Следете не

Кичево

(МЕГА ГАЛЕРИЈА) Фестивал „Мелодија“ – најубавиот детски настан што некогаш му се случил на градот Кичево!

Објавено пред

на

Да токму така драги наши верни читатели, денес на 30.11.2019 сабота со почеток од 18:00 часот за прв пат во организација на Христијан Тришоски, Кристина Цветаноска и Христијан Ѓорѓиевски, со наша медиумски покриеност, колегите од ТВ Сонце и останатите се потрудивме да ви приредиме еден поинаков фестивал каков што нашиот град не памети во ново време. Пристигна Детскиот Фестивал „Мелодија“ за прв пат премиерно.

Програмата беше збогатена со многу анимации, професионално осветлување, забава и шеги од нашите најдобри Михајло Петревски ( кловн ) и Драгана Спасевска ( маскота )

Нашите распеани и разиграни дечиња подготвија една нова фестивалска приказна исполнета со 16 нови детски песни, придружени со хорот на
О.У. „Др Владимир Полежиноски“ и балетски групи кои супериорно настапија на секоја песна со различна кореографија.

Во име на организаторите упатуваме благодарност до сите спонзори кои со својот придонес го збогатија фестивалот, драгите родители за големата поддршка на своите дечиња, огромниот број на гости кои беа присутни, студио „Нота“, „Матра“, „Бистра Роса“, „ДС Саунд“, „Кожувчанка“, „БигБен“, бутик „Каспер“, … како и посебна благодарност до главниот покровител на настанот Општина Кичево и градоначалникот Фатмир Дехари.

Покрај официјалниот видео сет кој ќе биде наскоро достапен од нашите пријатели од „Media Records – Кичево“ со голема чест ви ја претставуваме најголемата мега-галерија која го доловува настанот до најмал детал!

Ви благодариме!
ПОРТА.мк 
©2019

Кичево

„Супра Психолошкиот Центар“ во соработка со кичевската ПЗУ „Супра Медика“ организира бесплатно пријавување на луѓе за поддршка на болни од малигни заболувања

Објавено пред

на

©porta.mk

Супра Психолошки Центар“ во соработка со 🩺 ПЗУ „Супра Медика“ од Кичево, организира бесплатно вклучување на луѓе кои боледуваат од малигни заболувања и членови од нивното потесно семејство.

Г-ѓа Наташа Дамјаноска – Психолог: Поаѓајќи од личното и професионалното искуство стекнав увид во тоа колку е важна поддршката од страна на семејството и блиските во состојба на болест, а посебно кога е во прашање дијагноза канцер. Како што е потребата од поддршка важна за болните, исто така е голема потребата за поддршка и на членовите на семејството. После добивање на дијагнозата кај луѓето се манифестира целокупниот емоционален спектар и тоа не само стравови, гнев, раздразливост, туку и тага. Настануваат значителни промени на психолошко и социјално поле.

Во последниот период заболувањето од канцер се третира многу поуспешно и многу видови канцер се излечливи, но самата асоцијација најчесто е тешка болест и смрт. Една од најважните задачи на овие групни работилници е да им се покаже дека истите не се сами во овој процес, да бидат ислушани, разбрани и поддржани – за нашиот медиум истакна Психолог Дамјаноска

Преку интегрално соопштение до јавноста, ги охрабруваат сите кои сакаат да се приклучат во групата, дека истото можат да го направат со пријавување лично на тел бр. ☎️ 078/313-344

– Имено, да напоменеме кичевската установа 🩺 ПЗУ „Супра Медика“ која се грижи 19 години за здравјето на пациентите, поседува ординации по Општа медицина – два тима на матични лекари, Ординација по интерна медицина, Психолошко советувалиште, а во својата дејност поседува и широка палета на лабораториски анализи во соработка со врвни референтни лаборатории.

Прочитај повеќе...

Кичево

Полициски службеници од ОВР Кичево одржаа едукативни работилници во ООУ „Санде Штерјоски“, на тема „Булинг и сајбер булинг“

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Во понеделникот на 10.02.2025 г. полициски службеници од ОВР Кичево, пред околу 50 ученици од деветто одделение во основното општинско училиште „Санде Штерјоски“ во Кичево, одржаа едукативни работилници на тема „Булинг и сајбер булинг“.

