Следете не

Здравје и убавина

Многу е важно да се грижите за вашите гради, a овие совети ќе ви бидат многу корисни

Avatar

Објавено пред

на

Грижата за вашите гради ќе има позитивен ефект врз целокупното здравје .

Чувствителноста на градите за време на ПМС може се зголеми. Предменструалните хормонални промени доведуваат до отекување на дојка и хиперсензитивност. Можеби тоа е причината зошто вие избегнувате вежбање во овој период од месецот. Не се откажувајте од вежбање со преземање на аналгетик, како ибупрофен, на првиот знак на болка.

Несоодветен градник може да биде причина за болка во грбот, вратот и рамото. Жените се склони кон проблеми со горниот дел од торзото, доколку градникот не одговара и нивната тежина на градите не е рамномерно распоредена. Но, без оглед колку се големи вашите гради  или мали доколку градникот е премногу мал, може да предизвика лошо држење на телото и потоа болка во грбот.

Различни производи за зголемување на градите може да бидат опасни

Веројатно ги знаете овие реклами, вообичаени на Интернет, за апчиња и лосиони кои наводно се зголемуваат градите. Но, внимавајте: овие производи не се секогаш подложни на контрола, така што не се знае кои се главните состојки и дали ќе влијаат на вашето здравје. Кремите и лосионите не се ништо помалку штетни од апчињата, може да предизвикат чешање и осип.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Здравје и убавина

Природен рецепт против болки во грбот

Avatar

Објавено пред

на

Сакате вашиот р’бет никогаш повеќе да не ве боли? Обидете се со овој природен рецепт, и нема да го препознаете вашиот р’бет. Бидејќи, се она што е брилијантно е всушност многу едноставно и достапно, буквално на дофат на рака, со што многумина од вас ќе се убедат да го користат овој едноставен и ефикасен рецепт за ослободување од болките во грбот, зглобовите и нозете.

Ако сакате да заборавите на болките во р’бетот, секоја вечер, пред спиење, во рок од 1,5 месец треба да јадете:

*1 смоква

*1 сува кајсија

*5 суви сливи

Ова овошје содржи супстанции кои ја индуцираат обновата на ткивата, кои ги составуваат интервертебралните дискови. Тие ги прават посилни и почврсти. Пршлените почнуваат да застануваат на нивните природни места, без надворешна рачна корекција.

Пробајте го и вие, нема да го препознаете својот р’бет!

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Ноќни грчеви на нозете? Еве што да направите

Avatar

Објавено пред

на

Ноќните грчеви во нозете може да ве разбудат од сон со остра болка среде ноќ, а некогаш се јавуваат додека се будите наутро. Овие грчеви се прилично болни и предизвикуваат стегнување на мускулот што може да трае и откако ќе помине болката.

Ноќните грчеви се почести кај возрасни над 50 години, но може да се јават и кај помлади луѓе и кај деца. И мажите и жените се подеднакво засегнати.

Што предизвикува ноќни грчеви во нозете?

Седење подолго време

Интензивен напор

Стоење или работење на бетонски под

Неправилно седење

Што можате да направите да се спречат овие грчеви?

Хидратација: Пијте шест до осум чаши вода секој ден

Нежно ги истегнете ги мускулите на нозете пред спиење

Носете удобни обувки

Опуштете се во топла купка пред спиење.

Не седете со скрстени нозе или стапала

Што да направите кога ќе ве фати грч на ногата?

Силно истегнување на згрчениот мускул е најефикасен начин за ублажување на грчот и болката. Може да се обидете со нежно масирање или лесно одење.

Дали постојат лекови како терапија за ноќните грчеви во нозете?

Пробајте со редовно земање витамински додатоци. Витамин Е или Б комплекс во форма на суплементи може да бидат корисни. Магнезиумот исто така помага многу, особено кај бремени жени.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Ова е најдобриот начин да го зачувате здравјето на својот мозок

Avatar

Објавено пред

на

Здравата исхрана може да има најголема улога во квалитетот на работата на организмот, што како последица на тоа е долг живот – но, истиот треба да биде квалитетен. Еден од честите проблеми што се јавуваат во подоцнежните години е деменција, синдром поврзан со сè полоши когнитивни функции, а околу 850.000 луѓе живеат со симптоми на деменција. Има малку информации за тоа што точно може да го забави развојот на болеста, но новата студија тврди дека за когнитивното здравје може да ви помогне високата конзумација на ореви.

