Македонија
Македонија има нов херој: 12-годишниот Марко го преплива Охридското езеро! (ВИДЕО)

Само три дена откако светската пливачка елита се втурна во битка со издржливоста, струите и предизвикот да го исплива 25 километарскиот маратон на макеоднскиот бисер на традиционалниот 32-ри по ред Охридски пливачки маратон, делницата од Свети Наум до охридското пристаниште денеска го преплива и младото охриѓанче.
Некаде околу 10.30 часот утринава Марко влезе во водите на охридското езеро и по помалку од осум часа успеа во својот подвиг. Стигна до охридското пристаниште за да го комплетира неверојатниот подвиг.
Илјадници охриѓани денеска со аплауз и со голема поддршка го дочекаа новиот макеоднски херој.
Секоја чест Марко!
Спорт1.мк
Македонија
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“

Под мотото „На пат секогаш тргнувај одморен“, Одделението за превенција при СВР Охрид и РСБСП ја спроведуваат превентивната кампања „Безбедно лето 2022“.
За таа цел, полициски службеници на Граничниот премин „Ќафасан“ и на повеќе локации во Охрид низ кратки едукативни разговори со возачите на моторни возила потсетија на потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи како основен предуслов за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на заморот и на високите летни температури врз способноста за управување со моторно возило.
Притоа, на возачите им беше поделен едукативен материјал со корисни совети за безбедно учество во сообраќајот. Кампањата продолжува и на другите подрачја на СВР Охрид, за Порта извести портпаролот на секторот – Стефан Димоски
Македонија
Центар за управување со кризи: Нема активни пожари во моментов

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во информацијата за состојба со пожарите во изминатото деноноќие наведува дека е изгаснат пожарот во кумановското село Добрача, кој бил предизвикан од удар на гром. Во пожарот изгореле околу 1000 бали сено и овес, а било интервенирано со едно возило и двајца пожарникари.
Со едно возило и тројца пожарникари од 9:00 до 10:00 часот било интервенирано во село Страхојадица, Општина Зелениково, каде била запалена ниска вегетација на површина од 1000 метри квадратни.
Интервенирано е во гасење на запалено ѓубриште и стари автомобилски гуми на локација кај поранешната депонија Вардариште во Општина Гази Баба. Во интервенцијата вчера, од 11:15 до 14:40 часот, учествувале едно возило и тројца пожарникари, информираат од ЦУК.
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:45 до 16:45 часот, било интервенирано во гасњење на запалена нискостеблеста вегетација во село Градманци, Општина Петровец.
Во периодот од 12:48 до 17:00 часот кај село Тројкрсти интервенирано е во гаснење на запален столб од мрежата на ЕВН и дрвените прагови од железничката пруга Прилеп-Битола. Известени биле Македонски железници со сугестија да извршат контрола на местото каде бил пожарот со цел да се утврди состојбата на железничката инфраструктура и безбедноста на сообраќајот. Во интервенцијата учествувале две возила возила и четворица пожарникари, посочуваат од ЦУК.
Со едно возило и тројца пожарникари, вчера од 13:10 до 13:50 часот, интервенирано е во гасењето на запалена сува трева на ул. „ 8-ми Март“ во Охрид.
Изгасната е и запалена сува трева и стрништа покрај патот во село Теарце, вчера од 13:03 до 16:59 часот. Во интервенцијата учествувале едно возило и тројца пожарникари.
/ЦУК
Македонија
Ноќниот радар „коси“, вчера во зајакната акциска санкционирани 261 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на возење

Во текот на изминатата вечер (12.08.2022) во периодот од 18.00 до 00.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 261 возач.
Од нив, 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. При тоа 170 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Суспектниот кичевчанец на мајмунски сипаници денес бил тестиран, неговите резултати ќе се објават во текот на вечерта
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (12 август)
-
Хороскоп21 час
Викенд Хороскоп -(сабота 13 август)-
-
Македонија22 часа
Заврши испитувањето на брисот земен од кичевчанецот по сомнежот дека имал „Мајмунски сипаници“
-
Lifestyle19 часа
(ВИДЕО) Теа Таировиќ се оправда и распали со нашата „Македонско девојче“ – нема поубаво од Македонче!
-
Временска прогноза2 дена
Според најновите анализи летните температури продолжуваат и во следните месеци после август
-
Временска прогноза6 часа
Поизразено невреме проследено со интензивен пороен дожд – ова се најновите метео информации
-
Македонија6 часа
СВР Охрид со активности на г.п. Ќафасан – „На пат секогаш тргнувај одморен“