Следете не

Спорт

Марк Гасол во Лејкерс

Avatar

Објавено пред

на

Шпанскиот кошаркар Марк Гасол ќе биде новиот играч на НБА шампионот Лос Анџелес Лејкерс.

Според американските медиуми, помладиот брат на Гасол се договорил за двегодишна соработка со Лејкерс, откако му истече договорот со Торонто.

Гасол го освои рингот со Репторс во 2019 година, тој помина повеќе од 10 сезони во Мемфис, а во минатото имаше просек од 7,5 поени и 6,3 скока.

Марк на тој начин ќе се приклучи на франшизата во која настапуваше неговиот брат Пау Гасол од 2008 до 2014 година и каде беше двапати шампион – во 2009 и 2010 година.

Гасол е четврто засилување за шампионите во најсилната кошаркарска лига во светот, откако претходно во тимот се приклучија Денис Шредер, Весли Метјус и Монтрес Харел.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Спорт

(ВО ЖИВО) Проследете ги утакмиците за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021

Avatar

Објавено пред

на

Групите за предквалификациите за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021 се формирани и веќе се играат утакмиците почнувајќи од 20 часот. Како што веќе најавивме најдобрите четворица продолжуваат во 1/4 финалето кое ќе се одигра во сабота во Арена Еспорт Клубот!

Натпреварите во живо проследете ги ТУКА

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Спорт

Футсал репрезентација: Селекторот Скендеровски го објави списокот на повикани играчи за квалификациските мечеви против БиХ и Романија

Avatar

Објавено пред

на

Селекторот на македонската футсал репрезентација, Васко Скендеровски го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Босна и Херцеговина и Романија од циклусот за пласман на Европско првенство. За пресметката на гостински терен во Зеница (28. јануари) и домашната против Романија (3. февруари), селекторот Скендеровски ќе смета на следните 19 играчи:

ГОЛМАНИ: ПЕТРОВСКИ Антонио (СК Проект Цико), ПЕТРОВСКИ Влатко (Арбен Бајрами), СТОЈАНОВСКИ Иван (Шкупи);

ОДБРАНА: СУЛЕЈМАНИ Реџеп (Шкупи), ИСМАИЛИ Таулант (Арбен Бајрами), ПЕТРОВИЌ Драган (Шкупи), Даниел ДЕ СОУЗА (Славија Прага, Чешка), Џокица Џо АРСОВСКИ (Штутгардер);

НАПАД: КРСТЕВСКИ Иван (СК Проект Цико), ГЛИГОРОВ Александар (Шкупи), ЛЕОВСКИ Игор (Славија Прага, Чешка), МИЦЕВСКИ Адријан (Бетон Бојс, Германија), КОСТАДИНОВ Марјан (СК Проект Цико), РАНГОТОВ Дарко (СК Проект Цико), ТОДОРОВСКИ Мартин (СК Проект Цико), АНДОВ Димче (СК Проект Цико), СЕФЕРИ Еркан (Шкупи), ЈОВАНОВ Јосиф (СК Проект Цико);

– Започнуваме нов квалификациски циклус и ќе се обидеме да оставиме силен впечаток.Се разбира, доколку ни се укаже шанса и да оствариме пласман на континеталниот собир 2022. година.

Македонскиот репрезентативен футсал е на една голема пресвртница и мораме да започнеме со етапна фаза на подмладување на репрезентацијата. Тоа што веројатно требаше да се направи пред две или три години, сега се чини е неизбежност. Имавме две опции, или да се направи инстант решение со натурализирање на неколку Бразилци, како што селекцијата на Романија го реши начинот на смена на генерацијата, или да одиме по потешкиот, но според мене посладок пат, а тоа е да почнеме со вклучување на наши помлади играчи во овој циклус. Го одбравме вториот начин, ќе биде сигурно многу потешко затоа што вклучуваме играчи кои ќе бидат дебитанти и тоа токму на натпревари кои се исклучително важни за пласманот на ЕП.

– За овие први два натпревари повикав двајца дебитанти Костадинов и Јованов, но веќе на следните два натпревари во март против Србија ќе бидат повикани дополнителни двајца дебитанти на местото на некои повозрасни играчи кои долго време се во репрезентацијата. Планоте овие квалификации да ги завршиме со неколкумина дебитанти (6-7) кои ќе бидат силна поддршка на оваа репрезентација во следниот циклус за пласман за СП.

Што однесува до подготовките, ги започнуваме на 23-ти, а веќе првиот натпревар го играме против БиХ на 28- ми овој месец во Зеница. Искрено, нашиот најголем хендикеп е фактот дека ова е нашиот прв собир по пауза од една година. Ситуацијата со корона кризата и неиграњето на баражот со Англија, направи да немаме ниту еден пријателски или официјален натпреавр веќе една година.

Ќе биде навистина многу тешко, посебно на првите два натпревари со оглед на фактот дека кај нас веќе е во полн ек паузата на домашното првенство и многумина од играчите се надвор од натпреварувачка форма.

