Следете не

Без категорија

Дали знаете што значи ако се наежите додека слушате музика?

Објавено пред

на

Додека слушате музика, има ли посебен дел во песната кој прави вашата кожа да се наежи? Можеби ве потсетува на одреден момент од минатото, или можеби се пронаоѓате во текстот?

Ако сте меѓу оние кои ќе се наежат кога ќе слушнат одредена група на акорди во некоја песна, тогаш истражувачите велат дека имате поразличен мозок.

Истражувачите од универзитетот Харвард испитале мала група од 20 студенти, од кои 10 признале дека имале почувствувале ежење додека слушаат музика, а 10 учесници кажале дека сè уште не го искусиле тоа. По испитувањето на мозокот на сите учесниците, Метју Сах, водечки истражувач, открил дека оние што почувствувале ежење додека слушале музика имаат различна структура на мозокот од оние што не го искусиле тоа.

Наодите покажале дека првата група имала погуста количина на влакна што го поврзуваат аудитивниот кортекс (одговорен за слухот) со пределот на мозокот што ги активира емоциите, во споредба со втората група. Ова значи дека ако чувствувате силни емоции кога слушате музика, тогаш имате и многу поинтензивни емоции.

Студијата исто така разгледала различни фактори, како што се пол, етничка припадност, IQ, јазични разлики, музички тренинзи и личност, но резултатите останале исти.

Без категорија

Microsoft ќе ја исклучи поддршката за Windows 10 20H2 во мај

Објавено пред

на

За само неколку недели, на 10 мај 2022 година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за корисниците кои не го ажурираат оперативниот систем Виндоус. Имено, тогаш поддршката за Windows 10, верзија 20H2, ќе престане.

Сепак, треба да се има предвид дека ова не е крај на поддршката за Windows 10 воопшто, бидејќи ќе трае до 2025 година. Со овој потег Microsoft сака само да ги „направи“ корисниците, доколку не сакаат да се надоградат на Windows 11, барем да имаат ажурирана верзија на оперативниот систем Windows 10. Компанијата објави дека по тој датум, на корисниците кои ќе повикаат поддршка за верзијата 20H2 ќе им биде наложено да ја надградат до најновата верзија, 21H2. Инаку, Microsoft од почетокот на оваа година агресивно ги тера корисниците да инсталираат нова верзија на ОС на нивните системи.

Што се однесува до крајот на поддршката, таа ќе се однесува на четири варијанти на Windows 10 20H2 OS, кои беа претставени во октомври 2020 година:

  • Windows 10 Home, version 20H2
  • Windows 10 Pro, version 20H2
  • Windows 10 Pro Education, version 20H2
  • Windows 10 Pro for Workstations, version 20H2

Извор: Betanews

Прочитај повеќе...

Без категорија

Од сега споделувајте видеа директно од YouTube на SnapChat

Објавено пред

на

Корисниците повеќе нема да мора да копираат или на друг начин да се обидуваат да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat.

Сега корисниците на Android и iOS можат директно да споделуваат видеа на YouTube преку Snapchat камера, било на Stories или на поединечни Snaps. Исто така, можно е да се применат креативни слоеви, како што е текстот, додека автоматизираните налепници на Snapchat ќе ги одведат гледачите директно до видеото, било во апликацијата YouTube или во веб-прелистувачот.

Сè што треба да направите е да кликнете на „сподели“ во апликацијата YouTube и да изберете Snapchat кога ќе се појави како опција. Snap истакнува дека ова е прв пат линковите на YouTube да можат визуелно да се споделуваат.

Новата опција ќе биде од посебно значење за оние кои сакаат да споделуваат пократки клипови, а за тоа на YouTube има Shorts кои се соодветни за апликацијата Snapchat.

Прочитај повеќе...

Без категорија

Вечерва во „Куќа на Уметност“ концерт во живо на Ален Хасановиќ

Објавено пред

на

Повторно на ваше барање во „Куќа на Уметноста“ доаѓа Ален Хасановиќ. Сите кои сеуште не го испланирале викендот и вечерта, слободни уште неколку места.

Резервации: 071/321-166

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за вторник (27 септември)

ОВЕН Полни сте со ентузијазам и со многу оптимизам се фокусирате на деловните обврски. Љубовта ви е во мислите но...

Спорт6 часа

Ова се 11-те лавови кои ќе стартуваат на мечот против Бугарија

Предмалку објавени беа 11-те момчиња кои ќе бидат стартери на мечот против Бугарија на „Тодор Проески“. Што се однесува до...

Култура9 часа

Крстовден единствениот празник што започнал да се прославува истовремено со случувањата на самиот настан

Крстовден, или Воздвижението на Чесниот Крст, како празник се јавува со самото пронаоѓање на Светиот и Животворен Христов Крст, којшто...

Свет14 часа

Полицијата во Сан Франциско може да гледа приватни камери за надзор во реално време

Полицијата во Сан Франциско доби засилување во нивните овластувања за надзор оваа недела, откако градскиот одбор на надзорници гласаше да...

Свет14 часа

ФОТО Еруптираше подводен вулкан, НАСА фотографираше нов остров во Тихиот Океан

Само единаесет часа откако вулканот почна да еруптира, нов остров се појави над површината на водата, според НАСА, која сними...

Lifestyle14 часа

Научниците открија колку мравки живеат на Земјата

Се предвидува дека човечката популација во светот ќе надмине 8 милијарди во наредните месеци. Во споредба со мравките, тоа е...

Магазин14 часа

Samsung патентирал препознавање лице со две камери под екранот

Иако новиот патент датира од март 2021 година, Samsung веќе има големо искуство со вакви камери, а серијата Fold веќе...

Магазин14 часа

Сега можете да поништите праќање порака и на iPhone

iMessage за iPhone доби можност за враќање на испраќањето, како и за уредување пораки – еве како можете и вие...

Магазин14 часа

Британската полиција го уапси наводниот хакер на „GTA VI“: Има само 17 години

Според извештаите, тоа е поврзано и со сајбер нападот врз Uber Полицијата во Велика Британија уапсила 17-годишен хакер. Според последните...

Магазин14 часа

Што се случува кога блокирате некого на WhatsApp?

WhatsApp е популарна алтернатива на мејнстрим апликациите за пораки како iMessage и Facebook Messenger, а многумина ја користат услугата како...

НАЈЧИТАНИ