Следете не

Lifestyle

Луѓе, на Филип сме му потребни, донор има – потребни се финансии

Објавено пред

на

Пријатели му требаме на Филип!!!
Потребни се 40.000 евра за Филип да може да направи трансплантација на бубрег. Донор е најден, но како, како кога парите се немаат? Како кога животот за Филип е 40.000 евра?
Филип Петрушевски е 20 годишно момче, на кој животот и не му се насмевнал, момче кое детството го поминал повеќе по болници и со лекарства, отколку да се радува и игра со своите другачиња.
Животната приказна за Филип ни ја раскажува неговата мајка, мајка која не замолува да и помогнеме, мајка која моли за своето дете, мајка која се бори за своето дете…

“… Се почна од неговата 6 годишна возраст, слабо јадеше не растеше и крвта постојано му беше слаба. Отидовме на клиника и прво што ни дадоа е да ги провериме хормоните за раст. Резултатите беа во ред. За да се утврди што е причината лежевме во болница за натамошни испитувања и открија дека има проблем со бубрезите при што не префлија на нефрологија за понатамошни испитувања. Се откри дека бубрезите немаат доволно функција и дека за неколку години ќе откажат. Му препишаа терапија и одевме на контроли секој месец… и се така 6 години по ред, додека не му откажаа со дијагноза Хипопластична бубрезна инсфиенција.

Филип не можеше да игра како и сите деца, не можеше да појде со нив заедно на базен, на езеро или пак да се договара со другарите за одомор. Колку и да сакаше да игра со нив не можеше, можеше само да ги гледа и да посака сево ова што побрзо да заврши…

Почнавме со нови испитувања за да најдеме решение и спас за животот. Се испитавме и јас и татко му на Филип. При испитувањето се утврди дека таткото одговара за трансплантација и го оперираа во 2009та година на детска хиругрија. Операцијата ја извшија двајца доктори од Турција и наш доктор за да не одиме ние во Турција.

Бевме пресреќни дека ќе заврши се. Среќни дека Филип ќе започне нов живот, нормален како и на сите други. Операцијата излезе успешна и бубрегот одма проработе и го прими огранизмот…

Филип доби нов живот, почна да јаде, крвта му се поправа, почна да расте, почна да оди на училиште. Желба на Филип беше да има нормален раст како и сите деца. Желба му беше да оди на училиште. Желбата му се исполни. Заврши средно образование, почна да работи како и секој нормален човек. Беше пресреќен….

Но оваа среќа не траеше долго. По 5 години се јавија нови компликации со бубрегот. Отидовме на контрола и ни предложија да се направи диопсија. Резултатите покажаа дека има хронично заболување коне неможе да се излечи. Му препишаа лекарства кои ги користеше три години, но ситуацијата се влошуваше од ден на ден. Крвта повтоно му слабешее, инфекции, слаб имунитет, немаше сила апетит, неможеше да работи, да шета, да се дружи….

После 8 години ја добивме веста дека ќе му откаже бубрегот. Во 2018 година решија да му вградат хеморален катетар на ногата за да почнат со хемодијализа. Филип сето ова многу тешко го поднесе, беше во бесвест, крвареше… Помислив дека го изгубив синот… Болката и стравот за синот беше преголема… Но сепак Господ го спаси…. Состојбата се стабилизираше и Филип продолжи да оди 3-4 часа неделно на дијализа се до ден денес…

Кога почнаа да му се покажуваат компликациите ние почнавме да бараме донатор за трансплатација. Ни предложија вкрстена трансплантација во парови, јас да бидам донор на друг пар со моја крвна група за да може другиот пар да биде донор за Филип со неговата крвна група. Чекавме долго време… Изгубивме и надеж дека ќе се најде донор…

Од ден на ден состојбата на Филип се влошуваше. Вести за донор немаше. И кога помисливме дека е крај, и кога помисливме дека нема спас… ни се јавија и ни кажаа дека најден е донор за трансплантација во парови и дека Филип може да се оперира и да има нормален живот. Бевме пресреќни. Среќни дека сепак ќе успееме.

Но…. дали ќе успее нашата среќа и нашата желба да се исполни… Трансплантацијата на донор треба да се изврши во Турција и чини 40.000 евра. Пари кои ние ги немаме, пари без која не може да се изврши. Треба да се изврши во месец март. Но како? Како да ги собереме овие пари? Како Филип да продолжи да живее???

