Македонија
И требаме на Мери која е родена во Кичево, помогнете хумани луѓе, вашите 100 денари значат многу!

Драги кичевчани и сите добронамерни луѓе, нашата добро позната мисија да помагаме на луѓето кои имаат потреба од тоа не застана тука. Нашиот кичевчанец Игор Петрески благодарение на вашата хуманост и сплотеност токму од овој главен проглас успеавме да допреме до секој еден и да го собереме потребниот износ. За денес после изминате денови поминати во IM CLINIC се врати дома и продолжи со 30 дневна физио-терапија за комплетирање на потребните елементи за подобрување на здравјето.
Денес пред нас сме исправени на нов предизвик, да се погрижиме за нашата кичевчанка Мери Тошевска која е родена во Кичево и има 37 години, поради нерешеното станбено прашање, моментално живее во Битола под кирија.
Мери боледува од мултиплекс склероза, така што после третманите во Турција поради финансиската состојба нема можност својата роботерапија да ја продолжи во Неуро Медик – Клиника во Ниш.
„Добивам нега, мобилност и инвалидска пензија. Живеам под кирија со родители и секој месец со крајни сили плаќаме кирија од 100 евра”, вели Мери.
За да ги продолжи терапиите, да може да застане на здрави нозе бидејќи му е потребна на своето синче кое нема среќно детство поради разводот помеѓу своите родители само поради болеста на Мери, потребни се 6000€ за лекување, преку телефонските донации или директно на трансакциска сметка.
Ајде чесен НАРОДЕ, вашите 100 денари некому значат многу, да бидеме ХУМАНИ, и требаме на Мери!!!
Т-Mobile: 070/143-193
А1: 143-484
Мери Тошевска – за Донација
Т-ска сметка: 210700000644798
НЛБ Банка АД Скопје
За Мери е направена и документарна емисија на МРТВ која можете да ја погледнете ТУКА
Со почит до сите добронамерници, луѓе со големо срце!
Видео
Музика од врвот на Илиница

Порта.мк беше дел од снимањето на првиот live set проект кој излезе под продукција на montparnasse.music. Избраната локација, врвот на Илиница, е нивната почетна точка во реализацијата на својата идеја.
Следејќи го примерот на големите аудио и видео продукции кои се занимаваат и со промоција на артисти и промоција на културни и природни добра, екипата на montparnasse.music преку овој проект го прави истиот чекор во овој дел од светот. Во неформален разговор со нив кажуваат дека во целиот процес се впуштиле со цел аудио-визуелно да го презентираат спојот на локалната уметничката сцена со природните и културните обележја на одредена локација, во случајов Кичево – нивниот хабитат. Веруваат дека уметноста и природата се пар кој може да го подобри општото мислење за некое место и совршено да го отсликаат духот на истото. И на тоа продолжуваат да работат.
Во процес е финализирањето на нивниот следен проект – комбинирање на околината на с. Добреноец со селекција на музика на Александар Станкоски.
До тогаш: montparnasse | Aco Sound live set at Ilinica in Kicevo, Macedonia
Автомобили
Ретро снимка од Авторели Крушево и Кичево 1977 година

На каналот Архива Македонија на YouTube е објавено видео од рели трки во Крушево и Кичево во далечната 1977 година.
Емисија за сообраќај и туризам на РТВ Скопје од 26.10.1977 година.
Видео
(ВИДЕО) Тоше Проески во своите детски среќни годинки на „Златно Славејче“ 1992 година

-
Хроника10 часа
Кај кичевското село Вранештица пронајден човечки труп по течението на река Треска – ова се деталите
-
Кичево23 часа
Алфа ТВ: Прв сомнителен случај со „мајмунски сипаници“ жител на град Кичево
-
Хороскоп2 дена
Вторник Хороскоп (9 август)
-
Хороскоп23 часа
Хороскоп за среда [10 август]
-
Кичево2 дена
За денес најавен прекин на електрична енергија во следните кичевски улици и села
-
Култура2 дена
За слобода на денешен ден се војувало на месноста Подуач с.Речани – кичевско, слава им!
-
Временска прогноза7 часа
Услови за појава на невреме, еве какво време нè очекува оваа недела
-
Lifestyle1 ден
Подгответе се, заразните болести ќе се влошат поради климатските промени