Следете не

Живот и стил

Мислите на едно двегодишно дете

Avatar

Објавено пред

на

Американскиот писател и комичар Џејсон Гуд следејќи го својот 2 годишен син, се обидел да сфати за што тој размислува. Прочитајте што сè е „врзано” во главата на едно две годишно детенце.

Сакам да си играм со на тато телефонот! Сакам да ги облечам на мама чевлите. Соблечете ги мамините чевли! Сакам да го отварам и затворам термосот. Сакам да го уклучувам и исклучувам светлото на микробрановата печка. Дали тука има уште некој со чиј телефон не сум си играл? Морам да притискам некои копчињаааа!

Сакам да ја подигнам мачката држејќи ја за врат. Сакам да ги фрлам сите четки за заби во мијалникот. Ужас, гладен сум! Мразам овошје! Сакам да станам од столицата. Сакам да си играм со iPad-от. Сакам надвор. Би ги соблекол панталоните. Не ми се допаѓа маицата која ја носам.

Сакам да си играм со телефонот на мама, морам да притискам некои копчиња!!!

Жеден сум! Не, сепак не е тоа. Супер, тетрапак сок. Сега ќе го притиснам и ќе се полијам. Каде е тато? Каде е мачката? Каде е мама? Мама си отиде засекогаш. Ух, еве ја мама. Сакам да си играм со нејзиниот телефон.

Повторно сум гладен. Нема врска. Соблечете ми ги овие панталони. Не ми ги соблекувајте панталоните. Умирам од глад. Сакам грав, но не знам како да кажам. Конечно грав. Сакам да ги фрлам зрната грав. Зошто овие панталони се сè уште на мене? Ох, некој дојде. Се прашувам дали има телефон.

Уморен сум. Не сум уморен. Сакам да се шетам, но не сакам да излегувам надвор. Не, не сакам да останам внатре. Одма мора да притиснам некое копче. Мразам пелени. Ме чеша окото. Оооо дали е тоа мојот прст? Престанете да се обидувате да ми ги соблечете панталоните! Ги мразам овие панталони.

Уморен сум. Престанете да ме прашувате дали сум уморен. Каде е онаа играчка која вели: Бииип! Сакам да се капам облечен. Пуштете ја мојата омилена песна. Каде е мачката? Што се случува со мојата маица? Дали се слушна куче што лае? Не се обидувајте да ми ја соблечете маицата!

Сакам да го видам кучето. Не, не надвор. Сакам да го видам кучето дома. Дали мојот пенис е сè уште тука? Добро е. Ми се мочка. Досадно ми е.

Одиме од почеток.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Живот и стил

Ова е решението доколку лошо спиете

Avatar

Објавено пред

на

Маската за очи може да го подобри квалитетот на сон, како и да ја продолжи РЕМ фазата од спиењето, велат научниците по истражувањето кое го спроведете американскиот Институт за здравје.

Оваа маска, која може да биде од памук, свила, сатен… на нашиот мозок му дава сигнал дека сме во темница, и дека ни треба хормон потребен за релаксација и сон – мелатонин.

Најважно во врска со маската е тоа што не може да нашетите, нема никакви негативни ефекти, освен доколку не ве затега премногу и е од некој непријатен материјал кој ви пречи, а особено им се препорачува на лицата кои работат ноќе или на оние кои ја промениле временската зона.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Утрински напитоци за поголема енергија преку ден

Avatar

Објавено пред

на

Доматот, краставиците, пиперката или ротквицата одлично ќе се согласуваат со јогуртот, кефирот и зачинските билки. Егзотичните сокови се идеални за појадок, бидејќи на организмот му даваат енергија и виталност и претставуваат брз и сигурен пат до саканата виткост.

Напиток од краставица и киви

Состојки:

– 200 гр краставица

– големо киви

– 2-3 гранчиња естрагон

– сок од три портокали

– лажица лимонов сок

– лажица мед

– сол

Подготовка:

Излупете и исецкајте краставица и киви. Ставете ги во миксер, додадете го сецканиот естрагон, половина количина сок од портокали и лимонов сок. Кратко измиксајте. Додадете го остатокот од сокот од портокал, зачинете со мед и сол, па повторно кратко измешајте.

Јогурт со домати и босилек

Состојки:

– 2 зрели домати

– 8 листови босилек

– 1-2 лажици балзамико оцет

– 300 гр јогурт

– сол

– бибер

– ворчестер сос

Подготовка:

Во миксер ставете ги крупно исецканите домати. Додадете шест листови босилек исецкан на лентички, оцет и пола јогурт, па се добро измешајте. Додадете ја преостанатата половина од јогуртот, солта, биберот и ворчестер, па уште еднаш кратко измешајте.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Живот и стил

Дали знаете што кажува кафето што го пиете за вашиот карактер?

Avatar

Објавено пред

на

Речиси е незамисливо повеќето луѓе да го започнат денот без барем една шолја кафе.

Без разлика дали сакате домашна или инстант варијанта, всушност сè што правиме во животот може да каже нешто за нашата личност.

