Следете не

Lifestyle

Малово расплака 13 милиони со видеото за неговата прерано почината мајка (ВИДЕО)

Avatar

Објавено пред

на

Oва видео ги расплака сите оние кои го погледнаа, иако се работи за видео од 2 минути, содржината допира во срце!

Ова мало момче останало без мајка си, а она што го направи покажува колку е силна љубовта помеѓу мајката и детето, и колку мајката може да му недостасува.

Lifestyle

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Одберете порака и покажете го вашето внимание. Честит празник дами!

Avatar

Објавено пред

на

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на мажите и жените. Сакајте ги, почитувајте ги и честитајте им го денешниот ден на вашите најмили со некои од овие пораки со кои ќе им го покажете вашето внимание:

 

● Многумина ќе ти посакаат брдо убави нешта, но ретко кој ќе се потруди тоа да ти го исполни! Јас ќе ти посакам само онолку колку што ти е потребно за да бидеш среќна… Среќен 8ми март!

● Во твојот мобилен телефон залутала порака каква овие денови сигурно не си видела….. а таа гласи: Среќен 8ми март!

● Да се биде жена е ужасно тешка задача, ако се има во предвид дека истата опфаќа константно соочување со мажите… Но, ти благодарам што си моја жена! Среќен ти 8ми март!

● Нека овој ден биде само твој, нека сонцето само за тебе сјае, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена, поинаква од сите… Среќен 8ми март!

● Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, ти испраќам среќа без крај, ти испраќам сон исполнет со љубов и најубавите желби за денешниот ден! Среќен 8ми март!

● Твојата љубов е како искра која што го осветлува мојот свет! Најсакана, сакам да ме водиш низ целиот мој живот! Среќен 8ми март!

● Оваа порака ја пренесува сета мојата среќа и доброто расположение! Барем на момент уживај во чувството дека некој постојано мисли на тебе! Среќен 8ми март!

● Те сакам што си најубава бајка и што си родена да бидеш токму моја мајка… Среќен 8ми март!

● Нека среќата ти стане стварност, а здравјето нека биде трајност, нека љубовта твоето срце го грее и секоја исполнета желба нека ти се насмее! Среќен 8ми март!

● Те сакам затоа што си мојот живот и токму тебе ти го должам целиот мој успех, не само на овој ден, туку и на секој друг, за нас посебен! Среќен 8ми март!

● Ова е убава порака, пишувана со убави букви во еден убав ден и истата е испратена во најубавата минута, а може да ја добие само најубавата личност на овој свет! Среќен ти 8ми март убавино!

● Чувствувај се посебно, единствено, најпрекрасно… Ова е твојот ден! Среќен ти 8ми март!

● Ти благодарам што нашиот дом го правиш најпрекрасното место за живеење во светот! Среќен 8ми март моја најсакана!

● Мојот свет е прекрасен поради тебе и посакувам секој ден од остатокот од животот да го поминам сакајќи те! Среќен 8ми март!

● Да бидеш полна како брод, да ги фрлаш сите мажи на под! Ти си риба, тие се шкарт – Среќен ти 8ми март!

● И на крајот онаа наједноставната, а за многумина и најдрага: Среќен 8ми март!

● Што и да се случува, една жена никогаш нема да биде заборавена и вечно ќе живее во моите срце и душа. Среќен празник, мамо!

● Нека овој ден ти биде посебен, сонцето постојано да те грее, не затоа што си жена, туку затоа што си единствена и поразлична од другите! Среќен 8-ми март!

● Нека секој следен ден ти биде подобар, сите желби остварени, и не заборавај на сонцето дури и тогаш кога истура дожд. Среќен празник!

● Те сакам затоа што си најдобра, полна со разбирање и издржливост. Горда сум што си ми мајка. Среќен 8-ми март, мамо!

● Ти испраќам ѕвезда со најубав сјај, многу среќа и бакнежи исполнети со љубов. Најубави желби за овој ден, среќен празник!

● Секоја добрина која ја даруваш нека ти се врати во поголема мера, нека љубовта биде твоја водилка низ животот и уживај не само денес, туку и секој нареден ден. Среќен 8-ми март!

● Сѐ додека Земјата се врти, јас ќе те сакам. Сѐ додека сјаат ѕвездите, јас ќе внимавам на тебе, а секое наредно утро ќе ти покажувам колку повеќе ми значиш! Среќен празник!

● Среќен празник на најубавата, најуспешната и најинтелигентната жена. Секогаш стреми се кон иднината и нека те пратат само убави моменти!

● Уживај во сознанието дека ги имаш најблиските до себе и чувството дека некому си му целиот свет. Секогаш имај на ум дека некој те сака и внимава на тебе. Среќен 8-ми март!

