Автомобили
(ГАЛЕРИЈА) Македонци доминираа на „Night Car Meet 2k19“ во Врање, нашите „Car Club-Kicevo“ и останатите авто-клубови од Скопје и Охрид ги собраа пехарите!
И оваа година после како што најавија бурните периоди од убави случувања популарните „Major Team“ од Врање ни приредија одличен собир на платото пред спортската сала и го реализираа второто Night Car Meet 2k19.
Покрај прекрасната храна, ладните пијалоци, одличниот прием, настанот беше посетен од многу љубители на модифицираните возила, олд тајмерите, дрифт-возилата и останатите под-категории кои беа вклучени, имаше и интересни игри за посетителите кои на настанот му дадоа посебен шмек.
Нашиот кичевски „Car Club-Kicevo“ зеде учество на овој гламурозен собир со свои 3 возила и со особена чест ние да Ве известиме дека се вративме со 2 пехари за звук, едниот е за второ место на нашиот член Александар Мендизоски, кој со своите три 12-ки во своето Audi успеа да достигне дури 135,3 dB и да биде доволно за втората позиција во својата категорија, додека Бајрам Алиески (Бани) со своето Peugeot 307 се натпреваруваше во „extreme“ класата на озвучување и го освои исто така второто место со неверојатни 138,8 dB достигнување на својот bass-set.
– За нас е ова голем успех од 3 автомобили освоивме 2 пехари, бидејќи надвор од нашите граници патуваме за прв пат како релативно нов клуб и се надевам дека така и ќе продолжиме во рамките на можноста ќе бидеме и побројни за поголеми успеси, голем поздрав до организаторите како и до хотел „Ponte Bianco“ каде бевме одлично пречекани – за нашиот портал изјави Иван Стојкоски од „Car Club-Kicevo“
Тука беа и нашите пријатели од Охрид кои допатуваа во поголем број од „USCCO“ каде имаа свои членови кои освоија 2 пехари – Александар Стефаноски освои второ место за озвучување во категорија „Ц“, како и Тоше Грнчески – трето место во категорија „Euro Styling“ со својот Audi A6.
Исто така и пријателите од Скопје, „Extreme Power of City-Skopje“ – Филип Јанковски со својата „Corsa OPC“ освои 1. место за најниско возило со неверојатни 3,6cm, 2.место за styling (Euro Class) како и 3. место за озвучување во „Extreme“ класата. Ико Љубовчевиќ MAZDA x333 1. место во PRO Street, Виктор Стаиќ 1. место street C, Ивица Гриц 2.место street B и PRO street исто така како и награда за Роберт со својата Алфа.
Додека Мартин Митевски од Скопје со својата Mazda 323f доби заслужена награда за најдобар багажен простор (гепек)
Ги поздравуваме и дечките кои ги престигнавме на пат за Врање од Скопје и честитки бидејќи земаа 1.место со својата Mazda Miata (црвена) за најниско возило од кров со остварен рекорд од 106,5 cm.
Битолчани со полни раце работа на собирот, нивното присуство исто така го красеше настанот, но поради ангажираноста на претседателот во судскиот тим – не се натпреваруваа.
Во оваа прилика да ги поздравиме DJ Deda, како и дрифтерите со своите BMW машини кои никого не оставија рамнодушен, Марко Микиќ и Никола..
Секоја чест за организацијата и прекрасниот прием, ви пренесуваме фотографии кои сметаме дека се вистинскиот опис и дел од амбиентот преку нашиот објектив, уживајте..
Автомобили
(ФОТО) Произведен последниот легендарен „Bizzarrini 5300 GT“ revival едиција
Две години откако беше првично најавен, серијата Bizzarrini 5300 GT Revival Edition заврши. Последниот произведен примерок беше обоен во зелена Verde Bosco Ventiquatro, за да одговара на наградуваниот оригинал во сопственост на американски колекционер, користејќи го истиот процес што му го даде на Bizzarrini црвената Rosso Corsa користена за победникот на Ле Ман во 1965 година во својата класа.
