Следете не

Кичево

Кичевски ловџии: Од ноќва започнува ловната сезона

Објавено пред

на

Викендов започнува ловот на крупен дивеч и ќе трае до последниот викенд од јануари идната година. Ловечкото друштво „Сокол“ ги врши последните подготовки за претстојната ловна сезона, во ек е пријавување на ловџиите и подмирување на членарината која изнесува 4.000 денари за една сезона за лица до 60 годишна возраст и 2500 денари за ловџии постари од 60 години.

– Очекуваме ловџиите кои сакаат да ловат во нашето ловиште да ја подмират членарината до средината на месецов, а висината на истата зависи од возраста и изнесува 4.000 денари за лица не постари од 60 години и 2.500 денари за ловџии постари од 60 години, додека еднодневна такса изнесува 500 денари. Ловот на крупен дивеч се отвора викендов и ќе трае до последниот викенд од јануари следната година. Покрај останатиот дивеч, во една ловна сезона во нашето ловиште дозволен е и отстрел на 20 возрасни срни по 10 од обата пола. Ловот на срни се обавува во присуство на член од раководството на ловното друштво – вели Милован Симјаноски, од ловечкото друштво „Сокол“.

Симјаноски додава дека веќе три години во нивното ловиште престојуваат и странци и нивниот интерес е во постојан пораст и се шири и на ловџии од други земји.

– Паралелно со редовниот лов на локалните ловџии, трета година по ред комерцијален лов во нашето ловиште вршат ловџии од Швајцарија. Се работи за бизнисмени од оваа алпска земја, кои и годинава го најавија својот престој во нашето ловиште во текот на јануари. Покрај ловџиите од Швајцарија, за годинава имаме потврда дека во истиот месец кај нас ќе престојуваат и поголема група ловџии од Кипар, а има најави и за ловџии од  други земји, кои ги планираме за следната ловна сезона. Странците ловат на посебни локации на кои домашните ловџии немаат пристап и овие делови од ловиштата се наменети исклучиво за комерцијален лов. Според мое мислење, иднината на комерцијалниот лов е се поизвесна и според зборовите на странците, нашиот регион е идеален за лов на крупен дивеч и дека во иднина тука ќе престојуваат во уште поголем број- додава Симјаноски.

Инаку во текот на зимата ловечките друштва од кичевско вкупно три, покрај редовниот лов имаат грижа за дивечот неговиот подмладок, а во текот на студениот дел од годината кога е замрзнато и има висок снег, се грижат за прихрана на дивечот со зрнеста и кабеста храна. Во трите ловечки друштва од  овој регион членуваат над 1000 ловџии, не сметајќи ги оние што добиваат еднодневни дозволи за лов, во тој случај нивниот број е многу поголем.

Текст: Зоран Антоски

Кичево

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.

Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.

– „Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, за медиумите истакна министерот Тошковски.

ФОТО:

Извор: Министерство за внатрешни работи

Прочитај повеќе...

Кичево

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Објавено пред

на

©porta.mk

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на проектот „Размислувам, избирам, учествувам, Ученикот како активен граѓанин.“

Утре петок, 19.04.2024, со почеток од 11:00 до 13:00 часот во училиштето ке се одржи „Safe Spot Festival“ со тема – Интернет безбедност, така што колегиумот упатува покануваме до сите, да присуствуваат на овој настан, ќе биде забавно.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вчера двајца малолетници од Кичево нарушиле јавен ред и мир со физичка пресметка

Објавено пред

на

porta.mk

На 12.04.2024 година во 21.50 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека во близина на угостителски објект на улицата „Рудничка“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од еден врз друг малолетник, двајцата од Кичево.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 часа

Во недела град Велес е домаќин на футсал финале во рамките на „Купот на Македонија“, за трофејот ќе се борат „Клими“ и „Форца 2015“

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македонија. Финалната пресметка...

Гејминг4 часа

World of Warcraft доаѓа на конзоли?

Идејата дека World of Warcraft би можел да дојде до конзолите е пуштена безброј пати, а изгледа дека Blizzard конечно...

Култура4 часа

Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above

Неговиот седми музички проект „Fly Above“ штотуку е објавен на Youtube, зад себе има уште шест музички проекти наречени “The...

Lifestyle4 часа

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција...

Магазин4 часа

Meta интегрира чет-бот со AI во пораките на Instagram

Зошто да разменувате пораки со пријателите кога можете со бот? Meta го инјектира истиот четбот во секоја апликација што ја...

Магазин4 часа

Apple во Кина ги отстрани WhatsApp и Threads од AppStore на барање на властите

Американскиот технолошки гигант Apple ги отстрани апликациите WhatsApp и Threads на Meta од својот App Storea во Кина. Тоа било...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за петок (19 април)

ОВЕН Денес, се ќе се сведе на достигнувања, а не на тоа што сте или како се чувствувате за другите...

Кичево23 часа

(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас

Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија...

Спорт1 ден

(ФОТО) ФФМ и ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ втор пат по ред организираа инклузивен фудбалски турнир

На тренинг центарот „Петар Милошевски”, втора година по ред Фудбалската федерација на Македонија во соработка со ДСУ за рехабилитација и...

Кичево1 ден

ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“

Кичевското осново училиште Д-р „Владимир Полежиноски“ оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска во рамките на...

НАЈЧИТАНИ