Македонија
Љупче Спироски од Кичево избран за нов началник на „РЦ Запад“, истакнат професионалец во својата работа

Денес со наредба од Министерството за внатрешни работи, началник на Регионален центар Запад со седиште во Охрид е поставен Љупче Спироски од Кичево.
Регионалниот центар Запад опфаќа работа на гранично управување и контрола вклучувајќи гранична линија од 220 км со Република Албанија.
Во центарот се вклучени повеќе полициски станици, гранични премини со Република Албанија меѓу кои и езерската Полиција и Аеродром Охрид.
– Кичевчанецот Љупче Спироски е роден во 1986 година има завршено Факултет за Безбедност во Скопје. Вработен во МВР во 2014 година како приправник, а подоцна неговиот работен ангажман го поминува во Одделот за Недозволена трговија со дрога и оружје во ОВР Кичево.
Според прикажаното, станува збор за професионалец со исклучителни резултати во делот на недозволената трговија со дрога и оружје.
– Г-дин Спироски во својата работна дејност учествува на повеќе семинари од областа на полициското работење со кој се стекнува со разни сертификати меѓу кој и сертификат издаден од DEA/USA – америкаска агенција за борба против дрога.
Ја користиме оваа прилика да упатиме честитка, за успешна работа со врвни резултати!
Македонија
Жител на Крива Паланка возел 142 км/ч на место обележано до 70 км/ч

На 19.04.2025 во 11.30 часот на патот кон с.Гиновце, општина Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Т.М.(47) од Крива Паланка, кој управувал патничко возило „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, со поголема брзина од дозволената, односно со 142 км на час на место каде дозволената максимална брзина е 70 км на час.
Т.М. бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, известува МВР.
Македонија
На пат Гостивар-Кичево бил лишен од слобода возач кој престигнувал подолга колона

На 19.04.2025 во 12.10 часот полициски службеници од ПС Гостивар на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на каменоломот, го лишиле од слобода Ф.С. (59) од с.Ливада, струшко, кој со неговото возило „фолксваген“ со струшки регистарски таблици, извршил престигнување на подолга колона на возила, при што ја загрозил безбедноста во сообраќајот.
По документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 297-а од КЗ- „безобsирно управување сo моторно возило“, известуваат од МВР.
Македонија
Возел мотор без возачка и со сообраќајна од друг мотор со измината важност

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М.(48) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.
Полициски службеници го затекнале пријавениот во Дебар како управувал мотоцикл без да поседува соодветна категорија за управување на мотоцикл, додека сообраќајната дозвола била со измината важност од друг мотоцикл, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Кичево2 дена
Трагична сообраќајка со жртви кај кичевската месност „Сеферов бунар“
-
Кичево1 ден
СВР Охрид со детали за стравичната сообраќајка во Кичево која одзеде три животи
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (19 април)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за недела (20 април)
-
Кичево9 часа
(ГАЛЕРИЈА) Кичевскиот храм Св.Петар и Павле за „Воскресение Христово – Велигден“ преполн со верници
-
Македонија10 часа
На пат Гостивар-Кичево бил лишен од слобода возач кој престигнувал подолга колона
-
Временска прогноза1 ден
Од понеделник повторно нашата територија под влијание на циклонска активност која носи обилен дожд и електрични празнења
-
Култура22 часа
Радувајте се Православни Христијани, Христос Воскресна – Навистина Воскресна !!!