Ве замолувам како мајка на Филип, Ве замолува и мојот син Филип колку можете да ни помогнете, да донирате на отворените телефонски броеви за донација
143193 – Телеком и
143489 – Вип/Оне
Или пак на жиро сметката со назнака „донација за Филип“ 300007102736281 – Комерцијална банка.

Ви благодариме од се срце”

Натпис на неговата мајка!

Lifestyle

Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?

Објавено пред

на

Времето кога ја вклучувате машината за перење секогаш може да го искористите за извршување други задачи, но и за одмор. Сепак, може да се случи да заборавиме да ја извадиме мократа облека од машината за перење, што често доведува до тоа облеката да добие непријатен мирис.

Добро е да знаете колку долго мократа облека може да остане во машината за перење пред да одлучите да ја извадите и да ја ставите да се исуши. Имено, според експертите од Whirlpool Institute of Fabric Science, но и според Марта Стјуарт, можно е да се остави влажна облека во машината за перење од осум до 12 часа.

Меѓутоа, доколку сакате вашата облека да биде што е можно посвежа, најдобро би било да ја извадите што е можно поскоро. Непријатниот мирис најчесто го предизвикува машината за перење што не е исчистена долго време, па зависи и од тоа колку долго можете да ја чувате мократа облека во неа.

Исто така, типот на детергент или омекнувач што го користите може да предизвика непријатен мирис.

Важно е вашата облека да нема непријатен мирис, не само затоа што ќе ви пречи, туку и поради фактот што овој непријатен мирис е предизвикан од растот на бактерии и мувла.

Затоа, ако сакате да избегнете оставање мокра облека во машината за перење, најдобро е однапред да планирате кога ќе ја извадите облеката.

/N1Info

Прочитај повеќе...

Lifestyle

3 зачини кои можат негативно да влијаат на телото! Често ги користите, а не знаете дека можат да бидат штетни

Објавено пред

на

Солта е една од намирниците со која е важно да се внимава.

Многу луѓе не размислуваат за тоа, но зачините всушност можат да имаат различни ефекти врз вашето здравје. Секако, тоа зависи од количината и начинот на консумирање, па ако е несоодветна, може да доведе дури и до влошување.

Повеќето луѓе ги користат овие три зачини речиси секој ден, а прекумерното консумирање доведува до несакани ефекти.

Лути зачини

Луѓето кои имаат чувствителен стомак или гастроинтестинални заболувања (гастритис) може да имаат дополнителни проблеми како што се иритација, па дури и појава на хемороиди доколку често користат лути зачини.

Сол

Технички гледано, солта не е зачин, туку минерал, но се користи секој ден за зачинување на храната. Нејзиното прекумерно консумирање доведува до разни проблеми како што се ризикот од кардиоваскуларни заболувања и зголемување на крвниот притисок.

Мускатов орев

Многумина не знаат дека оваа храна, во големи количини, всушност може да биде токсична и да предизвика симптоми како што се дезориентација, халуцинации и симптоми слични на мамурлак.

Сепак, треба да се истакне дека иако овие зачини, кога се консумираат во прекумерни количини, можат да имаат негативни ефекти, кога се користат во умерени количини можат да бидат дел од здравата исхрана.

/Informer

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Дали витаминот Д може да го запре процесот на стареење?

Објавено пред

на

Витаминот Д долго време се сметаше за поволен кандидат бидејќи е важен за градење мускули и коски, кои имаат тенденција да ослабуваат или ослабуваат како што старееме. Истражувањата покажуваат дека без доволно витамин Д, се зголемува ризикот од губење на мускулите и падови поврзани со возраста.

Значи, дали земањето додаток на витамин Д може да помогне да се забави тој пад, па дури и да се смени?

Тоа е комплицирано, исто како и самото стареење. Новото истражување на италијанските научници ги разгледа доказите за да го сумира она што го знаеме. Почнувајќи од тоа како изгледа стареењето на биолошко ниво. Знаците на стареење се долга листа на клеточни промени, вклучувајќи пократки теломери, нестабилни гени, молекуларни отпечатоци на нашата ДНК и хронично воспаление.

Но, како што објаснуваат Кармелинда Руџеро, специјалист по геријатрија на Универзитетот во Перуџа во Италија и колегите во нејзината работа, овие знаци се „исклучително сложени и меѓусебно поврзани“ процеси кои не се откриваат толку лесно како општ пад на физичката сила и мобилноста. – првата клиничка карактеристика што обично ја препознаваат лекарите во стареењето.