Истата е приказната со кафето.

Секако, намерата не е навредиме некого, туку да се нашалиме. Сепак, знаете како велат, во секоја шега, малку вистина.

Еве што вели вашето омилено кафе за вашиот карактер:

 

Еспресо

Ова кафе е брзо и лесно, исто како вас. Вие не кружите, но кажувате што мислите и правите како што сакате. Сакате да бидете одговорни и да ги критикувате другите за да ги „отворите очите“. Никогаш не губите време и не им го давате на оние што не ве интересираат, ниту го трошите на кафе и озборувања.

Дупло еспресо

Вие сте тип на личност која размислува логично. Вие сте многу практични, не подлежите на промени во расположението. Вие сте сличен тип како обожавател на еспресо, а со вас овие квалитети се уште поизразени. Вредни сте, имате јасни, концизни идеи и давате најдобро што можете на работа.

Ристрето

Ристрето е всушност скратено еспресо, односно иста количина мелено кафе, но извлечено со поситно мелење со помалку вода. Сепак, како што велат баристите ширум светот, повеќето луѓе не можат да проценат дали добиле еспресо или ристрето, односно не можат јасно да ја утврдат разликата. Затоа се смета дека таквите луѓе се претежно оние кои сакаат да се изразуваат со „фенси“ изрази и се сметаат себеси за исклучително софистицирани лица, иако вистината е далеку од тоа.

Еспресо со млеко

Ако пиете кафе со млеко, може да имате проблеми со донесувањето одлуки. По природа сте опуштени и како резултат, не сте загрижени за претерана анализа на секоја одлука. Всушност, вашата природа е таква што размислувате многу и преферирате вашата фантазија да ги разгледува сите опции на неврзан начин. Бидејќи пиете кафе со млеко, обожавате удобност. Вашето утринско кафе со млеко е само една од оние мали удобности што го прават животот навистина вреден за живеење.

Макијато

Тоа е еспресо со „трошка“ млеко, а оние кои особено уживаат во овој вид кафе се добро организирани, прават сè и постигнуваат на време, се сигурни и лојални. Тие сакаат да дозираат задоволства, но не претеруваат со нив.

Late

Вие сте некој што ужива во удобност, но исто така и некој што сака да им угоди на луѓето. Исто како и вашиот Late, сакате да ја ублажите „горчината на животот“. Вие сте опуштени, сигурни, реални, но имате проблеми со донесувањето одлуки. Уживате во едноставната удобност на животот. Можно е да имате мачка, пишува на порталот Equity Bank.

View this post on Instagram

🥜☕️ Peanut butter and coffee: the most underestimate combo ever!⁣ Try this 𝗣𝗘𝗔𝗡𝗨𝗧 𝗕𝗨𝗧𝗧𝗘𝗥 𝗟𝗔𝗧𝗧𝗘 and you will understand why I’m so scandalized 😆⁣ It’s a great mid-week pick me up!⁣ ⁣ Happy hump day to YOU!⁣ Love, Anita.⁣ ⁣ 𝗥𝗲𝗰𝗶𝗽𝗲⁣⁣ * 1/2 cup (125ml) of your favorite coffee⁣ * 1/2 cup (125ml) plant-based milk of your choice (I used oat milk)⁣⁣ * 1/2 tbsp smooth peanut butter⁣ * 1 tbsp maple syrup⁣ Heat the milk. Add the hot milk, peanut butter and maple syrup to a blender. Blend few minutes until foamy. You can use a milk brother too. Pour the peanut butter milk over your coffee and enjoy! 💫 . . . . #peanutbutter #coffee #coffeemoment #latte #cafelatte #shake #foodphotography #artistsoninstagram #sweetooth #foodbloggerpro #foodblogeats #healthyfood #veganfoodshare #breakfastnbowls #foodporn #healthylifestyle #foodtographyschool #nutbutter #slowliving #metime #plantbased #coffeerecipe #swissfoodblogger

A post shared by Anita | Breakfast & Bowls (@breakfastnbowls) on

Капучино

Ако секогаш одбирате капучино, тоа значи дека сте романтична и оптимистичка личност, од софистицирана природа. Вие сте креативни, имагинативни, сонувачки, малку мистериозни. Проблемот е во тоа што вашите цели се краткорочни, и брзо се откажувате од нив. Честопати сте нереални, не само кога ги анализирате другите, туку имате и погрешна слика за себе.

Ирско кафе

Баристите ширум светот се согласуваат – љубителите на ирското кафе, претежно припаѓаат на „легендите“ кои оставаат големи совети. Тие се гласни, интересни, директни. Сепак, тие знаат како да претераат, а ако претераат малку повеќе со нарачување вакво кафе, можно е да имаат проблем со пиење, според порталот Daily Mail.

