Следете не

Спорт

Македонец со церебрална парализа ќе биде дел од Охридскиот атлетски маратон

Објавено пред

на

Васил Јанкула, Македонец од Мала Преспа кој боледува од детска целебрална парализа, ќе биде дел од 32-рото издание на Охридскиот меѓународен атлетски маратон, што ќе се одржи на 8 септември, јави електронското издание на весникот „Илинден“.

– Васил боледува од детска целебрална парализа но воедно е и човек со огромна волја и бистар ум. Неговата желба да со точак на три тркала ги помине овие навистина тешки 30 километри полни со големи угорници и удолници беше предизвик пропратен со одредена резерва, но беше прифатена, секако вон конкуренција. Големината на волјата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилен од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги, изјавија за весникот од Организацискиот одбор на маратонот.

Додаваат дека овој млад човек и покрај својот физички хендикеп ќе ја извози патеката од 30 км со својот велосипед за да ни покаже дека различностите се насекаде околу нас но дека треба да бидат прифатени дека и лицата со посебни потреби можат да бидат дел од еден ваков спортски настан.

Искажувајќи огромна почит за храброста и одлучноста на Васил „Илинден“, единствен весник на македонски јазик во Албанија, му посакува успешно да му покаже на светот дека физичкиот хендикеп не и може ништо на желбата и одлучноста на еден млад човек.

Спорт

Ѓоковиќ е петти носител на „Australia Open“

Објавено пред

на

Настапот на освојувачот на девет титули на отворањето Грен слем од секоја сезона дефинитивно го потврди и објавувањето на неговото име на листата на актери на познатиот турнир.

Оваа вест и фотографија како потврда на споменатата информација ја објави познатиот и добро упатен тениски новинар Михал Самулски.

На хартија, главен фаворит за победничкиот трофеј е светскиот рекет број еден Карлос Алкараз, а зад него се Рафаел Надал, Каспер Руд и Стефанос Циципас. Сите против нивната позиција на АТП листата.

Зад рекордерот на Австралија Опен во првите десет најсериозни кандидати за највредната проверка се Фелис Огер-Аљасим, Данил Медведев, Андреј Рубљев, Тејлор Фриц и Хуберт Хуркач.

Отвореното првенство на Австралија е на програмата од 16 до 29 јануари, а Ѓоковиќ се враќа по овогодинешната депортација од Австралија, под обвинение дека како угледен и против корона вирусот, невакциниран странец, може да го зајакне антиваксерското движење на петтиот континент.

Новак го освои Австралија опен во 2008, 2011, 2012, 2013, 2015, 2016, 2019, 2020 и 2021 година. Оваа титула ја брани неговиот вечен ривал, Шпанецот Рафаел Надал, кој во својата приватна колекција има 22 ГС трофеи, т.е. еден повеќе од Србите.

/danas

Прочитај повеќе...

Спорт

Франција и Англија по 40 години за прв пат „очи в очи“ на Светското во Катар

Објавено пред

на

printscreen/highlights video

Франција и Англија за прв пат по 40 години ќе одиграат дуел на Светското фудбалско првенство и ќе се борат за премин меѓу осумте најдобри репрезентации на Катар.

На крилата на Килијан Мбапе, Франција во осминафиналето ја совлада Полска со 3:1, додека Англија предводена од 19-годишниот Џуд Белингам го совлада Сенегал со 3:0.

На претходните светски првенства Французите и Англичаните одиграа два меча и двата ги добија Англичаните: во 1966 година, кога единствен пат ја освоија титулата светски првак (2:0 во групната фаза) и во 1982 г. исто така во групната фаза, кога 3:1.

На 10 декември ќе се одигра четвртфиналниот дуел меѓу двократниот светски првак Франција и Англија, која своевремено беше светски првак.

Ова се головите од двата меча, против Полска, односно против Сенегал.

Прочитај повеќе...

