Македонија Случувања

Намалена видливост поради магла во повеќе места како и состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, по интервенција на дежурните служби на ЈП Македонија Пат.

Намалена видливост поради магла до 50м. има на патниот правец Желино-Тетово-Гостивар.

Исто така намалена видливост има и на планинскиот превој Стража према Кичево до 50 до 70м