Lifestyle
+18: Мажите само се фалат, а жените двојно повеќе практикуваат анален секс!
Истражување направено во 2010. година дојде до заклучок дека дури 40% од жените во доба од 20 до 24 години пробале анален секс, што е значаен пораст во однос на резултатите од студија направена во 1992. година, кога тој вид на секс го пробале речиси 16% од жените.
Двојно е зголемен бројот на жените од 20 до 39 години, кои во последната година од истражувањето пробале анален секс.
Новото истражување од компанијата „SKYN Condoms“ од 2017. година, направено со 3.000 сексуално активни миленички, покажува дека аналниот секс го применуваат 36% од жените и 15% од момците. Во превод, секој втор е анално активен.
На оваа бројка допринесува и податокот дека на сајтот „Pornhub“ од 2009. до 2015. година пребарувњето на зборот „анал“ пораснало за дури 120%.
Lifestyle
Растение кое ќе ги растера инсектите од вашиот дом – од молци до смрдливи бубачки
Лавандата ги одбива инсектите во сите форми, од култивирано растение до сушено цвеќе и есенцијално масло.
Лавандата е украсно растение кое нема високи барања поврзани со квалитетот на почвата, а може да послужи и како добро пасиште за пчелите. Неговиот исушен цвет со векови се користи за различни цели, од ароматерапија до готвење, додека есенцијалното масло од лаванда е познато како „мајка на сите есенцијални масла“ и се користи за ублажување на бројни здравствени заболувања, од респираторни проблеми до дигестивни и менструални болки.
Дури и ако не одгледувате лаванда во вашиот двор, веројатно имате вреќичка сушена лаванда или есенцијално масло во вашиот дом, можеби за да ги отстраните непријатните мириси или, почесто, да ги одвратите молците… Но, молците не се единствените животни кои не го поднесуваат мирисот на лаванда. Тие вклучуваат домашни муви, сребрени риби, пајаци, мали змии, мачки, смрди, комарци…
За одредени животни, како што се мачките и малите змии, доволно е да се засади лаванда во аглите на градината или покрај патеката, додека за мувите и комарците би било доволно да се чува на прозорецот. Сепак, најмоќната форма на заштита од штетници е есенцијалното масло од лаванда. Спреј со етерично масло од разредена лаванда може да се нанесе на саканите места, на мрежи против комарци, во близина на прозорци и врати, во плакари, во потемни агли…
Секако, може да се користат и суви цветови, а на стратешки места можете да ставите и природен сапун со мирис на етерично масло од лаванда.
Направете спреј со мирис на лаванда
Еден од најдобрите начини да се користи есенцијално масло за контрола на штетници е да се подготви разреден спреј: добар рецепт е 10 до 15 капки есенцијално масло на литар вода.
За да ги одвратите пајаците, во смесата може да се додаде оцет: измешајте вода и оцет во сооднос 3:1, а потоа додадете 15 капки есенцијално масло. За смрдеа и бубачки, неколку капки масло од цитронела или маточина може да се додадат во есенцијалното масло од лаванда.
Друг метод е да го користите есенцијалното масло директно на памук: пет до седум капки треба да бидат доволни. Во стаклена тегла ставете памучна вата и оставете ја отворена на местото каде што сакате да ги одвратите инсектите. На секои неколку дена освежувајте го памукот со нови капки.
Исто така, неколку капки есенцијално масло од лаванда во водата за плакнење при перење на волнени алишта помагаат во спречување на молци.
/Nova
Lifestyle
Едноставна промена во вашата дневна рутина може значително да влијае на вашиот крвен притисок
Се обидувате да го намалите крвниот притисок? Секој ден седете малку помалку и ќе видите резултати, велат експертите.
Новото истражување сугерира дека седењето помалку може да направи голема разлика кога станува збор за нашето здравје.
Минатиот месец во JAMA Open Network беше објавена студија која опфати 283 постари лица на возраст меѓу 60 и 89 години, кои беа поделени во две групи. Една од нив беше контролата.
Членовите на контролната група беа вклучени во десет состаноци со тренер кој им помогна да си постават цели за поздрав живот. Членовите на втората, таканаречена група за интервенција, добија стоечко биро и монитор што ги потсетуваше да прават паузи за време на продолженото седење.
Се покажа дека интервентната група го намали дневното време поминато во седечка положба за околу 32 минути, додека контролната група немаше промени во количината на седење. Исто така, крвниот притисок на испитаниците од интервентната група беше намален, што покажува дека само 30 минути помалку седење дневно може да го подобри кардиоваскуларното здравје.
Научниците заклучија дека кај популациите со поголем ризик од кардиоваскуларни болести и поврзани здравствени исходи, мали промени во шемите на седење се доволни за да се подобри нивниот крвен притисок.
/Index
Lifestyle
Дали е подобро да се пие топло или ладно кафе?
Сигурно секогаш сте се прашувале дали е поздраво да пиете ладно или топло кафе.
Резултатите од истражувањето покажале кога кафето е поефикасно, а кога посилно делува на организмот.
Постојат неколку начини за подготовка на ладно кафе.
Ладно кафе се прави со ладна вода за да се намали киселоста и има тенденција да биде помалку кисело и понежно за вашиот дигестивен систем.
Според една студија во „Scientific Reports“, топлото кафе има повеќе антиоксиданси од ладното кафе.
PH вредноста на топлото и ладното кафе е речиси иста и се движи од 4,85 до 5,13, поради што се препорачува постудено кафе за оние кои имаат стомачни проблеми, додека во други случаи подобро е да пијат топло кафе.
/B92
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за четврток (18 април)
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево15 часа
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Кичево13 часа
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Хроника17 часа
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
-
Магазин2 дена
Социјалната мрежа X воведува претплата за нови корисници
-
Спорт1 ден
Кралскиот клуб по „пенал рулетот“ обезбеди полуфинале, Начо: „Магична ноќ, за ова се живее“
-
Магазин2 дена
Кинескиот одговор на ChatGPT достигна 200 милиони корисници