Со децении, лекарите препорачуваат додатоци на витамин Д за луѓето со остеопороза и да помогнат во спречување на фрактури на коските, бидејќи недостатокот на витамин Д е поврзан со тие состојби.

Ова има смисла бидејќи витаминот Д помага во апсорпцијата на калциум. Иако витаминот Д се наоѓа во одредени видови храна, може да биде тешко да се внесува доволно само од вашата исхрана или ако не се изложувате доволно на сонце. Но, неодамнешните медицински експерименти открија дека додатоците на витамин Д не мора да помагаат во спречување на губење на коските и фрактури поврзани со возраста кај инаку здрави луѓе.

Слично на тоа, Руџиро и неговите колеги ги прегледаа опсервационите студии и медицинските експерименти кои ги истражуваа потенцијалните ефекти на витаминот Д врз биолошките знаци на стареење и заклучија дека доказите се ретки: „Досега, доказите кај луѓето се ретки и главно се потпираат на животински модели“.

Некои студии сугерираат дека витаминот Д може да го забави епигенетското стареење бидејќи луѓето со ниски нивоа на витамин Д се биолошки постари од оние со адекватни нивоа. Дополнувањето на витамин Д, исто така, може да помогне да се намали оштетувањето на ДНК, но се чини дека нема ефект врз должината на теломерите.

Исто така, има многу малку докази за тоа која доза или на која возраст додатоците на витамин Д може да имаат ефект, бидејќи има многу малку студии на луѓе, а наодите се спротивставени.

Некои испитувања сугерираат дека земањето одредена доза на витамин Д би било безбедно за општата популација, но тоа можеби не е точно за секого. Истражувањата покажуваат дека земањето високи дози на витамин Д може да биде штетно. Додатоци на витамин Д, исто така, можат да комуницираат со лекови на рецепт, како што се статините за намалување на холестеролот.

И иако можеби изгледа логично да се компензира ниското ниво на витамин Д, експертите велат дека консумирањето повеќе од витаминот во форма на суплемент не е нужно подобро за здравјето. Ова би можело да ги наведе луѓето да ги занемарат другите работи што можат да ги направат за да го подобрат своето здравје и да живеат подолго, како што се балансирана исхрана или престој на отворено.

„И покрај интересот за суплементација на витамин Д како стратегија за поддршка на човечката долговечност и некои докази за нејзиниот потенцијал во модулирање на знаците на стареење, сè уште сме далеку од точката на трансфер од клупа до кревет“, заклучуваат Руџиро и неговите колеги.

/RSaraevo

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп9 часа

Хороскоп за среда (24 април)

ОВЕН Многу сте незадоволни и загрижени со ситуацијата на финансиско поле. Со своето однесување уште повеќе го поттикнувате партнерот да...

Спорт15 часа

КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на...

Автомобили15 часа

„Cupra“ ја најавува светската премиера на новиот „Cupra Formentor“ и новиот „Cupra Leon“

„CUPRA Formentor“ е најпродаваниот модел и најпродаваниот „A-CUV“ во Европа, на врвот на продажната листа со над 120.000 испораки низ...

Магазин21 час

iPhone 16 може да остане без физички копчиња

Претстојните телефони од серијата iPhone 16 на Apple би можеле целосно да ги заменат физичките копчиња, сугерираат најновите гласини Apple...

Магазин21 час

Meta се затвора во Турција

Од 29 април Meta нема да биде достапна во Турција. Meta планира „привремено“ да се затвори во Турција од 29...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (23 април)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Македонија2 дена

Од ноќеска бензинот со нова покачена цена, дизелот се намалува

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

Lifestyle2 дена

Колку долго можеме да ја чуваме мократа облека во машината за перење?

Времето кога ја вклучувате машината за перење секогаш може да го искористите за извршување други задачи, но и за одмор....

Магазин2 дена

Netflix налути многу корисници со еден потег, но се покажа како одлична одлука

Иако го одложија воведувањето на промени кои нема да им се допаднат на корисниците, сепак на крајот нивниот потег доведе...

Автомобили2 дена

Tesla отпушта повеќе од 10 отсто од својата работна сила

Tesla отпушта илјадници вработени. Со цел да ги намали трошоците и да ја зголеми продуктивноста, Tesla отпушта илјадници работници. Според...

НАЈЧИТАНИ