– Целта на работилниците беше, низ проактивен пристап, учениците да се информираат за поимите „булинг“ и „сајбер булинг“ како посебно социо-девијатно однесување, во и надвор од училишната средина.

Притоа учениците, низ призмата на полициското искуство и стручните сознанија за „булингот“ и „сајбер булингот“, имаа можност да се запознаат со облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави кај децата, за последиците што може да се појават во различни форми, како и за начините за благовремено превенирање на ова негативно поведение и спречување на штетните последици од истото, информира СВР Охрид.

Прочитај повеќе...

Кичево

Вечерва тешка сообраќајка се случила кај с.Колибари кичевско, бил прегазен пешак

Објавено пред

на

Пред нешто повеќе од половина час се случила сообраќајна несреќа на регионалниот пат во близина на с.Колибари кичевско, на раскрсницата, каде според очевидците до кои дојдовме до информација, неофицијално бил прегазен пешак жител на истото село од пмв марка Рено со кичевски регистарски ознаки.

– На терен е излезен дежурен Јавен Обвинител, додека Полициски екипи на ОВР Кичево вршат увид. На местото од трагичниот настан веднаш интервенирала Медицинска екипа, но на помош била повикана и екипа на ТППЕ Кичево.

– Обновено инфо: Пешакот починал, додека телото на истиот по наредба на Јавен Обвинител е дадено на обдукција.

Дополнителни информации очекуваме во дневниот билтен за медиуми во текот на денешниот ден од СВР Охрид.

– Полицијата го потврди настанот и излезе со информации за јавноста:

На 11.02.2025 во 23.15 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за село Колибари, кичевско, патничко возило „рено меган“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(66) од село Горно Строгомиште, кичевско, удрило во пешак И.А.(66) од истото село, информираа од полицијата. Од здобиените повреди, пешакот И.А. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршила екипа од ОВР Кичево и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт3 минути

Македонската селекција до 18 години во Скопје ќе одигра два контролни меча против БиХ, Капинковски го истакна списокот на фудбалери

Младата репрезентација на Македонија до 18 година во периодот од 18-ти до 20-ти февруари ќе одигра два контролни натпревари против...

Хороскоп2 часа

Хороскоп за сабота (15 февруари)

ОВЕН Некои планови нагло ќе се променат и ќе бидете приморани да се прилагодувате кон туѓите барања. Можни се помали...

Спорт2 часа

(ВИДЕО) „Дијамантот“ го постигна „деби-голот“ за Торино, маестрален „лоб“, но мечот заврши во полза на домаќините

Македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас со мајсторски лоб удар беше стрелец на поведоносниот гол за Торино, иако мечот заврши во полза...

Автомобили14 часа

Петте најопасни грешки со рачниот менувач кои можат да ви го уништат автомобилот

Рачниот менувач е еден од најважните делови на автомобилот, а неговото откажување може да чини неколку илјади евра. Сепак, многу...

Lifestyle14 часа

Седум работи што не треба да ги чувате во бањата

Иако е практично да ги чуваме работите што ги користиме во бањата токму таму, влажноста и топлината можат да имаат...

Lifestyle14 часа

Што се случува со телото кога не пиете кафе цел месец

Откажувањето од кафето за 30 дена може да има значајни ефекти врз телото и умот, иако за многумина тоа изгледа...

Lifestyle14 часа

Неверојатен лет: Соколица прелета 10.000 километри за 42 дена

Миграциите на птиците долго време ги фасцинираат научниците, но приказната за една соколица опремена со GPS уред ги помести границите...

Магазин15 часа

Google Gemini 2.0 сега достапен за сите

По неколкунеделно тестирање, Google официјално ја пушти во употреба Gemini 2.0, најновата генерација на нивниот чат-бот со вештачка интелигенција. Gemini...

Магазин15 часа

DeepSeek и вештачката интелигенција што го потресе технолошкиот свет

Технолошкиот свет повторно зборува за Кина, но овој пат не поради паметни телефони или електрични автомобили, туку поради вештачката интелигенција....

Магазин15 часа

Овие корисници на YouTube ги очекува непријатно изненадување

Google наскоро ќе започне со тестирање на нова опција во САД, а потоа ќе ја прошири и во други земји....

НАЈЧИТАНИ