Култура
Кичевчани присуствуваа на најголемата литија во Струга за Св.Ѓорѓија (ГАЛЕРИЈА)
Стружани оддадоа достојна почит на црковната поворка-литија, поздравувајќи ги моштите на Свети Георгиј, со фрлање цвеќе.
Традиционално и годинава во Струга, еден ден по празникот Ѓурѓовден, се одржа десеттата по ред струшка литија, на која се прикажаа моштите на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона.
Претходно во храмот на великомаченикот во Струга, со почеток во 16 часот, беше отслужена ктиторската вечерна богослужба.
Литијата беше најмасовна досега, со над 15 илјади граѓани што присуствуваа на настанот.
Од Бигорскиот манастир велат дека годинава литијата била збогатена со чудотворната икона Крнинска, од манастирот „Пречиста Кичевска“.
– Годинешната струшка литија (Еордија) со чесните мошти на светиот великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона беше збогатена со благословот на сепречистата Богородица, преку нејзината чудотворна икона Крнинска, од манастирот „Пречиста Кичевска“, носена од четворица кичевци. Од оваа година моштите на светиот победоносец Георгиј ги носат од двајца видни струшки граѓани. Моштите беа придружувани и чувани и од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија – посочуваат од Бигорскиот манастир.
Бигорската и Рајчичката монашка обител, на чело со архимандритот Партениј, за првпат пред десет години, со благослов на владиката Тимотеј, ги донесе моштите на св. Георгиј Победоносец на традиционалната струшка литија, за да ја поткрепи и збогати. Тоа предизвика голем интерес не само кај нашиот народ, туку и пошироко, кај соседните православни народи.
Зборот литија значи свечена црковна процесија и е составен дел од богослужбата во црквата. Вакви процесии, според традицијата, се практикуваат во сите православни земји и секогаш се збогатени со светињи – мошти и чудотворни икони.
Литијата постои во Струга уште од времето на преродбата, која е на местото од стариот храм од 16 век, кој бил урнат во времето на Османлиите. Иконата на свети Георгиј, пак, е најстарата икона од овој светец во Македонија, а се вбројува и меѓу седумте икони од 13 век пронајдени во македонските храмови.
На иконата светецот е претставен во природна големина. Во десната рака, подигната во висина на главата, држи копје. Му припаѓала на иконостасот на старата истоимена струшка црква, која била урната и на нејзино место во 19 век бил изграден денешниот централен црковен храм „Свети Георгиј“
Воедно ги поздравуваме кичевчаните Софче Билески, Јане Темелкоски, Драган Кузманоски и Горан Сиљаноски – кои ја носеа чудотворната икона Крнинска, од манастирот „Пречиста Кичевска“
Погледнете ја целата галерија од над 500 фотографии од настанот погледнете ја со кликање ТУКА
Култура
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The Beginning”, “Between Passion And Suffering”, “Empire Of Slaves”, “Butchered Hope”, “Wrath Of The Innocent” и “Hand Of Salvation And justice”кој може да ги преслушате на неговиот Youtube канал.
Кичевчанецот, освен што е комплетен автор, тој е и комплетен изведувач на темата, аудиото, миксот и мастерингот се на Христијан Ѓоргиевски, а сето тоа визуелно ни го претставија Александар Вренцовски и Ненад Милошески
Послушајте, споделувајте и се надеваме ќе ви се допаднe.
Култура
Честитки по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ на сите припадници на исламската вероисповед
Токму денес на сите наши читатели, поддржувачи на пишаниот збор од информативен и јавен карактер – Ви го честитаме срдечно највозвишениот ден од исламскиот календар, празникот Рамазан Бајрам, посакувајќи празнична радост во сите муслимански семејства.
/Порта.мк
Култура
Денес се слави „Благовец“ празник на мајките, честит именден на Благој, Благица, Блаже..
Името на празникот Благовештението е истоименито со Евангелието.
Тие носат исто име. Евангелие е Благовестие, Благовештение. Празникот така и се нарекува на грчки јазик: Евангелизмос (ЈО Еујаггелисмовч), а на старомакедонски (црковно-словенски) јазик: Благовештение(БлаговѕГен·е). Составено е од два збора: блага + вест, радосна вест.
Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвете Богородица. Тие се поврзани со животот на Божјата Мајка. Таков е и овој празник. Со право некои го сметаат и за двоен празник: Господов и Богородичен. Господов, бидејќи на овој ден Господ Исус Христос се воплотил зачнал, а Богородичен, бидејќи Богородица постанала Божја мајка.
Полното име на празникот е: Благовештение на Пресвета Богородица. Се сретнува, обично во руски и црковно-словенски богослужбени книги и како Благовештение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија.
Бил именуван и како: Благовештение на Марија од ангелот, Зачнување Христово, Почеток на искупувањето, Почеток на спасението, Благовештение за Христа, а во ВИИ век е усвоено името: Благовештение на Пресвета Богородица.
Благовештение го празнуваат и Источната и Западната црква.
Неговото народно именување е Благовец, Благоец, Благостене, Благовден, Половина Велигден, Блошчење, Кукувден.
Благовец празник на мајките
Благовец е празник на Божјата Мајка, а според старата црковна традиција е и празник на сите мајки Денот на мајките. Новото нецрковно време го заменуваше со празнувањето на 8 Март, па се подзаборава дека Благовештение е празникот на мајките.
На Благовец е денот на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание.
Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
Денес, бакнете ја мајка ви. На овој ден се покажува особена сострадалност и помош кон сирачињата, кон бедните и кон унесреќените.
Именден
Именден празнуваат: Благој, Блаже, Блажо, Благин, Благомил, Благомир, Благовестин, Благун, Евангел, Вангел, Блага, Благица, Благана, Блажена, Благојка, Благуња, Благодатка, Благовеста, Бонка, Вангелија, Евангелица и др.
Датум на празникот
Празникот Благовец е секогаш на 7 април (односно 25 март, по стар стил). Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници.
Постојат две причини за поврзувањето на Благовец со овој датум: Првата е поврзаноста со Божик, а втората, со создавањето на човекот.
Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум. Благовец е строго поврзан со Божик. Се празнува точно девет месеци пред Божик. Неговата поврзаност со Христовото раѓање не му дава да биде изместен, бидејќи тој е датумот на зачнувањето (7 април / 25 март с.к.), а девет месеци потоа е Раѓањето на Господа Исуса Христа (7 јануари / 25 декември с.к.).
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура10 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Lifestyle10 часа
Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“