Универзитет од Јужна Австралија откри дека оревите може да ја зајакнат функцијата на мозокот во зрелата возраст. Резултатите објавени во магазинот The Journal of Nutrition, Health and Aging, се врз основа на податоци од 4822 лица над 55 години.

Внесувањето на повеќе од 10 грама ореви дневно, што е околу две кафени лажички, е поврзано со подобра способност за размислување, поврзување и сеќавање. Научниците излегоа со неверојатни резултати со кои когнитивното функционирање може да се подобри за дури 60% поради внесот на ореви.

„Оревите имаат високи количини на здрави масти, протеини и влакна, а може да го намалат холестеролот и да го подобрат когнитивното здравје“, објаснува водечкиот автор др. Минг Ли за „Independent“. „Иако не постои долгорочен лек за намалување на когнитивните вештини со текот на годините, варијациите во исхраната може да завршат со подобри когнитивни резултати“, заклучува тој.

Светската здравствена организација проценува дека околу 47 милиони луѓе во светот живеат со деменција, а до 2030. година оваа бројка ќе се зголеми на 75 милиони.

„Природно е со годините да дојде до промени во поврзаноста, брзината на обработка на информациите и меморијата. Сето тоа е нормален дел од процесот на стареење. Но, возраста е се уште најголем ризик за когнитивните болести “, додава д-р. Ли.

© Порта.мк Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината што се превзема.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

МакедонијаПред 1 час

5 починати и 53 новозаразени од Коронавирус е билансот во нашата држава

Во последниве 24 часа од последици од коронавирусот починаа 5 лица, дознава Алсат. Од нив 1 од Скопје, 2 од...

МагазинПред 15 часа

Во следната епизода на Фчерашни Новости: Како изгледа еден полициски час?!

Фчерашни Новости, на барање на своите фанови, ве носат одблиску на улиците на главниот град, со цел да посведочите како...

Временска прогнозаПред 16 часа

Денес врнежи од дожд, а на повисоките места снег, додека стабилизација може да се очекува во понеделник

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе...

ХороскопПред 18 часа

Хороскоп за денес (04.04) сабота

ОВЕН Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но сѐ уште имате константни...

МакедонијаПред 19 часа

МВР: Викендов поголема контрола за време на Полицискиот час

Утре и задутре повеќе полиција на улиците. Полицискиот час во сабота и недела започнува од 16 часот и трае до...

ВидеоПред 21 час

(ВИДЕО Куче приметило бебенце дека не дише, еве што направи за да го спаси!

Тие не претпоставуваа дека Џук еден ден ќе им врати за целото внимание и љубов. Пред шест години, семејството Брукс...

МакедонијаПред 23 часа

Секоја чест! ЛУКОИЛ Македонија доделува гориво на институциите кои се справуваат со Коронавирусот

Во овие тешки услови од кои сме погодени сите, ЛУКОИЛ Македонија како дел од групацијата ЈАД ЛУКОИЛ, следејќи ги начелата...

КичевоПред 1 ден

„Bacardi Lounge“ со информации за работно време на активната достава до вашата дестинација во Кичево.

Bacardi Lounge Bar – Кичево ги известува своите ценети клиенти дека храна можат да порачуваат на нивниот број 076/599-566, и тоа...

МакедонијаПред 1 ден

Детали од МВР за физички нападната девојка од Штип

Вчера, односно на ден 02.04 Секторот за внатрешни работи Штип презеде мерки и активности при што врз основа ги лиши...

МакедонијаПред 1 ден

11 доктори од кумановската болница се новозаболени од Коронавирус

Единаесет здравствени работници од Општа болница Куманово во изминатото деноноќие биле регистрирани како позитивни на коронавирусот, пишува Телма. Информацијата за ТВ Телма ја...

НАЈЧИТАНИ