Следете не

Спорт

На Македонските судии Начевски и Николов им падна честа да го судат финалето на ЕВРО 2020!

Avatar

Објавено пред

на

Македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ја добија честа да го судат финалето на ракометното Европското првенство (ЕП) в недела од 16.30 часот.

ЕХФ уште еднаш ги награди Начевски и Николов за квалитетното судење во досегашните натпревари и поради тоа тие се една од најдобрите судиски двојки во Европа.

Најдобрите македонски судии досега имаат судено едно финале, но тоа беше на Светско првенство за младинци, па ова ќе им биде прво финале во сениорска конкуренција.

Исто така, сигурно Начевски и Николов ќе добијат место и за Олимписките игри во Токио, каде што ќе ја делат правдата на натпреварите.

Спорт

Репрезентација до 15 години: Пораз од Белорусија во првиот натпревар на меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ“

Avatar

Објавено пред

на

Младата репрезентација на Македонија загуби од соодветната селекција на Белорусија во рамките на првиот меч од силниот меѓународен турнир за фудбалери до 15 години што се одржува во Хрватска.

Во еден интересен натпревар, полн со возбудувања, отворена игра  и шест погодоци, избраниците на селекторот Незат Шабани загубија со 4 : 2.

Селекцијата на Белорусија одлично го започна натпреварот, ги искористи своите можности и постигна два гола во почетната фаза од средбата. Стрелци на головите беа Захар Баранок и Раџинов Млаџеџев во 14’ и 21’. Нашите фудбалери ги консолидираа своите редови, и до крајот на првиот дел успеаа да го изедначат резултатот. Најпрвин Максимилијан Димитриевски успеа да го намали резултатот на 2:1 во 24’. На 2:2 израмни Алтин Алиу во 29’.

Во продолжението од средбата, противникот успеа да постигне уште два гола. Во 46’ Руслан Миалковски погоди за предност на Белорусија од 3:2. Раџинов Млаџаџев ги постави конечните 4:2 на средбата, воедно ова беше втор погодок за фудбалерот на Белорусија на денешната средба. Нашите фудбалери можат да жалат за пропуштените прилики кои не ги искористија во второто полувреме.

БЕЛОРУСИЈА – МАКЕДОНИЈА 4 :2

МАКЕДОНИЈА ДО 15 ГОДИНИ: 1. Славе Вргов, 3. Андреј Велков, 4. Кристијан Галевски, 5. Анес Малиќи, 7. Максимилијан Димитриевски, 9. Никола Манојлов, 11. Флакрон Мелиши, 16. Алтин Алиу, 17. Хисар Али, 19. Андреј Величковски, 23. Димитар Порчу;

Селектор: Незат Шабани;

Вториот натпревар од силниот меѓународен турнир „ Влатко Марковиќ “, нашата репрезентација ќе го игра утре против домаќинот, селекцијата на Хрватска во Карловац, со почеток од 12:15.

Прочитај повеќе...

Спорт

Челзи и Манчестер Сити во големото финале, додека Хазард со неговото однесување ја разбрани јавноста од коментари

Avatar

Објавено пред

на

Фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, а Еден Азар ги налути навивачите бидејќи се смееше како ништо да не се случило.

На крајот од натпреварот, Еден срдечно се прости од Курт Зума и Едуардо Менди и им даде „муниција“ на огорчените.

По првиот резултат 1:1, Челзи вчера вечер славеше со 2:0 на вториот, со головите на Тим Вернер во 28. минута и Мејсон Маунт во 86. минута од реваншот на „Стемфорд Бриџ“.

Англичаните беа подобри на теренот со повеќе од два гола разлика, а на Азар изгледа не му пречеше толку многу, па навивачите на Реал го повикаа дека не го почитува клубот.

Белгиецот играше, но тој не придонесе за победата над Реал, до која дојде Азар во 2019 година, по седум години минати во Челзи.

Дел од јавноста ја спореди неговата реакција со реакцијата на Кристијано Роналдо кога беше елиминиран во полуфиналето од Баерн Минхен, па тие изјавија дека Азар е далеку полоша „седмица“ од Португалецот.

ФОТО: printscreen / twitter

Прочитај повеќе...

Спорт

Манчестер Сити е првиот финалист по победата на реваншот против PSG, победникот од вечерашниот меч ќе биде противникот во големото финале

Avatar

Објавено пред

на

Фудбалерите на Манчестер Сити се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, бидејќи и вчера вечер го победија PSG на реваншот. По 2:1 во Париз, тие остварија 2:0 на реваншот во Манчестер, додека стрелец беше Ријад Махрез во 11 и 63 минута.

PSG го заврши натпреварот со играч помалку, бидејќи Анхел Ди Марија беше исклучен во 69. минута. Вториот финалист ќе биде познат по денешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Челзи.

Првиот дуел меѓу двата тима заврши нерешено 1:1.

За информација повеќе, големото финале во Лигата на шампионите ќе се игра на 29 мај во Истанбул.

ФОТО: Manchester City | Facebook

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

ХороскопПред 2 часа

Дневен Хороскоп (7 мај) петок

ОВЕН Разговарајте со оние луѓе кои имаат искуство во нешто поврзано со инвестиции, медицина или право. Информациите што ги собирате...

МакедонијаПред 7 часа

Денешниот биланс регистриран е со 324 нови случаи на Ковид-19, додека 26 лица починале како последица од пандемијата

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.660 тестирања, а...

КичевоПред 10 часа

Изгаснат пожар на нискостеблеста вегетација кон с.Трапчин Дол – кичевско

Вчера на ден 05.05.2021 среда во 11 часот во полициското одделение Зајас, пријавен е пожар во шумски појас во атарот...

LifestyleПред 10 часа

Вселенско истражување: Ракетата Starship успешно слета по четири пробни лансирања

Чекор по чекор, SpaceX напредува во градењето на новата ракета Starship. Најновиот прототип на ракетата под сериски број 15 (SN15)...

СветПред 10 часа

ЕК: До октомври, три лекови против ковид-19

Европската комисија во средата ја објави стратегијата за развој на лекови против ковид-19 што предвидува одобрување на три лекови до...

ХроникаПред 12 часа

Уште еден музичар не успеа да ја изоди најважната битка, почивај во мир Гоце!

Денес не напушти уште еден член од музичкото и инструментално семејство, Гоце Талевски, еден од основачите на групата “Оскар” од...

СпортПред 13 часа

Репрезентација до 15 години: Пораз од Белорусија во првиот натпревар на меѓународниот турнир „Влатко Марковиќ“

Младата репрезентација на Македонија загуби од соодветната селекција на Белорусија во рамките на првиот меч од силниот меѓународен турнир за...

СпортПред 23 часа

Челзи и Манчестер Сити во големото финале, додека Хазард со неговото однесување ја разбрани јавноста од коментари

Фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето на Лигата на шампионите, а Еден Азар ги налути навивачите бидејќи се смееше...

На денешен денПред 23 часа

На денешен ден – 6 мај

1237 – Во манастирот Милешева се погребани моштите на Сава Немањиќ (Свети Сава), првиот српски архиепископ, кој почина на 27...

КултураПред 23 часа

Денеска се слави „Ѓурѓовден“, главен обичај за овој ден е плетење венец од билки, ова се останатите народни и традиционални верувања

Православните верници денес го прославаат светецот Георгиј Победоносец, познат како „Ѓурѓовден“, празникот кој е врзан со најголем број обичаи што...

НАЈЧИТАНИ