Спорт

(ФОТО) На Седлоски со Шкупи му оди во Кичево, победи остварија и Струга ТЛ и Шкендија

Објавено пред

на

Струга Трим Лум на најдобар начин ја заокружува полусезоната откако на едно коло пред зимската пауза се зацврсти на првото место со триумфот од 1-0 против Академија Пандев. Тимот на Срѓан Захариевски ја обезбеди есенската титула, прва во

Долго време Струга ТЛ бараше победнички гол на денешниот дуел со Академија Пандев и успеа да го постигне Дарко Илиески во 69.минута.

Шкупи со пресврт славеше против Брегалница во Кичево со 3-1. Себастијан Херера во 24.минута донесе предност за штипјани, но десет минути подоцна Фреди Алварез упати бомба од 35 метри и успеа да израмни. Кристијан Трапановски на почетокот на вториот дел се погрижи за пресврт, а триумфот го потврди Пепи Ѓорѓиев во 83.минута.

Љупчо Дориев беше човек на одлука во триумфот (1-3) на Шкендија против Македонија ЃП на дуелот во Ѓорче Петров. Тој го отвори резултатот во 19.минута, а потоа и ја затвори серијата голови во 84.минута. Ферхан Хасани стрелаше во 51.минута за Шкендија, а едн минута подоцна погоди Емир Скендери за „лавовите“ од Ѓорче Петров.

Силекс освои три бода на гости совладувајќи го Тиквеш во Кавадарци со 0-2. Филип Обадовиќ беше стрелец на првиот гол во 72.минута, а девет минути подоцна кратовци постигнаа уште еден погодок.

Во Прилеп, Победа и Скопје ремизираа без голови, пишува makfudbal.мк

ПРВА ЛИГА, 17.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

СТРУГА ТЛ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 3-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-3

ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-2

ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0-0

Неколку фотографии од врнежливиот викенд преку нашиот објектив:

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за среда (7 декември)

ОВЕН Може да очекувате фаза која ќе биде многу поволна за вас. Ќе успеете да остварите стабилизација на работа. Ве...

Кичево7 часа

Кичевски магацинско-дистрибутивен центар за прехрамбени производи има потреба од двајца Комерцијалисти за град Кичево

Магацинско-дистрибутивниот центар за прехрамбени производи „УНИОН ЕМ ЕМ“ од Кичево, како увозник и застапник за брендовите на „GOLD,WALTZ, SALBOS, COCOLINE,...

Lifestyle16 часа

Истражувањето открива: Како одложувањето на алармот влијае на нас?

Според новото истражување на Универзитетот Нотр Дам во Индијана, 57 отсто од возрасните обично сакаат да дремнат откако ќе се...

Lifestyle16 часа

Експерти: Луѓе кои никогаш не треба да пијат кафе

Кафето е одличен начин да добиете дополнителна енергија наутро или да го победите заморот среде работниот ден, а бројни студии...

Lifestyle16 часа

Дали навистина треба да ја миете косата двапати?

Дали вашата коса брзо се мрсни, само ден или два по миењето? Ако е така, веројатно ја миете косата често,...

Магазин16 часа

За да ги одржувате подолго свежи: Четири начини како да ги зачувате бананите

Ефективни трикови Сите знаеме дека бананите доаѓаат од тропските предели, па не е ни чудо што тие не можат да...

Lifestyle16 часа

„Форбс“ ги избра петте најпотценети градови на Балканот, меѓу кои и еден македонски на листата ВИДЕО

Реномираниот магазин Форбс објави листа на „најпотценети“ балкански градови, а на листата се најде и еден македонски град. Охрид Ако...

Автомобили16 часа

Honda започнува со производство на автомобили на водород во САД до 2024 година

Honda во производствениот процес вклучи автомобили со водородни горивни ќелии, а засега само во САД. Производителот на автомобили откри дека...

Временска прогноза17 часа

Променливо облачно време, за викендов нови врнежи од дожд

Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на јужно струење на висина, и истото условува НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ температури на воздухот. Времето...

На денешен ден18 часа

6 декември – На денешен ден

1988.- Починал Рој Орбисон (Рој), една од најголемите ѕвезди на американската поп и кантри музика, автор на хитовите „Only the...

НАЈЧИТАНИ