Играме против две силни репрезентации БиХ и Романија. БиХ е репрезентација која што е исклучително незгоден противник на домашен терен, репрезентација против која се мачеле многу посилини репрезентации од нас. Романија е репрезентација, која како што реков смената на генерациите ја реши со натурализирање на дури четворица Бразилци, па мислам дека љубителите на футсалот имаат престава за каква репрезентација се работи. Но, ќе одиме чекор по чекор, сега интензивно ќе се  подготвуваме за првиот натпревар со БиХ, а па враќањето од Зеница ќе размислуваме за нашиот следен противник Романија, натпревар кој го играме на домашен терен на 3. февруари.

Се надевам дека со сите расположливи сили ќе влеземе во овие два натпревари, освен неиграњето на стандардниот Зибери кој поради проблемите со корона кризата нѐ доби дозвола од неговиот клуб во Италија, изјави селекторот на репрезентацијата, Васко Скендеровски.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Спорт

Болидите на Мерцедес и оваа година во црна „униформа“

Avatar

Објавено пред

на

Мерцедес, во знак на солидарност со антирасистичкото движење, ќе продолжи со црниот финиш на болидот, кој дебитираше минатата година наместо традиционалниот сребрен. Тимските лидери одлучија да продолжат во ист стил и во 2021 година.

Црната боја на болидот ја симболизира борбата против расизмот и почитувањето на различноста, чиј активист е актуелниот шампион, Луис Хамилтон.

Дали Хамилтон ќе вози за Мерцедес оваа година?

Општо е познато дека преговорите меѓу Мерцедес и Хамилтон стигнаа до „ќорсокак“. Постојат два фактори кои очигледно се „заглавени“ – вредноста и времетраењето на договорот.

Додека Хамилтон сака подолг договор, Мерцедес не е подготвен да му даде повеќе од една година, барем засега. Валтери Ботас исто така доби продолжение само за сезоната 2021 година.

Тото Волф, човекот број еден во Мерцедес, сака Британецот да остане во тимот и сè да заврши до почетокот на тестирањето во Бахреин.

„Бевме толку успешни во освојувањето на шампионската титула во изминатите седум години, затоа нема причина да не продолжиме“, рече Волф за иднината на Хамилтон. „Тој е на врвот на својата игра и ќе биде таму уште некое време, така што продолжувањето на соработката е логичен заклучок. За нас шампионатот отсекогаш бил главен приоритет и не сакаме да нè расејуваат тешки дискусии, а тоа е природата на преговорите. Потоа, ковидот се израмни со Луис, што малку го успори, но не бевме загрижени дека сè ќе заврши.

Немаме одредено посебен датум. Порано или подоцна, работата ќе треба да се заврши, најдоцна пред тестирањето во март “.

Секако, останува да се види дали желбата на Хамилтон да добие повеќегодишен договор ќе биде исполнета. Доколку тоа не се случи, Луис би можел да ја пропушти сезоната 2021 година, што ќе му овозможи на помладиот Мерцедес, Џорџ Расел, да добие шанса во сребрените (црни) стрели.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.


Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

СветПред 3 часа

Кина тестира инекција за „продолжување на животот“

Кинески истражувачи тестираат нови средства за деактивирање на генот KAT7, што е клучен фактор во процесот на стареење на клетките....

ХороскопПред 4 часа

Дневен Хороскоп (22.01) петок

ОВЕН Неискреноста во вашата околина станува неподнослива. Не обвинувајте други луѓе затоа што ве лажат само онолку колку што сакате...

СкопјеПред 5 часа

Овие делови од град Скопје ќе бидат со времен прекин на електрична енергија

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа на ден 22.01.2021 година – петок, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини...

БалканПред 6 часа

(ВИДЕО) Страшна сообраќајка во Ваљево, поставените столбови спасија жена и дете на пешачки

На срспките социјални мрежи се појави видео од сообраќајка, каде се гледа жена со дете како чека да ја премине...

ВидеоПред 7 часа

(ВИДЕО) Си крадеше вино во продавница, па вработениот го сецна..

Не престануваат снимките на арамии од секој јавен сектор во светот. Вирално стана видеото во продавница за вино каде крадецот...

АвтомобилиПред 7 часа

(ФОТО) Фудбалерите на Барселона опседнати со Seat Cupra автомобилите

Фудбалерите на Барса Џерард Пике и Серхио Бускетс, Сергино Дест и Миралем Пјаниќ, Френки де Јонг и глобалниот амбасадор на...

МакедонијаПред 10 часа

Денес 356 нови случаи на Ковид-19, за жал дури 15 починале како последица на вирусот

Во последните 24 часа се направени 1906 тестирања, а регистрирани се 356 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 171 -Куманово...

Временска прогнозаПред 11 час

Најава за нови снежни врнежи од понеделник, ова се деталите..

Под влијание на циклонска активност утре и за време на викендот времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес [21.01] четврток

ОВЕН Можеби сте премногу уморни, па ова е вистинската причина за повлекување и предавање на судбината. Работите можат да станат...

СпортПред 1 ден

(ВО ЖИВО) Проследете ги утакмиците за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021

Групите за предквалификациите за eEuro2021 во ProEvolution Soccer 2021 се формирани и веќе се играат утакмиците почнувајќи од 20 часот....

НАЈЧИТАНИ