Македонија
На денешен ден далечната 1943 после сурово измачување убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур – Вечна слава!

На денешен ден, 4 јануари 1943, во Скопскиот затвор, после сурово и нечовечко мачење од страна на бугарските фашисти, се убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур.
Прогонувани од бугарскиот окупатор биле жално мачени во скопскиот затвор, дури со клешти им ги откорнале ноктите, сечеле прстите и им кинеле месо од телата. По повеќедневно ѕверско измачување без судски процес, наjпрво умира Страшо Пинџур, а истиот ден поради тоа што не кажал ниедно име и не предал никого, бугарските фашисти го убиваат и Мирче Ацев. Кога Мирче Ацев бил однесен на погреб во Прилеп, неговите блиски виделе дека му биле откорнати ноктите од прстите, некои прсти му биле исечени, а фашистите дури му кинеле и месо од телото, што предизвикало огромен револт кај Македонците кои дошле на неговиот погреб. Кога виделе колкав е револтот кај Македонскиот народ од погребот на Мирче Ацев, никогаш не го покажале телото на Страшо Пинџур, и до ден денес не се знае неговиот гроб.
Партизанскиот леток во кој беше опишана нивната смрт, откако 5 дена беа ѕверски мачени од фашистите: „Мирче Дончов Ацев и Страхил Пинџуров се мртви. Тие не умреа како што умира секоj смртен човек, ами беа на најѕверски начин мачени и претепани… па после утепани. На колку хиљади чесни Македонци им се дига косата кога ќе го види Мирчета во болничка мртвачница и во Прилеп кога го закопуваа со исечени прсти, со извадени нокти и искинато месо од коските.
Македонските мајки, татковци и сестри виделе ногу свој синови и браќа мачени и утепани, но досега вакви ѕверства и нечовечно мачење немаја видено. Вака не мачеле ни турските јаничари, башибозлуци и крџалии… Додека Пинџурот го скрија да не се гледаат неговите искршени коски, оти поучени од Мирчевиот случај, виде како за резилок стануват во очите на народот…“
Повеќе за нивната историја ќе најдете на официјалните натписи на Wikipedia Линк1 и Линк2
Вечна Слава Херои!
Македонија
Од ноќеска цената на дизел и бензин горивата се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит, известува РКЕ.
Македонија
(ВИДЕО) МВР: Сузбиена меѓународна криминална група инволвирана во фалсификување пари

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави.
Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 година на територијата на Република Македонија и на Република Србија формирана е организирана криминална група, составена од македонски и српски државјани, која имала за цел изработка и пуштање во оптек на фалсификувани пари. Во стан на подрачје на Скопје, по претходно направени специјални машини со гравирани плочи кои имитирале сигурносни знаци на пари, биле изработувани лажни пари во различни апоени. Вака изработените лажни пари организираната криминална група ги пуштала во оптек во платниот промет на Република Македонија и Република Србија, а голем дел од нив завршувале и во платниот промет на Австрија, Германија, Романија, Словенија, Хрватска и Косово.
Во рамки на акцијата на територија на Република Македонија, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес и Прилеп кај правни и физички лица, при што лишени од слобода се 10 лица (девет лица од Скопје и едно лице од Велес). При извршените претреси пронајдени и одземени се предмети и парични средства кои ќе бидат предмет на вештачење и тоа: околу 500.000 евра, 25.000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1.800 израелски шекели, 500 хрватски куни, 10.000 албански леки, 1.000 шведски круни и 25.000 рубљи, CNC машина за изработка на калапи, калапи, жигови и валјаци со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, три пиштоли, една пушка, 100 парчиња куршуми калибар 9 мм, 40 патрони калибар 12 мм, кесе исполнето со бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, повеќе телефонски апарати, СИМ картички, УСБ и лаптопи.
Во рамки на акцијата спроведена во Република Србија лишени од слобода се шест лица, членови на организираната криминална група, при што пронајдени и одземени се околу 153.700 евра.
Активностите ќе продолжат и понатаму во рамки на отворената меѓународна истрага и во текот на денешниот ден од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе биде поднесена кривична пријава против шест македонски и двајца српски државјани.
Македонија
Битолчанец бил измамен, му посредувале за наследство од починато лице кое немало законски наследници

На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за сума од 4.440 американски долари.
Според пријавеното, во ноември 2024 година лицето го контактирало преку социјални мрежи, се претставило дека е од Малта и дека може да му помогне да се стекне со наследство на починато лице од РМ, кое немало законски наследници.
Како што е пријавено, тие комуницирале повеќе од два месеци и во тој период преку брз трансфер на пари оштетениот во неколку наврати ѝ уплатил вкупно 4.440 американски долари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, истакна МВР.
-
Кичево1 ден
(ВИДЕО) Вечерва салата во НУЦК „Кочо Рацин“ беше претесна да ги собере сите кичевчани кои максимално дадоа своја поддршка за лекување на Дејан Огненоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за недела (9 февруари)
-
Здравје и убавина21 час
Ова е еден од најздравите чаеви, го нормализира холестеролот, шеќерот во крвта и го обновува црниот дроб
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за понеделник (10 февруари)
-
Здравје и убавина14 часа
Зошто не треба да го задржувате кивањето во себе, како грда навика
-
Мобилни уреди2 дена
Имате iPhone? Овој вирус се појави прв пат во историјата на мобилниот уред и неговиот оперативен систем „iOS“
-
Скопје2 дена
Дури 570 санкции во главниот град, 150 од нив биле за возење со брзина поголема од дозволената
-
Спорт2 дена
УЕФА претставници со високи очекувања и оценка за судиската организација при ФФМ, визиите и методите за имплементација на „ВАР“ беа презентирани од претседателот Омерагиќ