Временска прогноза
Метеоаларм: Врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, не се исклучува можноста да падне првиот снег за оваа сезона на високите места
Во текот на ноќта, најпрвин во нашите западни предели ќе има врнежи од дожд кој локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилен јужен и југозападен ветер. Локално ветерот ќе биде СИЛЕН (над 70 км/час).
Во текот на денешниот ден врнежите ќе се прошират насекаде и локално ќе наврне позначително количесто на воден талог (над 30 л/м2). Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во западните предели да провее и првиот снег за оваа сезона.
Максималните дневни температури до утре ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат, и тоа под влијание на значително постудениот воздух кој се спушта се од Атлантикот кон нашите краишта. Истите ќе се искачуваат во интервалот само од 16 до 25 степени во најтоплите предели од државава.
Потоа се до вторник нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност и на серија на влажни воздушни бранови, кои повремено ќе условуваат врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.
До вторник локално се очекува да наврнат и над 50 л/м2 воден талог кој може да услову зголемувањана нивоата на реките и на есерата низ државава. Можно е и излевање на малите реки во државава, особено во западните предели.
Максималните дневни температури и во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Извор: Славчо Попоски / Метеоаларм.мк
Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне во источните делови од Македонија ќе има повремен дожд и услови за грмежи
Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во источните делови ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.
Во главниот град, исто така ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Што се однесува до новонастанатата состојба со времето, што практично тлее невообичаено време за овој период од годината ќе се задржи и во понатамошниот период од месецот.
Временска прогноза
Дожд, облачно и ветровито, на некои места ќе има појава на грмежи
Денес времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м²), особено кон крајот на денот и во текот на ноќта.
Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час), кој истиот наместа ќе се засилува, истакна Управата за хидрометеоролошки работи.
Временска прогноза
Променливо облачно време, пладневните часови проследени со засилен ветер кој ќе создадат услови за краткотраен дожд во западните делови од Македонија
Времето утре ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди преку денот. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец (над 60 км/ч). Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Следните три дена, како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи ќе имаме врнежливо време, проследено со ветер над 60 км/ч. Врнежите од дожд некаде ќе бидат и по обилни.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (19 април)
-
Кичево1 ден
ОУ Д-р „Владимир Полежиноски“ од Кичево оваа недела ќе биде домаќин на гости од Романија и Полска, додека утре ќе се одржи „Safe Spot Festival“
-
Култура14 часа
Кичевчанецот Зоран Стефаноски го претстави својот нов соло проект наречен Fly Above
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Министерот за внатрешни работи Тошковски денес го посети ОВР Кичево, ПО Осломеј и Зајас
-
Балкан4 часа
Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во нејзиниот стан, жалната вест силно одекна во Србија, колегите и блиските се простуваат од неа
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за сабота (20 април)
-
Кичево5 часа
(ВИДЕО) Конечно во етер „Spring Waltz“ на Лука Лазарески од Кичево, големиот виртуоз на пијано за кој допрва времето доаѓа..
-
Хроника2 дена
Вчера во кумановско се случила тешка сообраќајна несреќа, жител од Куманово се здобил со тешки телесни повреди костатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.