Македонија
„Ќе играм на твојата матура сине“ – Ајде сите телефоните во раце за Мери од Кичево, бидете хумани!
Драги наши хумани луѓе, на чекор сме до целта Мери да замине на роботерапија во реномираната Неуро Медик – Клиник, која се наоѓа во Ниш, соседна Србија.
Во секојдневен контакт сме со семејството на Мери и ве известуваме дека уште малку финансиски средства треба да се соберат за исполнување условите за терапија.
АЈДЕ ХУМАНИ ЛУЃЕ, ДА ГО ЗАМЕНИМЕ НАШЕТО КАФЕ СО ЕДНО ДОБРО ДЕЛО, НАШИТЕ 100 ДЕНАРИ ДА ГИ ОДВОИМЕ ЗА МЕРИ И ЗАЕДНИЧКИ ДА И ГО ИСПОЛНИМЕ СОНОТ НА ОВАА ПРЕКРАСНА ЛИЧНОСТ И САМОХРАНА МАЈКА И ДО ГОДИНА НА СИНОТ БЛАГОЈЧЕ ДА МУ ЈА РАЗУБАВИ МАТУРАТА!
ВАШИОТ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК КОН ОВИЕ БРОЕВИ Е 100 ДЕНАРИ и е директна хуманитарна донација! АЈДЕ ТЕЛЕФОНИТЕ ВО РАЦЕ …!
Т-Mobile: 070/143-193
А1: 143-484
… или на трансакциска сметка:
Мери Тошевска – за Донација
Т-ска сметка: 210700000644798
НЛБ Банка АД Скопје
– Ги замолуваме медиумите слободно да ја превземат веста или споделат на своите фан страни и профили со цел побрзо да се соберат потребните финансиски средства за Мери.
Македонија
Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 87,50 ден/лит.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.04.2024 година и со тоа малопродажните цени и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесуваат 76,00 ден/лит.
Македонија
Од предмалку сообраќајот е во прекин кај „Новоселски мост“ превој „Стража“ поради случена сообраќајка
Од 11:00 ч. сообраќајот е во прекин на маг. пат Гостивар-Стража кај „Новоселски мост“ поради случена сообраќајна незгода, известуваат од АМСМ, додека детали за случената сообраќајка до сега немаме.
Македонија
Ќерка повредила мајка: Старица од село во Македонски Брод била повредена од остар предмет
На 01.04.2024 во 19:40 часот во Пoлициската станица Македонски Брод, од Здравствен дом Македонски Брод било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет била донесена 76 – годишна жена од село од Македонски Брод.
Според пријавеното, таа била повредена од нејзината ќерка.
Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (24 април)
-
Хороскоп13 часа
Хороскоп за четврток (25 април)
-
Кичево1 ден
Жена жител на Куманово доживеала сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, се здобила со тешки телесни повреди откако возилото удрило во бетонска преграда
-
Временска прогноза19 часа
Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-
Кичево7 минути
Во сабота по повод празникот на „Лазаревото Воскресение“ (Лазарева Сабота) во Кичево ќе се одржи свечена поворка со традиционални каланди
-
Спорт2 дена
КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал
-
Спорт1 ден
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
-
Свет1 ден
Кина докажа зошто Конгресот сака да го забрани „TikTok“