Спорт
Македонската футсал репрезентација загуби од БиХ за квалификациите за ЕП, вториот меч ќе биде против Романија

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз од 2:1 против Босна и Херцеговина ги започна квалификациите за Европското првенство. Во Зеница, македонската репрезентација загуби од домашната репрезентација, а двата гола за домашната селекција ги постигна Бошковиќ. Босанците водеа со 2:0, а потоа ние преку Петровиќ намаливме на 2:1.
На 3. февруари, селекцијата на Македонија предводена од Васко Скендеровски ќе го одигра вториот меч од квалификациите против Романија на домашен терен. Романија во првото коло одигра нерешено, 2:2 против Србија.
Стрелци: Бошковиќ 7‘, 16‘ (БИХ) Петровиќ 22‘ (М)
БИХ: Галиќ, Алаџиќ, Јелиќ, Кахџевиќ, Радминовиќ, Миланковиќ, Сесар, Сесар, Арнаутовиќ, Иванковиќ, Хркаќ, Бошковиќ, Омерховиќ, Петак
Македонија: Петковски, Мицевски, Ранготов, Петровиќ, Дандан, Стојановски, Сулејман, Исмаили, Крстевски, Леовски, Андов, Тодоровски, Арсовски, Сефери
Спорт
Македонската футсал репрезентација вечерва со директен пренос на МРТ3 игра против Романија

Спорт
Нашата репрезентација до 19 години победи против Црна Гора во првиот контролен меч, вториот е закажан за утре

Репрезентацијата на Македонија до 19 години славеше победа против Црна Гора во рамките на првата контролна средба одиграна меѓу овие две селекции.
На тренинг центарот „Петар Милошевски “, нашите фудбалери одиграа добар натпревар и сосема заслужено славеа победа со 2:0. Во првите 45 минути пропуштивме неколку добри прилики за постигнување гол. Отпорот на противникот го скршивме во второто полувреме. Во 54’ пенал за избраниците на селекторот Влатко Гроздановски, сигурен од белата точка беше Грегори Давков. Конечните 2:0 беа дело на Фета Бехар во 69’. Нашата селекција за овој натпревар беше ослабена со неиграњето на неколкумина стандардни репрезентативци.
МАКЕДОНИЈА: 1. Стефан Тасев, 2. Дарио Јовановски, 3. Грегори Давков, 4. Самет Реџепи, 5. Андреј Стојчевски, 6. Ване Крстевски, 7. Бехар Фета, 8. Христијан Јосифовски, 9. Михаил Талевски, 10. Октај Ракипи, 11. Љупче Кудев;
ЦРНА ГОРА:1. Иван Радовиќ, 2. Милан Радовиќ, 5. Никола Вукотиќ, 6. Неманја Бозовиќ, 8. Јован Дашиќ, 9. Виктор Џукановиќ, 10. Алекса Цетковиќ, 11. Дамјан Мугоша, 13. Кристијан Ернек, 14. Милун Јоковиќ, 20. Василије Делибашиќ;
Вториот контролен натпревар на истите селекции е закажан на 15 април со почеток од 11 часот.
Спорт
Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош

Еден од легендарните фудбалски клубови во Македонија, име кое често пати ги полнеше стадионите, своевремено прволигаш и финалист во купот од 2004 година денес се соочува со црна судбина, без спонзори, без никаква поткрепа.
Дел од луѓето кои му останаа верни на клубот преку официјалната фејсбук страна апелираат за било каква помош, во спротивно, клувот ќе згасне за секогаш.
-
Магазин2 дена
Убава вест, пејачот Влатко Миладиноски стана татко по втор пат, Илинче доби сестричка
-
Спорт2 дена
Легендарниот кичевски „ФК Напредок“ пред згаснување, се апелира за било каква помош
-
Без категорија2 дена
Хороскоп за денес (13 април) вторник
-
Македонија1 ден
Нови 1.129 ковид случаи, починале 27 лица, Кичево бележи 27 нови случаи денес
-
Кичево7 часа
ЕВН КЕЦ Кичево: Најавен прекин на електрична енергија од половина час во следните кичевски села утре
-
Кичево9 часа
Во Кичево пронајдена неексплодирана граната, од ДЗС е безбедно подигната
-
Кичево1 ден
Вчера се запалил електричен столб на улица „Ужичка Република“, нема повредени
-
Хороскоп3 дена
Денешен Хороскоп (12 април) понеделник