Следете не

Случувања

На денешен ден (18.08)

Објавено пред

на

Историски настани (18 август)

1201 год.
Основана е летонската престолнина Рига.

1649 год.
– Османлискиот султан Ибрахим беше отстранет и убиен. Него го наследи Мехмед IV.

1708 год.
– Британците ја зедоа Сардинија.

1812 год.
– Наполеон Бонапарта ја победи руската армија во битката кај Смоленск и продолжи да напредува кон Москва.

1868 год.
– Францускиот астроном Пјер Џул Цезар Јансен откри хелиум.

1870 год.
– Во најголемата битка во франко-пруската војна кај Гравелот, Прусите ги поразија Французите и им нанесоа големи загуби (повеќе од 30.000 мртви).

1896 год.
– Франција го окупира Мадагаскар и го прогласи за колонија. Мадагаскар се стекна со независност во 1960 година.

1914 год.
– Германија и објави војна на Русија; Американскиот претседател Вудроу Вилсон ја прогласи неутралноста на САД во Првата светска војна.

1954 год.
– Џејмс Вилкинс стана првиот црн човек во американската историја што учествуваше на седницата на американската влада. Тој присуствуваше на седницата како помошник министер за труд, затоа што министерот и неговиот заменик беа отсутни.

1960 год.
– Првата орална контрацептивна пилула „Еновид 10“ беше ставена на пазарот во Илиноис, САД.

1971 год.
– Војна на Виетнам: Австралија и Нов Зеланд одлучуваат да ги повлечат своите сили од Виетнам.

2000 год.
– Индиско племе за кое се веруваше дека исчезна пред 80 години, се наоѓа во џунглите на амазонската држава Акре во Бразил.

2001 год.
– Претседателот на Пакистан, Первез Мушараф поднесе оставка, поради можноста за отповикување.

Кичево

Арсоска и дечињата преку „Little Eco Footprints“ со низа работилници и работна акција во дворот на „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“

Објавено пред

на

Месецов на ден 04.06 и 05.06.2021 година се реализираа низа работилници и работна акција во дворот на кичевското „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“, како дел од проектот „Little Eco Footprints“ имплементиран од страна на LEAD стипендистката Елена Арсоска од Кичево, додека истиот финансиски поддржан од проектот на „УСАИД“ за граѓанско учество. Едукативната програма беше со тема „Заштита на животната средина, намалување на глобалното затоплување и климатските промени“.

Во текот на работната акција во училишниот двор беа засадени црвени буки, борчиња и повеќегодишни цвеќиња како донација од страна на компаниите „Пакомак“ и „Вардар Доломит“.

Прекрасно е чувството да се сподели една ваква племенита иницијатива инспирирана и имплементирана од млади лидери-кичевчанчиња во нашето општество – на кратко додаде Елена и ветува дека во иднина ќе ги има многу често ваквите акции во најразлични теми.

Во прилог галерија од одржаниот настан:

Прочитај повеќе...

Кичево

Време е за музика: „Куќа на Уметноста“ – Кичево ве кани на одличен музички викенд со Марјан Коцев и Мирослав Мирчески

Објавено пред

на

Реномираниот кичевски комплекс „Куќа на Уметноста“ кој се наоѓа во пазувите на село Кнежино, опкружен со борова шума, поседувајќи го највкусното мени од професионалниот тим, заедно со најразновидниот пијалок од викендов ја започнува својата музичка-агенда.

  • Петок жива свирка со кичевчанецот Мирослав Мирчески и неговиот Бенд

  • Сабота после долго време во Кичево ни доаѓа мега популарниот фолк пејач – Марјан Коцев

Резервирајте го вашиот викенд и бидете дел во една поинаква музичка вечер во организација на „Куќа на Уметноста“.

Поради ограничен број, резервирајте веднаш на еден од броевите: 071/453-626 | 071/321-165 | 070/313-789

Прочитај повеќе...

Балкан

Пронајден и приведен човекот кој пукаше во кафуле, во Чачак соседна Србија

Објавено пред

на

Пипадници на Министерството за внатрешни работи во Чачак со брза и ефикасна акција го уапсија Џ. З. (1984) од Чачак поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела тешка телесна повреда и недозволено производство, држење, носење и трговија со оружје и распрскувачки материи, за медиумите известуваат од тамошното МВР.

Се сомнева дека вчера, по кратка дискусија, испукал неколку куршуми кон нозете на 27-годишен млад човек во близина на кафуле во Чачак, а потоа избегал, пренесуваат од Гласот за Србија.

Полицијата го пронашла и уапсила истата вечер. Повредениот човек е згрижен во болницата во Чачак. Што се однесува до осомничениот веќе бил притворен до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Инаку да потсетиме се работи за настанот со видео записот од сигурносни камери кое вчера кружеше по интернет просторот и видно го вознемири балканот.

Извор: РТВ Србија

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

КичевоПред 17 минути

Арсоска и дечињата преку „Little Eco Footprints“ со низа работилници и работна акција во дворот на „О.У. Кузман Јосифоски-Питу“

Месецов на ден 04.06 и 05.06.2021 година се реализираа низа работилници и работна акција во дворот на кичевското „О.У. Кузман...

КичевоПред 3 часа

Време е за музика: „Куќа на Уметноста“ – Кичево ве кани на одличен музички викенд со Марјан Коцев и Мирослав Мирчески

Реномираниот кичевски комплекс „Куќа на Уметноста“ кој се наоѓа во пазувите на село Кнежино, опкружен со борова шума, поседувајќи го...

БалканПред 9 часа

Пронајден и приведен човекот кој пукаше во кафуле, во Чачак соседна Србија

Пипадници на Министерството за внатрешни работи во Чачак со брза и ефикасна акција го уапсија Џ. З. (1984) од Чачак...

МакедонијаПред 10 часа

МВР со важна информација за личните документи, возачки дозволи и пасоши..

МВР информира дека поради миграција во нов систем,  од 23. 06. 2021 година (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со...

МакедонијаПред 13 часа

Воздухопловен Винг: Од денес до петок ќе се изведува Летачка обука над водените површини од Охридско Езеро

Од Воздухопловниот Винг известуваат дека на крајбрежјето на Охридското Езеро период од денес вторник 22.06 до петок 25.06.2021 година, во...

На денешен денПред 18 часа

На денешен ден – 22 јуни

1533 година – Турскиот султан Сулејман Втори Величествениот потпиша мировен договор со Австрија, по друга неуспешна експедиција во Виена. 1535...

ХороскопПред 20 часа

– Хороскоп за денес (22 јуни) вторник

ОВЕН  Ако можете, искористете ја можноста да патувате или да присуствувате на оние деловни настани што ќе ви помогнат да...

СкопјеПред 23 часа

ЕВН Скопје: Најава за прекин на електрична енергија во следниве скопски реони

Поради зафати на електродистрибутивната мрежа, утре на ден 22.06.2021 година – вторник, ЕВН Скопје ќе работи на терен, така што прекини...

СпортПред 1 ден

(ВИДЕО) Нашата репрезентација оштетена, недосудениот фаул причина за примениот гол во контра на лалињата

Да токму така, Македонската репрезентација е дефинитивно оштетена по недосудениот фаул врз Горан Пандев на работ на шеснаесетникот, по што...

МакедонијаПред 1 ден

Од ноќеска поскап бензин и дизел, ова е новата цена

Регулаторната комисија за енергетика ги одреди новите цени, бензините поскапуваат за еден денар. Поточно, ЕУРОСУПЕР-95 од полноќ ќе чини 69,5...

НАЈЧИТАНИ