Според Klix.ba, Bizzarrini 5300 GT е придвижуван од 5,3-литарски V8 мотор, кој развива повеќе од 400 КС, а односот сила-тежина е споредлив со современите суперавтомобили.
– „Bizzarrini 5300 GT Corsa Revival има за цел повторно да го претстави брендот Bizzarrini во елитата на автомобилскиот свет. Откако го комплетиравме првиот автомобил пред 24 месеци, неуморно работевме за да испорачаме автентични и совршени модели на Revival до најстрасните колекционери на автомобили во светот. Стигнавме до крајот на ова поглавје и подготвени сме за следново, а ова изгледа како уште еден значаен чекор на нашиот пат. Побарувачката за овој автомобил и интересот за нашите идни планови е токму реакцијата што чувствуваме дека брендот Bizzarrini, поврзан со еден од најголемите автомобилски инженери и дизајнери на сите времиња, навистина ја заслужува. Нашето внимание сега е свртено кон развојот на моделот Џото, да испорачаме автомобил повеќе од достоен за ценетиот назив“, изјави Сајмон Базби, директор на Bizzarrini.
Извор: Topgear.com
Автомобили
Toyota напредува со solid-state батериите за електричните возила
Toyota напредува во развојот на батерии за електрични возила.
Во трката за продолжување на животниот век и безбедноста на EV батериите, Toyota доаѓа со најсовремено решение: solid-state батерии. Подготвени да ја надминат долговечноста на традиционалните литиум-јонски батерии, овие иновативни извори на енергија се очекува да ја редефинираат издржливоста и ефикасноста на електричните возила. Оваа ветувачка технологија сигнализира голем скок напред во потрагата по одржлив и сигурен електричен транспорт.
Развојот на батериите на Toyota означува напредок во EV технологијата и потенцијално го продолжува животниот век на батеријата над сегашните 8-10 години на стандардните литиум-јонски батерии. Нудејќи поголема густина на енергија, побрзо полнење и поголема безбедност, овие батерии би можеле драстично да ја зголемат привлечноста на електричните возила бидејќи ветуваат дека ќе траат повеќе од 15 години. Овој потег ја претставува посветеноста на Toyota за иновации во создавањето на потрајно и поефикасно складирање на енергија за иднината на електричната мобилност.
Батериите во цврста состојба се менувач на играта за складирање енергија, елиминирајќи го течниот електролит што се наоѓа во конвенционалните батерии и прифаќајќи алтернатива во цврста состојба. Овој револуционерен дизајн ги минимизира ризиците како што е истекување на електролит и нуди стабилност што може значително да го продолжи животниот век на батеријата. Додека Toyota останува цврсто отворена за точниот животен век на своите батерии во цврста состојба, индустриските аналитичари предвидуваат импресивна издржливост од над 15 години, на голема возбуда на ентузијастите на ЕВ.
Примената на овие батерии не е само технички триумф, туку и стратешки маневар во понатамошното прифаќање на електрични возила на глобално ниво. Како што истражувањето и развојот продолжуваат да цветаат, а индустриските гиганти како Toyota го водат патот, иднината во која доминираат еластични и робусни електрични возила брзо се наближува.
Извор: ytech.news
Автомобили
Volkswagen инвестира 2,5 милијарди евра во Кина
Volkswagen ќе инвестира 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот и иновациски центар во кинескиот град Хефеи.
Центарот Хефеи ќе и помогне на компанијата да донесе технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведува целосно електрични возила, изјави членот на управниот одбор на Volkswagen Group Кина, Ралф Брандштатер.
VW се подготвува да произведе два модели на брендот Volkswagen во Кина, кои ги развива во соработка со кинескиот партнер XPENG, објавија вчера, додавајќи дека производството треба да започне во 2026 година.
На крајот на 2022 година, Volkswagen ја загуби „титулата“ на најпродавана марка на автомобили во Кина, која беше узурпирана од домашниот производител на електрични возила BYD. Германската компанија најави голем број нови модели во електрификацијата на кинеското портфолио за да го врати изгубениот удел на најголемиот светски автомобилски пазар.
/SeeBiz
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Култура7 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Хроника1 ден
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Lifestyle7 часа
Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?
-
Спорт2 дена
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“