Следете не

Секс и врски

Овие грешки се главни зошто неможете да ја најдете љубовта на вашиот живот

Објавено пред

на

Иако можеби тоа не ви изгледа како вистина, може да има причини зошто не можете да ја пронајдете љубовта на вашиот живот. Идентификувајте ги четирите вообичаени грешки што ги прават жените кога ги бараат „вистинските“ и потрудете се да се ослободите од нив или да ги избегнете:

Имате големи очекувања

Ако штотуку се откажувате од имиџот на идеалниот дечко што го создадовте во вашата глава и барате некој кој ќе ги исполни сите критериуми на вашата листа, шансите се дека ова ќе биде многу тешко и ризикувате да го елиминирате „оној“ само затоа што, не ја слуша истата музика како вас или не ви се допаѓа неговата боја на коса.

Постојано сте во потрага

Залудно не е кажано дека најдобрите работи во животот се случуваат кога најмалку го очекувате, и ако постојано сте во потрага по момче, можеби нема да можете да го пронајдете. Психолозите тврдат дека една од најголемите грешки на девојчињата е тоа што тие се убедуваат дека треба што поскоро да најдат момче, поради што се под постојан притисок и не се однесуваат природно кога запознаваат некој нов.

Сакај се

Кога некој не е задоволен од самиот себе, може да се види однадвор. Самоуверените девојки кои се сакаат себеси со сите свои „маани“секогаш ќе бидат попривлечни од оние кои се свои најголеми критичари, така што првиот чекор за пронаоѓање на човекот од соништата е да се сакате себеси.

Магазин

Жените кои глумат оргазам повеќе се наклонети кон неверство

Објавено пред

на

Иако мажите често се обвинети за глумење во креветот, жените се оние кои предничат кога станува збор за лажирање оргазам.

Ако ја „фатите“ вашата дама како глуми оргазам, најпрво запрашај се, зошто тоа го прави, а потоа дали позади тоа стои некој друг „човечки фактор.

Лажниот оргазам не е само показател дека во врската нешто не е како што треба, туку може да биде јасен знак дека жената е неверна. Неодамна спроведено истражување покажува дека жените кои се склони кон глумењето на оргазми, често имаат тенденција да бидат и прељубници.

Студијата која е спроведена во соработка со припаднички на понежниот пол покажува дека колку што 50 отсто од жените кои го лажираат оргазмот, тоа го прават за да не го повредат и разочараат партнерот. Сепак, тоа не само што негативно влијание врз односите и квалитетот на врската, но, исто така, ги потикнува жените да бидат неверни.

Иако мажите често се обвинети за глумење во креветот, жените се оние кои предничат кога станува збор за лажирање оргазам, но и покрај тоа не успеваат да ги надминат мажите на листата на неверства. Тие во оваа трка го завземаат непобедливото прво место

 

 

Прочитај повеќе...

Магазин

Прекинете ја караницата на наједноставен начин

Објавено пред

на

Наше мислење е дека не постои ниту еден пар на светот кој не се кара, макар и за ситници. За да ја прекинете или ублажите караницата потребни ви се само добри реченици и сè ќе биде во ред.

Наместо да си галамите еден на друг сè додека прозорите не се скршат, обидете се да го прашате партнерот што можете да направите за да го решите проблемот којшто настанал. На тој начин ќе почнете нормален разговор со нормален тон.

Ако се карате веќе подолго време, најдобро решение е да му понудите на партнерот заедно да ја гледате омилената серија. На тој начин ќе знаете дека и по караницата нормално ќе функционирате.

Додека се карате со партнерот кажете му дека е згоден кога е лут. Каков и да е, сигурно ќе му изнудите насмевка на лицето.

Прашајте го партнерот што тој чувствува додека се расправате. На тој начин подобро ќе ги увидите потребите на другиот и можеби ќе престанете да се карате.

Доколку караницата започнала поради некоја ситница, најдобро е да се запрашате дали е тоа поважно од вас двајца. Ако сфатите дека не е, ќе ви биде лесно да го решите проблемот кој го имате.

Прочитај повеќе...

Магазин

9 тајни за долга и среќна љубов

Објавено пред

на

Отсекогаш сте се воодушевувале на складните парови кои прекрасно функционираат, но не сте успеале да ја откриете тајната на успешна врска? Еве неколку корисни совети:

 

Простувајте – И на вас и на вашиот партнер ви е потребна сигурност. Двајцата сакате да се чувствувате сигурно и задоволно еден покрај друг, па затоа и добрата врска се темели врз меѓусебно разбирање и простување.

