 50 метри – запрете! Тргнете се на страна и почекајте да се намали интензитетот на врнење.

5. Многупати, и покрај тоа што сте ги примениле сите совети за возење во услови на дожд, сепак може да настане проблем со возилото и да останете дефект на патот.

Во тој случај, РСБСП ви советува:

1. Осигурајте се дека автомобилот е надвор од сообраќај на патот. Тргнете го на страна и вклучете ги трепкачите. Обезбедете ја околината со траголник или со конуси. Внимавајте тие да бидат поставени на содветно и пропишано растојание.

2. Не излегувајте од возилото. Побарајте помош и почекајте во возилото. Доколку сакате сами да се соочите со проблемот на возилото, почекајте да престане врнењето, облечете рефлектирачки елек и бидете внимателни.

Условите за возење, особено во лето, се менуваат многу брзо. После дождот се појавува сонцето, водата испарува и се јавува нов проблем за возачите – магла. Иако оваа магла не е толку густа и опасна како маглата во зима, сепак бидете претпазливи, вклучете ги магленките на време и намалете ја брзината пред да навлезете во маглата. Ова ќе ги предупреди и другите возачи да ја намалат брзината. Особено бидете внимателни кога возите по угорнина, рид или планинско место.

Намалете ја брзината пред да почнете да го качувате ридот. Можноста да има запрен автомобил, одрон на карпа или колона возила е голема, а поради маглата нема да имате можност да ги видите на време.

Внимателното возење е клучно за безбедноста на секој учесник во сообраќајот, а одговорноста при возењето е одлика на карактерот на секој возач и придонесува за безбедно одвивање на сообраќајот.

Од РСБСП повторно со апел: „Почитувајте го сообраќајот, почитувајте ги правилата и прописите, не ги занемарувајте временските услови, предупредувањата од метеоролозите и моменталните услови на патот. Возете внимателно, бидете одговорен возач.“

Временска прогноза

Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи

Објавено пред

на

Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Услови со утринска појава на магла по котлините, преку ден сончево и натпросечно топло за овој период од годината

Објавено пред

на

Времето утре ќе биде слично на денес, односно наутро ќе има услови за појава на мaгла некаде во котлините. Преку ден ќе биде сончево и натпросечно топло за овој период од годината, со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со мала локална облачност и тивко.

Температурите во јужните краеви на Македонија некаде ќе достигнат и до рекордни 20 степени, додека утринската ќе се движи околу 0.

Според првичните информации и од она што го најавуваат метеоролозите, после 10-ти февруари ќе следи промена на временската состојба, односно со зимата и снегот се уште не сме завршиле, но за тоа ќе прецизираме во текот на оваа седмица.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт6 часа

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг7 часа

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура7 часа

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle7 часа

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин8 часа

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

Магазин8 часа

Apple во Кина ги отстрани WhatsApp и Threads од AppStore на барање на властите

Американскиот технолошки гигант Apple ги отстрани апликациите WhatsApp и Threads на Meta од својот App Storea во Кина. Тоа било...

Хороскоп21 час

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Кичево1 ден

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

Спорт1 ден

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево1 ден

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

НАЈЧИТАНИ