● Исполни ги годините со живот, а не животот со години. Запамети дека ти си достојна за внимание секој ден, а не само еден ден во годината. Уживај во својот живот, среќен празник!

Прочитај повеќе...

Lifestyle

(ВИДЕО) Ако се сака, сѐ се може – DJ Babura – Џуниор со музички сет од врвот на Маврово

Avatar

Објавено пред

на

ДиЏеј Бабура Џуниор на врвот на Маврово, со нов диџеј сет. Момчето кое безрезервно може да се каже дека е најактуелниот артист/диџеј во пандемијата од Ковид-19.

Секогаш наоѓа начин како да не забавува во овие мигови во негов стил но и секогаш од атрактивни локации.

Конкретно видеото е снимено од највисоката точка на Маврово – планината Бистра. Станува збор за преубава музика и видео и сигурни сме дека никој не би можел да остане рамнодушен.

Ова е уште еден доказ дека диџеј Бабура Џуниор не прекинува да ги забавува луѓето во овие тешки мигови.

За пријатно неделно попладне целосното видео и настанот следи во продолжение.

Уживајте!

 

Прочитај повеќе...

Lifestyle

(ФОТО) Кичевчанецот Златко Стојаноски лично обезбедување на светски имиња, „Бекамови“ и „Бела Хадид“ меѓу ѕвездите..

Avatar

Објавено пред

на

„Бела Хадид во добро друштво“, напиша Американскиот моден магазин „Footwearnews“, во текстот за посетата на американскиот топ модел, помалата сестра на Џиџи Хадид на Модната недела во Париз.

На фотографијата која ја објави магазинот, Бела излегува од хотелот во Париз, а доброто друштво е господинот кој е задолжен за обезбедување – Македонецот Златко Стојаноски кој своите корени ги влече од родно Кичево.

Златко веќе неколку години живее во Париз, а освен Бела Хадид, има соработувано и со Дејвид Бекам, Џиџи Хадид, Викторија Бекам, Гвендолин Кристи…

За Женски магазин, Златко раскажа како се остварил неговиот детски сон. Дружбата со славните светски личности е успех за секој поединец кој е посветен на својата кариера, посебно од нашата област. За да го постигнеш тоа како и секоја работа треба да се даде саможртва, голема посветеност и секако најголема самодоверба.

Целосното интервју прочитајте го кај нашите пријатели од „Женски магазин“ ТУКА

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ТехнологијаПред 2 часа

„Seagate“ откри комплетен план за производство на хард дискови од 50 и 100 терабајти

Откриен е комплетен план, еве што можете да очекувате во блиска и далечна иднина. Seagate планира да лансира хард диск...

LifestyleПред 3 часа

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жената. Одберете порака и покажете го вашето внимание. Честит празник дами!

Денес е 8-ми март, меѓународниот ден на жените кој се празнува секоја година. Овој празник настанал како резултат на борбата...

На денешен денПред 3 часа

На денешен ден – 8 март

1846 година – Во Белград е отворена првата читална во Србија, наречена Српска читална, подоцна читална во Белград. 1879 година...

ЗанимливостиПред 3 часа

Поради вродена заштита научниците открија кој не страда од опасната болест „рак“

Истражувачите проценуваат дека 11 до 25 проценти од светската популација умира од рак. Слична статистика е обично типична за животните....

ХороскопПред 4 часа

Дневен Хороскоп (8 март) понеделник

ОВЕН Бројни обврски се пред вас, но вие сте подготвени за нив. Амбициозни сте и многу сте посветени на работата....

ЗанимливостиПред 6 часа

Студија покажала дека гумите за џвакање предизвикувале главоболка?

Студијата покажала дека во текот на еден месец неконзумирање гуми за џвакање, 87 отсто од испитаниците немале главоболки или симптомите...

МакедонијаПред 10 часа

Денес 333 нови случаи на Ковид-19, починале 10 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.259 тестирања, а...

LifestyleПред 11 часа

(ВИДЕО) Ако се сака, сѐ се може – DJ Babura – Џуниор со музички сет од врвот на Маврово

ДиЏеј Бабура Џуниор на врвот на Маврово, со нов диџеј сет. Момчето кое безрезервно може да се каже дека е...

Здравје и убавинаПред 13 часа

Зошто е битен витаминот „Д“ и што може дополнително да предизвика

Кога имате мигрена, силната сончева светлина може да биде иритирачка. Но, редовното криење од сончевите зраци исто така може да...

Мобилни уредиПред 21 час

Од Кина стигнува мега мобилен на пазарот со екран од 165Hz, 18GB РАМ и 5,050 mAh батерија

RedMagic, гејмерскиот бренд на ZTE (поточно, неговиот оддел Nubia), претстави два нови телефони во соработка со кинескиот гигант Tencent. Станува...

НАЈЧИТАНИ