Бидете економични – Парите се, може да се каже, едни од главните предизвикувачи на конфликти. Потрудете се правилно да го распоредите домашниот буџет. Не трошете повеќе отколку што имате, не влегувајте во минус и не купувајте непотребни работи.

Поделете ги обврските – Ако домашните обврски не се правилно распоредени, ќе дојде до кавга. Секој член на семејството, вклучувајќи ги и вашите партнери, треба да има свои задолженија и совесно да ги извршува. Така, кога ќе ги завршите сите работи, ќе имате повеќе време еден за друг. А и за одмор.

Не се расправајте пред децата – Пред децата морате да бидете единствени. Дури и ако вашиот партнер не се снаоѓа баш најдобро со деца, без оглед на нивната возраст, охрабрувајте го да се занимава што повеќе со нив. Не го/ја критикувајте пред нив, туку тоа правете го насамо.

Разбијте ја здодевноста – Запамтете дека здодевноста е обично синоним за лутина. Ако чувствувате дека со неа/него ви е здодевно, запрашајте се зошто се лутите. Не би било лошо да го преиспитате и вашето однесување, зошто најверојатно и вие нему/нејзе не сте му/ѝ секогаш забавни.

Слушајте што ви зборува – Натерајте го партнерот да ве слуша такашто ќе му покажете колку го цените неговото целосно внимание. Меѓутоа, морате да му возвраќате со иста мера и да покажете интерес за она што тој го говори.

Контролирајте се – Научете да дебатирате. Не е суштината да изговорите нешто што не би сакале некој вас да ви рече. Контролирајте што ви излегува од уста и внимателно бирајте зборови.

Не драматизирајте околу се’ и сешто – Прифатете ги работите кои не можете да ги промените. Не драматизирајте ако нешто не иде според замисленото, а вие на тоа не можете да влијаете, зошто нервозата ќе ја пренесете и на партнерот. Заштедете ја енергијата за она што е навистина важно за вас, партнерот и семејството.

Желбите во склад со можностите – Не заборавајте дека двајцата ќе се менувате како што минува времето. Затоа, дури и ако мислите дека го разбирате или дека некои работи сте ги расчистиле, еднаш годишно проверете дали некој од вас сменил мислење за некоја важна работа.
Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен денПред 10 часа

На денешен ден (24 септември)

768.- Почина францускиот крал Пепин III Мали (Пепин ле Бреф), првиот монарх од династијата Каролингија. За време на неговото владеење...

ХороскопПред 13 часа

Хороскоп за денес -[ 24 септември ]- петок

ОВЕН Оваа недела ќе се случи емоционален климакс со влегувањето на месечината во вашиот знак, време е да се посветите...

МакедонијаПред 18 часа

Со Тотал ТВ секогаш си до најдобрите филмски содржини и најпопуларните ТВ серии. Погледнете ги следните најдобри ТВ понуди

Со Тотал ТВ секогаш си до најдобрите филмски содржини и до најпопуларните ТВ серии. Не пропштај и одбери го твојот...

МагазинПред 20 часа

Европската комисија предлага единствен полнач за сите електронски уреди

Европската комисија (ЕК) предложи USB-C да биде заеднички порт за сите електронски уреди. Денешниот предлог предвидува USB-C да стане стандардeн...

СпортПред 21 час

Женска репрезентација на Македонија до 17: На турнир во Естонија

Женската репрезентација на Македонија до 17 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, ги започна подготовките за квалификацискиот турнир што...

ГејмингПред 23 часа

Nvidia објавува драјвери за Windows 11 со поддршка за DLSS за повеќе од 28 игри

Nvidia објавува нова програма која додава поддршка за DLSS (Deep Learning Super Sampling) за 28 игри, а сега е сертифицирана...

СветПред 23 часа

Соединетите држави одобрија трета доза Pfizer-Biontek за стари лица и лица во ризик

Соединетите Американски Држави (САД) ја одобрија третата доза на вакцина Pfizer-Biontek против коронавирус за лица постари од 65 години и...

СветПред 23 часа

Вакцинација против корона наскоро и за бебињата: Директор на Модерна за борба против пандемијата на корона вирусот

Во моментов тестираме вакцини кои се адаптирани за делта сојот во клинички испитувања. Тие ќе ја формираат основата на зајакнувачки...

СкопјеПред 1 ден

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа следните скопски локации денеска ќе останат без електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, денес на ден 23.09.2021 година – четврток, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини...

СпортПред 1 ден

Спировски: Тимот го победува најтешкиот и најсилниот противник. Верувам дека сме на правиот пат.

Македонскиот репрезентативен фудбал по завршувањето на Европското првенство 2020. отвора нова страница во својата историја. Под водство на новиот селектор...

НАЈЧИТАНИ