Инстант кафе

Ако припаѓате на оние луѓе кои сакаат да го матат Нес или некој друг вид кафе од тој тип, претежно припаѓате на оние кои немаат премногу време или трпеливост да подготват кафе, почекуваат покрај шпоретот додека врие и слично. Од друга страна, се смета дека овој тип на личност не е премногу вреден, но тие се амбициозни и сакаат да ги постигнат своите цели без премногу напор. Тие секогаш играат во тим, тие не се соло играчи, токму затоа што во соло-варијантата, би дошле до израз маните и мрзеливоста. Сепак, тие се сакани во друштво, бидејќи се многу забавни и весели. И што е најважно – тие секогаш имаат време за кафе.

Домашно (турско) кафе

Овие луѓе немаат време за „нес, еспресо и други глупости, бидејќи тоа не е кафе“. И тие знаат – домашно, малку посилна, со или без шеќер, потоа напната. Најмногу од сè, тие сакаат да го „истегнуваат“ тоа утринско кафе, уживаат, па затоа не треба да ги вознемирувате додека не ја завршат првата чаша.
Нема шеги со нив, тие знаат што, кога и каде сакаат, и може да се каже дека се многу одвоени луѓе.

Бело кафе

Дали сè уште сакате бело кафе? Па, може да се каже дека сте големо дете. Од една страна, можно е да се работи за личност која е многу врзана за семејството, а од друга страна, Питер Пан кој не сака да порасне.

Уживате да јадете колачиња со чоколаден кекс со вашето бело кафе или дури да ставите неколку коцки од чоколадо во него. Сè на сè, вие сте многу приемчива личност.

Ладно кафе и фрапучино

Бидејќи кај нас се појавија различни видови кафе, особено со различни додатоци, се истакнаа оние кои прво треба да ги порачаат, да ги испробаат, да ги сликаат.

Во повеќето случаи, овие типови на луѓе продолжуваат со трендовите и сакаат да испробуваат нови работи. Тие често се многу креативни, но можат да бидат и површни.

View this post on Instagram

But first, iced latte! 🥰🥛 Bom diaaaaaa!!!!

A post shared by Karla Keunecke (@karlakeunecke) on

Филтер кафе

Иако овој вид пијалоци со кофеин сè уште не е толку популарен во нашата земја како во Америка, на пример, луѓето кои го започнуваат денот вака припаѓаат на типот на луѓе кои сакаат сè да биде под контрола. Вие сте многу сигурни и лојални и секогаш може да имате доверба. Исто така, никој не зборува лошо за вас и луѓето, поради вашите карактерни црти, навистина ве ценат.

Како и да е, ако имате пријател кој сака да пие фрапучино, нема да ви биде лесно да ги следите неговите ненадејни идеи, но сепак ќе направите нешто од тоа неволно – и верувајте ми, на крајот ќе поминете одлично, пишуваат на порталот marsyly.com.

Извор: Objektiv.rs

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 40 минути

Нема град во нашата држава во кој нема активни случаи на Ковид-19, над 100 во Кичево, вкупно 7,408 случаи, ова е листата по градови..

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, заедно со бројката од потврдените 561 заразени вчера. По градови редоследнот...

ХороскопПред 2 часа

Денешен Хороскоп (26.10) понеделник

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

МакедонијаПред 6 часа

Нови 561 случаи на Ковид-19, починати дури 22 лица

Во последните 24 часа се направени 1901 тестирања, а регистрирани се 561 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 271...

СпортПред 13 часа

Хабиб Нурмагомедов: Победата беше сон на татко ми!

Тоа беше сонот на тато, што повеќе да ви кажам. Џастин и Конор ќе се борат во јануари, но не...

ХороскопПред 1 ден

Хороскоп за денес (25.10) недела

ОВЕН Денес ќе биде вообичаен ден. Бидете повнимателни во сообраќајот. Ќе добиете нова информација во врска со некој правен проблем....

Временска прогнозаПред 1 ден

Од ноќва влажен воздушен бран носи локални врнежи од дожд кои утре ќе бидат застапени на секаде, ова се најновите детали за времето..

Во втората половина од оваа ноќ од северозапад и запад ќе навлезе влажен воздушен бран кој ќе услови повремени локални...

МакедонијаПред 1 ден

Нови 404 случаи на Коронавирус, 14 починати, црниот биланс продолжува..

Во последните 24 часа се направени 1524 тестирања, а регистрирани се 404 нови случаи на ковид-19 во: – Скопје 172...

ВидеоПред 1 ден

(ВИДЕО) Уште е хит видеото каде таткото со свирење пијано го заспива бебето

Сеуште е голем хит видео записот каде таткото го заспива своето синче со пијано музика, доколку не сте го погледнале,...

СлучувањаПред 2 дена

Почина Амди Бајрам

На 64-годишна возраст денеска почина Амди Бајрам. Жалната вест ја потврдија од болницата Жан Митрев, каде веќе бил донесен починат....

МакедонијаПред 2 дена

Рекордно непочитување за носење маски, МВР издаде 983 казни

Во текот на изминатото деноноќие во Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се 983 прекршоци. Министерството...

НАЈЧИТАНИ