Следете не

Кичево

На бања од Кичево годинава ќе заминат 42 пензионери

Објавено пред

на

Министерството за труд и социјална политика и годинава за најстарите жители од земјава организира бесплатна бањско-климатолошка рекреација во една од бањите во земјава. Годинава бројот на пријавени од општина Кичево изнесуваше 195, а од нив 42 пензионери ќе ја искористат оваа можност, седум дена да престојуваат во Дебарски бањи.

– Четириесет и двајца пензионери од Здружението на пензионери од Кичево, годинава ќе ја искористат можноста за бањско-климатолошка рекреација во траење од седум дена. Пензионерите што ќе ја искористат оваа можност мораа да задоволат повеќе критериуми, а меѓу другите да не ја користеле оваа можност во изминатите десет години и пензијата за ноември 2019 година да не е повисока од 20.000 денари.

Нашите пензионери во една тура, поточно на 21 април, ќе заминат во Дебарски бањи каде бесплатно ќе престојуваат 6 ноќи, ќе имаат обезбеден полн пансион и ќе имаат и еден задолжителен лекарски преглед. За оваа група пензионери обезбеден е и превоз до бањата и назад до Кичево – рече Ристо Попоски од Подрачното одделение на ПИОСМ во Кичево.

Првпат оваа можност пензионерите од земјава ја искористија во 2010 година.

Текст: Зоран Антоски

Кичево

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

Објавено пред

на

porta.mk

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси и такси возила.

Притоа, контролирани се вкупно 101 возило  (Охрид-68, Струга-11, Кичево-15, Дебар-07), од кои кај едно возило во Охрид и едно во Струга, констатирана е техничка неисправност на системот за сопирање.

NПо целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави, истакна портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Објавено пред

на

ФОТО: mcms.mk | Граѓаните против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“ на градскиот плоштад со почеток од 14:00 часот ќе продолжи со караванот со настани насловени Преку глава ми е од корупцијата што се организираат и во Штип, Гостивар и Крива Паланка.

Граѓаните на овие средби ќе имаат можност да се информираат како активно да се вклучат во борбата против корупцијата преку различни активности. На настаните граѓаните ќе можат да разговараат и да се едуцираат за препознавање на злоупотреби и можностите за пријавување на корупција. Покрај претставниците од граѓанските организации МЦМС, ИДСЦС и ЦГК ќе присуствуваат и медиумските партнери од ИРЛ, 360 степени и БИРН Македонија.

За младите ќе бидат организирани отворени дискусии на тема корупција, а дел од нив ќе можат да го проследат форум театарот посветен на истата тема. Медиумските партнери од програмата исто така ќе ги информираат граѓаните за важноста на споделувањето информации и пријавувањето на потенцијалните случаи на корупција со цел да помогнат во медиумските истражувања, додека

Стопанската комора на Македонија ќе организира средби со локалните претставници од приватниот сектор.

/ПР

Прочитај повеќе...

Кичево

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Објавено пред

на

@porta.mk

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда) со почеток од 13 часот во кичевскиот кафе бар Check-In.

На состанокот свое учество ќе земат претставници на локални медиуми, онлајн медиуми (портали), новинари и медиумски работници од Кичево.

Инаку ова ќе биде прва средба на ССНМ и медиумските работници и новинари во Кичево, а ќе се разговара за актуелни случувања и проблеми со кои се соочуваат при извршување на своите работни задачи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево4 часа

МВР: Вкупно 15 кичевски возила-јавни превозници вчера биле пратени на вонреден технички преглед

На 27.03.2024 на подрачјето на СВР Охрид извршена е контрола на возилата кои вршат јавен превоз на патници – автобуси...

Магазин5 часа

Рендерите на Google Pixel 9 откриваат промени во дизајнот на претстојниот телефон

Во новите CAD-слики или рендери, Google Pixel 9 има ново, ревидирано куќиште на камерата што сега има овална форма, без...

Магазин5 часа

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI доаѓа на избрани Galaxy уреди денес

Новото ажурирање One UI 6.1 ја носи револуционерната мобилна вештачка интелигенција Galaxy AI на уште повеќе корисници на уреди Samsung...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за четврток (28 март)

ОВЕН Некој ве иритира со своето однесување и ја нарушува вашата концентрација. Бидете сталожени, не ви е потребен дополнителен проблем....

Кичево20 часа

„Преку глава ми е од корупцијата“: Караванот доаѓа во Кичево, овој петок на градскиот плоштад граѓаните ќе се сретнат со различни активности во борба против корупцијата

Граѓаните против корупцијата во рамките на програмата овој петок на 29-ти март во Кичево потточно пред Музеј на „НОБ Запад“...

Lifestyle1 ден

Дали знаете што значи WC?

Дали некогаш сте застанале да размислите за значењето на буквите „WC“ на знакот за јавен тоалет? Иако е вообичаена глетка...

Кичево1 ден

ССНМ во Кичево организира работен состанок со новинари од локални медиуми

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници организира работен состанок во Кичево кој ќе се одржи на 3-ти април (среда)...

Автомобили1 ден

Гигантот оди во заслужена „пензија“: Audi R8 повеќе нема да се произведува

Во ноември минатата година Audi го прекина производството на моделот ТТ по 26 години и произведени над 660.000 примероци, а...

Магазин1 ден

Драмата продолжува: TikTok под истрага, му се заканува тужба

Американската Федерална трговска комисија (FED) го истражува TikTok за наводно кршење на приватноста и безбедноста на податоците на корисниците. Доколку...

Магазин1 ден

iPhone конечно добива функција која Android ја има веќе 15 години

Иако иконите сè уште ќе бидат ограничени на мрежниот распоред, веќе нема да има автоматско пополнување празни места Во технолошките...

НАЈЧИТАНИ