Занимливости Спорт

Македонија ја доби првата атлетичарка со време под три часа на маратон

Македонија имаше неколку претставника на маратонот кој се трчаше во Подгорица, Црна Гора, а најдоброто време за нашата земја го оствари Адријана Поп Арсова, која е првата македонка која ја истрчала оваа дисциплина со време под три часа.

Девојката од Виница која е родена во 1990 година, целта ја мина со време 2:59:43 минуди и заврши на четвртото место во генералниот пласман. Кај девојките нашата земја ја претставуваше и Биљана Кираџиева, која заврши како осмопласирана.

Кај мажите, каде доминираа Кенијците, Игор Јакимовски заврши на 17. позиција, Александар Кираџиев беше дваесетти, Трајче Михов заврши на 32 место, а учество зедоа и Иван Мирчевски и Виктор Толески, кои завршија на 67. односно 81. место.

Gol.mk

Close