Свет Спорт

Марсело за Роналдо: Ако најдобриот го напушти тимот, нормално е да недостасува

Левиот бек на Реал Мадрид, Марсело призна дека Кристијано Роналдо му недостасува него, но и тимот.

Португалецот го напушти тимот во текот на летото и се пресел во Јувентус.

– Кристијано е поранешен соиграч и пријател. Јасно е дека ако најдобриот играч во светот го напушти вашиот тим, тој ќе ви недостасува. Секој тим би сакал да го има Кристијано. Играчите доаѓаат и си одат, но Реал секогаш ќе биде Реал и ќе ги има најдобрите играчи на секоја позиција, вели Марсело за „Клуб дел Депортиста“.

Во однос на досегашната сезона на „кралевите“, Бразилецот смета дека е премногу рано да се даваат генерални оценки.

– Никој не може да процени една сезона во септември. Тоа е лудило. Во февруари сè почнува да се обликува. Во моментов продолжуваме да играме на сите турнири. Сега ќе играме на Светското клупско првенство, кое треба да го освоиме, додаде Марсело.