Следете не

Спорт

Меси: Уморен сум, ми недостасува ритам во играта

Avatar

Објавено пред

на

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, по победата над Интер во натпреварот од 2. коло од групната фаза од Лигата на шампионите (2:1), призна дека му било напорно да го одигра цел натпревар.

Аргентинецот за прв пат по подолго време одигра цел меч.

– Уморен сум, но мило ми е што за прв пат оваа сезона успеав да ги поминам сите 90 минути. Ми недостасува ритамот на играта, но се радувам на нашата победа. Моравме да победиме на овој натпревар, имаме тешка група. Задачата е да го заземеме првото место, но Интер не е лесно да се победи. Тие скоро не оставаат слободни зони помеѓу линиите.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Спорт

Фудбалерите на ПСЖ ќе добијат златни кутии за „Iphone“ за освојувањето на Лига 1

Avatar

Објавено пред

на

Компанијата „Дизајн голд“, партнер на фудбалскиот клуб Пари Сен-Жермен, најави дека на сите играчи ќе им подели кутија за „Ајфон“ изработена од 24-каратно злато, во чест на победата во францускиот шампионат 2019/20.

Кутиите ги содржат имињата на играчите, нивниот број на дресот и логото на Лига 1.

ПСЖ беше прогласен за шампион пред одигрување на сите натпревари од сезоната, бидејќи првенството е прекината поради коронавирусот.

Парижаните беа во предност, пред второпласираниот Марсеј со 12 бодови.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Вернер ќе го одбие Берн поради Ливерпул

Avatar

Објавено пред

на

Напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер на крајот на сезоната нема да замине во Баерн Минхен. Фудбалерот на германската репрезентација нема да ја продолжи кариера во друг клуб во Бундеслигата.

Вернер има намера да се пресели во Ливерпул за да може да работи со тренерот на „црвените“ Јирген Клоп, објави „Билд“.

Претходно се дозна дека за Вернер се заинтересирани и Барселона, Интер, Јувентус и Манчестер јунајтед.

Во сезоната 2019/20, Вернер постигна 27 голови и оствари 12 асистенции на 36 натпревари за Лајпциг. Неговата вредност на фудбалскиот пазар се проценува на 64 милиони евра.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Спорт

Премиерлигашите го најдоа датумот за рестарт на сезоната

Avatar

Објавено пред

на

Англиските премиерлигаши го поставиле датумот 8 јуни за рестарт на сезоната и последните девет кола да ги доиграат до јули, објави „Би-Би-Си.“.

Според „проектот рестарт“ кој го започнале клубовите, од 18 мај сите ќе може да се вратат на редовни и нормални тренинзи, а потоа за три недели прктично да достигнат одредено добро ниво на физичка подготовка и веќе од почетокот на јуни да продолжат со мечевите во кои главната битка ќе се води за европските места, како и за опстанокот, зашто Ливерпул е на само две победи до верификување на титулата.

Премиерлигата е прекината на 13 март после пандемијата со коронавирус, а за петок е најавен нов состанок, на кој ќе треба да бидат познати сите детали, од протоколот за заштита кој ќе се воведе за да се доигра сезоната, преку стадионите на кои ќе се игра и начинот на кој ќе бидат завршени преостанатите 92 меча.

Во изминатиов период еден куп информации се појавија од тоа дека сезоната ќе се доигра само на Вембли, или пак на тренинг-центарот на ФА и на уште еден стадион во регион во кој има најмала стапка на заразеност од Ковид-19.

Сепак, последен збор има владата на Велика Британија за одредување на датумот во координација со здравствените власти, но Премиерлигата веќе доби поддршка од властите да се подготвува за рестарт на сезоната набрзо. Сепак, ќе има пет мерки кои секој клуб ќе мора да ги исполни, а меѓу нив е и засилено тестирање на Ковид-19.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 2 часа

Вчера три лица од Кичево не го почитувале Полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (24/25..2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и...

ХороскопПред 15 часа

Денешен Хороскоп (25.05) понеделник

ОВЕН Загрижени сте за својата заработка и честопати ви се чини дека некои работи одат во погрешна насока. Ви се...

СветПред 18 часа

(ВИДЕО) На Австралија и се заканува бура и невреме кое не се памети последниве години

На Австралија во наредните часови ѝ се заканува најсилната бура во последните 10 години. Се очекуваат обилни дождови, силни ветрови...

МакедонијаПред 22 часа

Промена на сообраќаен режим: Од утре во следните шест до девет месеци ќе се изведуваат градежни работи Куманово – с. Страцин

Виадукт трејд известува дека на ден 25.05.2020 ќе се започне со изведување на градежни активности при рехабилитација на дел од...

КичевоПред 22 часа

Честитки по повод „Рамазан Бајрам“ од нашите партнери: „Бакарди“ , „РиД Електроника – Тотал ТВ“ , „АТВА Маркети“ и „Акорд Радио“

Преку нашиот медиум, нашите официјални соработници и партнери „Bacardi Lounge Bar“ , „Total TV – РиД Електроника“, „ATVA Marketi“ и...

КичевоПред 1 ден

Ќе се најде решение? Во Кичево и с.Бачишта нападнати од кучиња скитници

На 23.05.2020 година,  во полициската станица Кичево, А.Б.(23) од кичевското село Бачишта, пријави дека во атарот на селото бил нападнат...

ВидеоПред 1 ден

(ВИДЕО) Монструозно лизгање на земјиште уловено на камери

Сè е забелеажно со камера, а глетката дефинитивно ќе ве остави без здив… © Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови...

Здравје и убавинаПред 1 ден

Колку треба да се движиме за да го собориме вишокот килограми?

Губењето килограми не секогаш мора да се состои од исцрпувачкото трчање или поминување на голем број часови во теретана. Пешачењето...

МакедонијаПред 1 ден

Честитки по повод верскиот празник „Рамазан Бајрам“ до сите припадници на исламската вероисповед

Годинава месецот Рамазан за прв пат муслиманите го минуваа на невообичаен начин, поради мерките за заштита од Ковид-19 вирусот кој...

Временска прогнозаПред 2 дена

Толку од сонцето, од денес на пладне пороен дожд и засилен ветер, слично ќе биде до среда

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи....

НАЈЧИТАНИ